Connect with us
no baners

Банки

НЛБ Банка започна со исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите корисници-пензионери дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, започна од денес (02.10.2023 година – понеделник).

„Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 02.10.2023 година (понеделник) пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед”, се вели во соопштението на Банката.

Исплатата на пензиите на благајна во експозитурите на Банката ќе се одвива по рангови идентични како и исплатата минатиот месец:

  • 02– ри октомври (понеделник) 2023 година, пензии со висина до 14.000 денари
  • 03 – ти октомври (вторник) 2023 година, пензии со висина над 14.001 денари

НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Банки

Патувајте без грижи ова лето со патничко осигурување од Стопанска банка и Кроација осигурување

Објавено

на

Со почетокот на летната сезона и зголемениот број патувања, Стопанска банка АД – Скопје ги потсетува своите клиенти дека можат да патуваат побезгрижно со патничкото осигурување што го нуди во соработка со Кроација осигурување.

Осигурувањето е наменето за сите кои планираат одмор, деловно патување или викенд-посета во странство, обезбедувајќи дополнителна сигурност и заштита за време на престојот надвор од државата.

Од банката велат дека целта е клиентите да се фокусираат на своето патување и уживање, без непотребни грижи околу непредвидени ситуации.

Повеќе информации за условите и покритијата се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Нов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена

Објавено

на

На плоштадот покрај Македонскиот народен театар во Скопје е поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј дизајн е внимателно приспособен на амбиентот и архитектурата на една од најзначајните културни локации во главниот град.

Со својата форма и препознатливите црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и секојдневните банкарски услуги можат да бидат дел од градската културна приказна.

Од банката посочуваат дека идејата е функционалноста да се спои со естетиката, а урбаната инфраструктура да се вклопи во просторот наместо да доминира во него. Новиот банкомат е осмислен така што го почитува духот на локацијата и ненаметливо се интегрира во околината на Македонскиот народен театар.

Ова не е прв ваков проект на Халкбанк. Пред неколку години банката постави банкомат и во центарот на Охрид, изработен во стилот на традиционалната охридска куќа, со цел банкарската инфраструктура да стане дел од локалниот идентитет и градскиот пејзаж.

Со новото решение пред МНТ, банкоматот не е само место за извршување трансакции, туку и дел од визуелниот амбиент на градот, кој на симболичен начин ги поврзува секојдневието и културата.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја збогатува својата понуда на инвестициски услуги, овозможувајќи им на клиентите директен пристап до Истанбулската берза – една од најдинамичните и најбрзорастечки берзи во светот.

Со оваа нова можност, клиентите на Банката добиваат пристап до пазар кој претставува мост меѓу Европа и Азија и кој нуди широк спектар на инвестициски можности, од акции на водечки компании и удели во ЕТФ фондови, до други финансиски инструменти достапни на турскиот пазар на капитал.

Истанбулската берза, официјално позната како Borsa Istanbul (BIST), денес е дом на повеќе од 650 компании од различни индустрии, од банкарство, енергетика и автомобилска индустрија, до воздухопловство, технологија и телекомуникации. Со значителна пазарна капитализација која се мери во стотици милијарди долари и висока ликвидност, таа се вбројува меѓу најатрактивните пазари во развој за инвеститорите ширум светот.

Преку новата услуга на Халкбанк, македонските инвеститори добиваат можност да инвестираат во акции на некои од најпознатите турски и регионални компании.

Дополнителна предност за инвеститорите е можноста за диверзификација на нивните вложувања преку изложеност на различни сектори и компании со значително регионално и меѓународно присуство. Воедно, Истанбулската берза нуди пристап до компании кои бележат континуиран раст и развој, што создава дополнителен потенцијал за остварување принос на долг рок.

„Како банка која постојано ги следи потребите на клиентите и трендовите на финансиските пазари, наша цел е да обезбедиме современи инвестициски решенија и нови можности за раст на капиталот. Пристапот до Истанбулската берза претставува значајно проширување на нашата понуда и дополнителна можност за клиентите кои сакаат да ги диверзифицираат своите инвестиции и да станат дел од успешни компании кои го движат економскиот развој на регионот”, велат од Халкбанк.

За македонските инвеститори, турскиот пазар има и дополнителна предност. Турција е еден од најзначајните економски партнери на земјава, а голем број турски компании и брендови се веќе добро познати на домашниот пазар. Ова создава поголема доверба и придонесува инвеститорите полесно ги препознаат можностите и потенцијалот на компаниите во кои вложуваат.

Тргувањето се одвива преку целосно оптимизиран систем, со професионална поддршка од тимот на Халкбанк, ниски трансакциски трошоци и максимална транспарентност.

Повеќе информации за можностите за инвестирање и условите за тргување заинтересираните клиенти можат да добијат од тимот за брокерски услуги на Халкбанк
или на е-mail: [email protected].

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange