Connect with us

Банки

Бизнисменот и член на НО на Комерцијална банка Фатмир Етеми купи 500 акции од банката

Објавено

на

Овој период е одличен за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје, а тоа го потврдува и информацијата дека се поголем е бројот на членови на одборот на директори на Комерцијална банка кои купуваат акции од Банката, а на тоа се надоврзува и податокот дека акционерите ќе добијат по 910 денари бруто износ за една обична акција.

Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, г-н Фатмир Етеми го зголеми својот удел во Комерцијална банка со купување на 500 обични акции.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Фатмир Етеми, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје”, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Согласно пресметките на Банкарство, просечната вредност по акција на Комерцијална банка на ден 23.02.2024 година кога е објавена информацијата, а согласно податоците од Македонска берза изнесувала 16.709,00 денари, што значи дека блок трансакцијата за 500 обични акции изнесувала околу 8,35 милиони денари или приближно 135.000 евра.

Претходно, својот акционерски удел во Комерцијална банка го зголемија и главниот оперативен директор и член на Управниот одбор, г-н Илија Илоски, главниот директор за корпоративно банкарство и член на УО, г-ѓа Билјана Максимовска – Поповиќ, главниот директор за продажба и развој и член на УО, Д-р Никола Џамбазовски, како и г-дин Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката и Генерален менаџер на “Раде Кончар-ТЕП”.

Банки

Културата е важна: Халкбанк ја продолжува посветената поддршка на македонската културна сцена

Објавено

на

Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и музички настани.

Дел од широката листа на настани што во претстојниот период ќе бидат дел од платформата за поддршка „Важна е културата“ се:

  • Ohrid Beach Film Fest, 22–26 јули, Охрид
  • Галичник Филм Фест, 31 јули – 3 август, Галичник
  • Македокс, 20–27 август, Скопје
  • 30 години Фолтин, 29 август, Хераклеја, Битола
  • Ѕирни, филмски и музички фестивал, 28 септември – 5 октомври, Скопје
  • Skopje Vinyl Convention, септември, Скопје
  • Култиватор Фестивал, септември/октомври, Скопје

Како дел од партнерството со овие настани и иницијативи, корисниците на услугите на Халкбанк ќе можат да користат и ексклузивни придобивки, изненадувања и подароци.

„Културата е важна, неопходна и клучна. Кога зборуваме за култура, всушност зборуваме за нишка што ги поврзува луѓето, идеите и вредностите што траат и остануваат. Нашата цел е да ја поддржиме културата и културниот живот во време кога поддршката на иницијативите, настаните и фестивалите е клучна. Оваа наша поддршка не почнува сега, ниту, пак, завршува со оваа платформа. Веќе традиционално, повеќе од пет години
поддржуваме голем дел од овие иницијативи, а добредојдени се и други што имаат потенцијал и на кои им е потребна поддршка“
, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

Со платформата за поддршка „Важна е културата“, Халкбанк ја продолжува својата определба да поддржува проекти што создаваат вредност за заедницата и ја прават културата повидлива и подостапна за сите.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк подарува ваучери за гориво за првите 50 нови онлајн платежни сметки

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје објави промотивна понуда за отворање онлајн платежна сметка.

Првите 50 корисници што ќе отворат сметка преку дигиталниот канал на банката ќе добијат ваучер за гориво во вредност од 1.000 денари.

Од банката ги повикуваат заинтересираните да ја искористат понудата и да ја завршат постапката за отворање сметка онлајн.

Дополнителни информации за условите и начинот на аплицирање се достапни преку официјалните канали на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка нуди кредит за породување до 10.000 евра без камата

Објавено

на

АЛТА банка нуди медицински кредит наменет за покривање на трошоците за породување во болницата „Аџибадем Систина“.

Според објавените услови, граѓаните можат да аплицираат за кредит во износ до 10.000 евра, со каматна стапка од нула проценти и период на отплата до 60 месеци.

Од банката посочуваат дека понудата е наменета да обезбеди поголема финансиска сигурност и полесно планирање на трошоците во еден од најважните моменти за семејствата.

Повеќе информации за условите, начинот на аплицирање и потребната документација се достапни преку официјалните канали на АЛТА банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange