Банки
Игор Величковски, Народна Банка: Банките не смеат да наплатуваат надоместоци за затворање на платежна сметка и платежни картички
Во интервју за Македонско радио, директорот на Дирекцијата за платни системи – Игор Величковски посочи дека во кои ситуации комерцијалните банки не смее да наплатуваат надоместоци за затворање на платежна сметка, дебитни и кредитни картички.
“Не се наплаќаат надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту пак надоместоци за затворање на дебитни или кредитни картички, доколку рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од шест месеци. Банката има обврска веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот или пак, доколку во договорот е предвиден отказен рок, најдоцна во рок од 30 дена.” – вели директорот на Дирекцијата за платни системи, Игор Величковски.
Величковски посочува дека доколку банката им наплати на граѓаните надоместок за затворање на платежната сметка или доколку некоја ставка од тарифниците на банката ги наведе граѓаните на мислење дека им е наплатено за затворање сметка, тие треба да реагираат до банката, бидејќи тоа е без надоместок, исто како и затворањето дебитна или кредитна картичка. „Граѓаните имаат право да поднесат приговор до банката, а потоа и поплака до Народната банка, којашто ќе ја разгледа поплаката и ќе контактира со банката, а потоа соодветно ќе го извести граѓанинот дали приговорот којшто го поднесол е соодветен и ако е, ќе ѝ даде насоки на банката да постапи според приговорот“, посочува директорот.
Величковски понатаму наведува дека со Законот за платежни услуги и платни системи се воведува уште едно системско решение коешто е во прилог на заштитата на правата на потрошувачите, а тоа е концептот на неактивна сметка. „Сите ние отвораме сметки кај банките за различни потреби и по некое време, може да заборавиме дека ја поседуваме таа сметка на која можеби останале парични средства. За првпат, со новата правна рамка се уредува дека доколку граѓаните не ја користеле платежната сметка подолго од две години, или, пак, не оствариле комуникација со давателот на платежните услуги во врска со таа сметка во овој период, банката ќе ја прогласи сметката за неактивна. Доколку станува збор за штедење, бидејќи вообичаено депозитните сметки се на подолг рок, доколку граѓанинот не остварил комуникација со банката во период од 10 години, и таа сметка ќе добие статус на неактивна сметка. Кога банката ќе ја прогласи сметката за неактивна, таа не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, односно паричните средства се заштитени, а банката е должна да пресметува камата на позитивното салдо во согласност со договорот“, истакнува Величковски.
Банки
НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија
НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.
Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.
„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.
Банки
НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите
НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.
Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.
Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.
Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.
Банки
Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност
Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.
Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.
Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.
Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.
Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





