Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка АД Скопје ве мотивира да аплицирате на огласот за работа во експозитурите на Банката, во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:
Банкарски комерцијалист
Вашите работни цели:
- Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
- Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
- Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
- Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
- Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
- Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
- Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на: [email protected], со назнака за: “Банкарски комерцијалист”, најдоцна до 01.03.2024 година
Банки
Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност
„Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот д-р Трајко Славески во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното окружување.
Како главен предизвик го издвои неизвесното геополитичко опкружување и неговото потенцијално влијание врз економијата. Енергетските шокови веќе се одразуваат врз цените, особено кај нафтените деривати, со постепено прелевање и во останатите сектори, што создава ризици за инфлацијата.
Во вакви услови, Народната банка води претпазлива и внимателна монетарна политика, со постојано следење на состојбите и подготвеност за навремена реакција доколку се појават дополнителни инфлациски притисоци или други нарушувања.
Гувернерот посочи дека иако претходно постоеле услови за постепена нормализација, особено со оглед на намалувањето на инфлацијата којашто во февруари се спушти на 2,9%, новите светски ризици наметнуваат повнимателен пристап и будност во водењето на политиките.
Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.
Истовремено, стабилноста на домашната валута и солидното ниво на девизните резерви обезбедуваат дополнителна сигурност и можност за интервенција доколку е потребно.
Банки
Мал гест со големо значење: Вработените во Халкбанк даруваа крв
Во Халкбанк се одржа крводарителска акција организирана од Синдикатот на Банката, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
Вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост, учествувајќи во оваа благородна мисија.



Халкбанк и Црвениот Крст изразуваат искрена благодарност до сите кои дадоа свој придонес, покажувајќи одговорно и хумано однесување кое служи како пример за заедницата.












Банки
Седница на Советот на Народната банка: Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици
Советот на Народната банка на својата редовна седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени за тековната макроекономска состојба во земјата.
Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од почетокот на 2026 година, годишната стапка наинфлација следи надолна патека и во февруари се сведе на 2,9%, во согласност со очекувањата, при посилно забавување на цените кај базичната компонента. Сепак, поради воените случувања и прекинот во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот, очекувањата за дел од увозните цени, пред сѐ за цените на нафтата, се ревидирани поизразено во нагорна насока во однос на октомвриските проекции, што претставува нагорен ризик за инфлацијата во следниот период. Досега се покажа дека домашната економија е главно отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување и во 2025 година забележа забрзан економски раст, што се должи на домашната инвестициска активност, но и на солидниот извоз, а остварувањата се во согласност со проекциите.
Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2026 година засега не се доволни за попрецизни согледувања, имајќи ги предвид само јануарските податоци за индустријата и за прометот во трговијата, коишто засега бележат послаби остварувања на годишна основа. Девизните резерви бележат раст од почетокот годината и се одржуваат на соодветното ниво. Во однос на монетарниот сегмент, растот на депозитите и кредитите, заклучно со февруари, е солиден и е умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.
Советот оцени дека макроекономската состојба засега е стабилна и во согласност со последните проекции, но Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на надворешното окружување и на потенцијалните ризици од светските и регионалните настани, заради одржување на макроекономската стабилност.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја заокружи 2025 со висока профитабилност и конзервативен пристап кон ризиците
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за јануари 2026 година
-
Анализипред 2 месециПрофитот на најголемите македонски банки се броеше во милијарди денари – со колкав профит ја завршија 2025 година водечките три банки?




