Connect with us
no baners

Банки

НОВО од Комерцијална банка – Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата

Објавено

на

Пакет бесплатни финансиски производи и услуги понуди Комерцијална банка за млади без редовна плата со цел да останат амбициозни, активни и динамични.

Во Пакетот за млади до 30 години кои сè уште не примаат плата ги вклучивме најдобрите производи и дигитални услуги што ги нуди Комерцијална банка и, најважно од сè, им овозможивме да ги користат ЦЕЛОСНО БЕЗ НАДОМЕСТ.

Пакетот вклучува:

  • Платежна сметка во денари и/или во девизи без надомест за отворање и водење
  • Бесплатна дебитна картичка Visa или Mastercard
  • Бесплатно активирање мБанка и Интернет банка
  • Бесплатна активација и користење мТокен
  • Бесплатно користење Google Pay и Garmin Pay
  • Бесплатни безготовински налози за плаќање на факултет
  • Неограничен број интерни плаќања со електронски налози
  • Плати на пријател преку телефонски именик
  • Бесплатна промена на ПИН на дебитна картичка
  • Бесплатна обнова на истечена дебитна картичка
  • Бесплатни три проверки месечно на состојба на сметка преку банкомат

И тоа не е сѐ. НАСКОРО доаѓа и следната бесплатна дигитална услуга – Подели сметка со пријател.

Ова се 14 причини за секој млад човек да стане дел од екипата што добива. Пакетот за млади без плата на Комерцијална банка овозможува секој корисник да го дотера својот финансиски стил и да ужива во слободата на бесплатните финансиски услуги за млади.

За вработени на возраст до 29 години нудиме посебен Пакет производи и дигитални услуги, со кој добиваат многу поволности и можности за задоволување на своите потреби и цели.

Отворањето сметка и активирањето на пакетот може да го направите со барање во која било експозитура на Комерцијална банка.

Доколку платежната сметка се отвора целосно онлајн со OneID, пакетот за млади се активира при подигнување на картичката во избраната експозитура.

Повеќе информации се достапни на следниот ЛИНК.

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 25 мај

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка и Visa со наградна игра: Патување во Disneyland Paris за четири лица

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица.

Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда.

„Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за награда“, велат од Комерцијална банка.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и правилата за наградната игра се достапни на: Комерцијална банка

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба

Објавено

на

Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.

Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.

LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange