Connect with us

Банки

Одбери модерна банка која е тука за тебе од самиот старт!

Објавено

на

Доколку сте стартап компанија која влегува на пазарот и има потреба од квалитетна поддршка при управувањето со финансиите, тогаш овој пакет, создаден со карактеристики кои одговараат на уникатните потреби на бизнисите во развој, разликувајќи го од сè друго што моментално е достапно на пазарот, е вистинскиот избор за вас.

Стартап пакетот е дизајниран за сите нови бизниси и го олеснува начинот на кои се управува со финансиите.

Разбирајќи ги предизвиците со кои се соочуваат стартапите, ПроКредит во новиот пакет за стартапи вклучува:

  • 0 ден провизија за одржување на сметка
  • 0 ден платен промет во земјата
  • Личен советник за бизнис клиенти
  • Целосно електронско банкарско работење
  • Автоматизирани приливи од странство со 0 ден провизија за обработка на прилив
  • Најниски и фиксни провизии за промет со странство 
  • Можност за кредитирање по 12 месеци активност на компанијата
  • Кредитна картичка

Личниот советник за бизнис клиенти e главна точка на комуникација со банката што ќе ви овозможи брзо и ефикасно да ги извршувате неопходните операции во банката. Советникот за клиенти нуди поддршка за да осигура дека ќе донесете информирани финансиски одлуки кои ќе доведат до раст и развој на вашиот бизнис.

Една од главните придобивки на стартап пакетот е целосно бесплатно одржување на сметката за првите 2 години од датумот на основање на компанијата. Како корисник на овој пакет ќе може да вршите неограничен број на трансакции во земјата со 0 денари надоместок.

Дополнително со најниски и фиксни провизии за трансакции со странски земји, како и со автоматизирани и бесплатни приливи од странство, ПроКредит Банка го прави меѓународниот бизнис полесен и поисплатлив.

За повеќе информации за Стартап пакетот контактирајте го вашиот иден советник за клиенти: Катерина 071 229 608 или Рената 070 376 969

Запознајте се со пакетите со сет услуги на ПроКредит банка за отворање на сметка. Надоместоците за дополнителни услуги и трансакции се прикажани во Тарифникот на Банката.

Банки

Паричната маса М1 во Македонија зголемена за 11% на крајот на август

Објавено

на

Паричната маса М1 во Северна Македонија достигна 344,5 милијарди денари на крајот на август 2026 година, што претставува раст од околу 11% на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка.

Во истиот период минатата година, паричната маса М1 изнесувала 309,8 милијарди денари.

Изразено во странска валута, вредноста на М1 на крајот на август изнесувала околу 5,6 милијарди евра, односно 6,4 милијарди долари.

М1 е еден од основните показатели за количината на најликвидни пари во економијата и ги опфаќа готовите пари во оптек и средствата на трансакциските сметки кои можат веднаш да се користат за плаќање.

Годишниот раст укажува на зголемување на количината на ликвидни парични средства во домашната економија во споредба со август минатата година.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ го лансира „Pontes“: Парите на централните банки влегуваат во светот на токенизираните средства

Објавено

на

Европскиот финансиски систем направи нов чекор кон поширока примена на дигиталните и токенизираните средства. Евросистемот го лансираше „Pontes“, решение што овозможува трансакциите со токенизирани средства на големопродажниот финансиски пазар да се порамнуваат директно во пари на централната банка.

Станува збор за првата иницијатива во рамки на пошироката стратегија на Евросистемот, чија цел е парите на централните банки да се приспособат на развојот на токенизираните финансии и на сè поголемата примена на технологијата на дистрибуирана книга на податоци – DLT.

Токенизацијата подразбира издавање или претставување финансиски и други средства во форма на дигитални токени, кои најчесто се евидентираат на DLT мрежи.

Од Европската централна банка посочуваат дека „Pontes“ ќе овозможи поврзување на постојните платежни сервиси на Евросистемот со платформи што користат DLT технологија.

„Евросистемот работи на создавање поинтегриран, поиновативен и поотпорен европски финансиски пазар во дигиталната ера“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, додавајќи дека развојот ќе продолжи во соработка со учесниците на финансискиот пазар.

Банките и инфраструктурите на финансискиот пазар постепено ќе се приклучуваат кон системот „Pontes“.

Лансирањето на решението претставува прв конкретен чекор во пошироката стратегија на Евросистемот за развој на инфраструктура што ќе овозможи и трансакциите со токенизирани средства да се порамнуваат со користење пари на централната банка.

Овој модел е значаен бидејќи парите на централната банка се сметаат за најбезбедно средство за конечно порамнување на финансиските трансакции. Со тоа, ЕЦБ настојува да ја задржи оваа улога и во услови на развој на новите дигитални финансиски пазари.

„Pontes“ е дел од поширокиот процес во кој европските монетарни власти ја поврзуваат традиционалната финансиска инфраструктура со новите технологии и пазарите на дигитални средства, при што фокусот останува на финансиската стабилност, сигурноста и ефикасноста на плаќањата.

Продолжи со читање

Банки

Мастеркард и Стопанска банка најавуваат нови решенија за развој на дигиталните плаќања

Објавено

на

Дигиталните плаќања во Македонија продолжуваат да растат, а вредноста на електронските и картичните трансакции се зголемува со побрзо темпо од повлекувањето готовина, што укажува на промена во платежните навики на граѓаните.

Ова го посочува Бартож Циолковски од Мастеркард, говорејќи за новото партнерство со Стопанска банка и потенцијалот за понатамошен развој на дигиталниот платежен екосистем во земјата.

„Тоа претставува јасен показател за структурни промени во навиките и однесувањето на клиентите“, истакнува Циолковски, посочувајќи дека просторот за понатамошен развој останува значителен.

Партнерството меѓу Мастеркард и Стопанска банка е насочено кон унапредување на дигиталните плаќања и подобрување на корисничкото искуство, како и кон воведување нови дигитални решенија.

Следната фаза од дигитализацијата, според Циолковски, ќе подразбира пошироко прифаќање на безготовинските плаќања кај трговците, развој на понапредни дигитални банкарски услуги и дополнително зајакнување на електронската трговија.

Посебен фокус се очекува да има и на малите бизниси и нивното поголемо вклучување во дигиталната економија.

За забрзување на овој процес ќе биде потребна континуирана соработка меѓу банките, трговците, регулаторите и технолошките компании, со цел создавање подостапни, побезбедни и поедноставни дигитални платежни решенија за корисниците.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange