Connect with us
no baners

Компании

Вработуваме новинар за банкарство и финансии

Објавено

на

www.bankarstvo.mk, водечка веб страна во областа на банкарство и финансии, е во потрага по иновативен новинар за придружување на нашиот тим. Оваа позиција претставува важен дел од нашата мисија да обезбедиме квалитетни и релевантни финансиски информации за нашата читателска публика.

Обврски и одговорности:
– Истражување, собирање и пишување на квалитетни вести и информации во областа на банкарството и финансиите.
– Креирање на креативни и привлечни текстови, статии и репортажи.
– Поврзување со експерти, банкарски институции и финансиски лидери за обезбедување на релевантни информации.
– Проактивно следење на трендовите во финансиската индустрија и објавување на актуелни содржини.

Квалификации:
– Искуство во новинарството или слична област.
– Знаење и интерес за банкарство, економија и финансии.
– Одлични комуникациски и пишувачки вештини.
– Способност за работа во тимско окружување и способност за соработка со различни оддели.

Предности:
– Познавање на WordPress платформата.
– Искуство во работа со различни медиумски платформи и социјални мрежи.
– Мотивација за постојано учење и усовршување во областа на банкарството и финансиите.

Понуда:
– Работа од дома.
– Флексибилни работни услови и можности за професионален развој.
– Конкурентно платено вработување и додатни бенефиции.

Како да аплицирате:
Сите заинтересирани кандидати може да испратат својата биографија и мотивациско писмо на [email protected]. Молиме вклучете “Апликација за новинар” во насловот на е-поштата.

Вашата пријава треба да вклучува примери од вашите објави како и други релевантни информации кои би сакале да ги споделите.

Рок за аплицирање: 17.01.2024 година.

www.bankarstvo.mk е поддржувач на различни форми на рамноправност во вработувањето. Сите квалификувани кандидати се потенцијални за вработување без разлика на раса, вероисповест, пол, сексуална ориентација, возраст, националност или било која друга карактеристика заштитена со закон.

Со почит,

Тимот на www.bankarstvo.mk

Бизнис

Зајакнување на финансиската едукација: Минт Кредит дел од работилницатана Светска банка и Народната банка

Објавено

на

Минт кредит со учество на работилницата за кампањи за финансиска едукација, која се одржа на 16-ти јуни во организација на Светската банка и Народната банка на Република Северна Македонија.

Учеството на наш претсавник беше од клучно значење за исполнување на целите на нашето финансико друштво, во насока на препознавање на важната улога на финасиската едукација, а во насока накако директни даватели на финансиски услуги за граѓаните.

„Ваквиот тип на настани е посебно важен за нас како финасиски друштва, бидејќи во голема мера ни дава насоки како да го дисеминираме процесот до нашите клиенти. Како директни учесници во финасиските процеси, ние во Минт Кредит, посветуваме големо внимание на финасиската едукација за нашите клиенти, а ова беше одлична можност за запознавање со новите светски трендови како и размена на искуства.“ – изјави Марјан Вучковиќ, маркетинг менаџер.

Работилницата, која ја предводеше Арон Кореневски, експерт за односи со јавност од Канцеларијата за односи со јавност и корпоративни односи на Светската банка во Вашингтон, им овозможи на учесниците да се стекнат со нови знаења и вештини за дизајнирање и имплементација на ефективни кампањи за подигнување на финансиската свест од комуникациска перспектива.

Присуството на претставниците од финансиските друштва, заедно со учесници од централната банка, банкарскиот сектор и невладини организации, овозможи плодна дискусија и размена на искуства за предизвиците и можностите за унапредување на финансиската писменост во земјата.

Нивниот ангажман е од суштинско значење за приближување на комплексните финансиски теми до пошироката јавност.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!

Објавено

на

Флекс Кредит и СОС Детско село на 7 мај, во просториите на Флекс Кредит, го потпишаа договорот за понатамошна соработка. Со тоа, двете организации по трет пат го формализираат своето партнерство, потврдувајќи ја заедничката посветеност на поддршка на децата без родителска грижа и социјалното загрозени семејства.

Оваа година, првиот дел од договорот предвидува финансиска поддршка во износ од 300.000 денари, наменета за директно финансирање на програмските активности на СОС Детско село. Покрај оваа донација, Флекс Кредит останува посветен партнер и преку дополнителни ангажмани и иницијативи кои, иако не се изразени со конкретна финансиска вредност, имаат длабоко и долгорочно влијание врз заедницата.

„Секоја година, ова партнерство станува посилно и поисполнето. За нас во Флекс Кредит, општествената одговорност не е само обврска, туку искрена и долгорочна посветеност кон иднината на децата. Горди сме што СОС Детско село е наш доверлив и посветен партнер“, изјави генералната директорка на Флекс Кредит, Јоана Спасовска.

Соработката помеѓу Флекс Кредит и СОС Детско село претставува пример за одржливо и искрено партнерство меѓу приватниот сектор и граѓанските организации, насочено кон создавање подобри услови за раст и развој на децата во Северна Македонија.

Продолжи со читање

Бизнис

Новите производи се тука! Mint Bonus со нови изненадувања за лојалните клиенти

Објавено

на

Дали знаете дека секоја Ваша активност на Mint App ви носи поени? Не зборуваме само за заштеди и поволности – туку за вистински поени кои можете да ги искористите за некој од производите на Mint Store!

Од технологија, па сè до дресови на омилени спортски клубови, ваучери и корисни додатоци за секојдневието – Mint Bonus е Вашата врата до производи кои вредат!

Како функционира Mint Bonus?

Секоја Ваша интеракција со Mint Credit, Mint Ins, и Mint Travel (сите достапни на едно место преку Mint App), како и P2P.mk Ви носи Mint Coins – поени за лојалност кои ги собирате без никаква дополнителна обврска. Потоа, во Mint Store, тие поени можете даги искористите за некој од многуте достапни производи.

Што сè е достапно на Mint Store?

Технологија за гејмери и љубители на новитети

Забава со стил

Стил и удобност

Авто-додатоци и освежување

Заштитна прекривка за шофершајбна – зима или лето, Вашето возило ќе биде заштитено за само 450 Mint Coins.
Навлажнувач и освежувач на воздух – свежина и комфорт во домот или канцеларијата за 450 Mint Coins.
Освежувач Mint Fintech Group – свежина во вашиот автомобил за 100 Mint Coins.
Ракавица за чистење снег и мраз – бидете спремни за ненајдените врнежи

Спортска опрема

Официјални дресови само за вистинските фанови!

Останати Mint Bonus производи

Ваучери што вредат

Ваучери за практична помош за Вашите инвестиции, патувања и осигурувања.

Mint Credit ваучери:

Mint Ins ваучери:

Mint Travel ваучери:

MINT SN ваучери:

P2P.mk ваучери:

ЈК Травел ваучери:

Не чекајте! Изберете го Вашиот омилен производ денес!

Mint Bonus е повеќе од програма за лојалност – тоа е Вашата мотивирачка сила да штедите, инвестирате, патувате и добивате назад. Влезете во светот на програма за лојалност што Ве почитува како корисник и исполнете го секојдневието со производи кои носат радост!

Разгледајте ги производите на Mint Store и искористете ги Вашите Mint Coins уште денес!

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

no baners