Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата на Банката во Штип.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Почетна основна нето-плата29.202,00 денари

Огласот важи до: 13.10.2023 година

Работни цели и задачи:

  • Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет
  • Понуда на депозитни производи
  • Промоција и продажба на банкарски производи
  • Брз трансфер на пари
  • Менувачко работење
  • Учество во промотивни кампањи

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки
  • Познавање на англиски јазик и MS Office алатки
  • Со или без работно искуство
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност
  • Прецизност во извршување на работните задачи
  • Ориентираност кон потребите на клиентите
  • Адаптибилност во динамична работна средина
  • Комуникациски вештини за работа во тим

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб страната на банката на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx, преку e-mail: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за оперативно работење во Филијала Штип”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Кариера

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Служба за Секретаријат и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Раководител на Служба за Секретаријат
(1 извршител)

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје го проширува својот тим и ја отвора следната работна позиција за амбициозни и мотивирани професионалци:

Банкарски советник
(Експозитура Штип)

Работни цели:

  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
  • Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
  • Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
  • Спроведување на платен промет, картички, кредитирање;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Претходно искуство со работа во Банка ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди, вклучително и ден за роденден;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд)
  • Политика за наградување на високи перформанси и позитивен придонес кон тимот и организацијата
  • Настани и активности за подобрување на благосостојбата на вработените
  • Одбележување на значајни денови и фамилијарни настани
  • Платено отсуство за татковство.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 27.03.2026 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје го проширува својот тим и ја отвора следната работна позиција за амбициозни и мотивирани професионалци:

Банкарски советник
(Експозитура Пробиштип)

Работни цели:

  • Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;
  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
  • Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
  • Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии, како предност ќе се смета економска насока;
  • Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди, вклучително и ден за роденден;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд)
  • Политика за наградување на високи перформанси и позитивен придонес кон тимот и организацијата
  • Настани и активности за подобрување на благосостојбата на вработените
  • Одбележување на значајни денови и фамилијарни настани
  • Платено отсуство за татковство.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 27.03.2026 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange