Продукти
S-BANKA – отсега со нов, модерен дизајн, достапна и за правни лица, со многубројни функционалности
Шпаркасе Банка АД Скопје, следејќи ги актуелните трендови на пазарот и работејќи во интерес на своите клиенти, со цел да им овозможи непречена мобилност и достапност на широк опсег банкарски услуги, воведе многубројни новитети во својата мобилна апликација S-Banka.
Новата верзија на мобилната апликација S-Banka, со новиот модерен дизајн креиран за подобрено корисничко искуство, има нови функционалности за физички лица, а за првпат е достапна и за правни лица, клиенти на Шпаркасе Банка.
Со цел подобрување на квалитетот на услугите, за физичките лица што се корисници на S-Banka воведуваме:
- Интегриран С-Токен за најава и плаќање на веб
- Можност за најава на веб со push-нотификација
- Можност за плаќање со потврда со push-нотификација
Физичките лица досега имаа пристап до следните банкарски услуги на S-Banka:
- Едноставен начин на плаќање режиски трошоци, интерни трансакции и трансфер на средства кон сите физички и правни лица
- Биометрија (Face ID / Touch ID) при најава во апликација и авторизација на налози
- Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства на Вашиот пријател со сметка во Шпаркасе Банка, само со избор на неговиот контакт во телефонскиот именик
- Подели сметка – лесно делење на вкупниот износ за плаќање со Вашите пријатели со сметки во Шпаркасе Банка и корисници на апликацијата S-Banka, само со избор на нивните контакти од телефонскиот именик
- Pop-up нотификации за сите нови функционалности и унапредувања на решенијата на банката, во функција на клиентите
Правните лица, пак, за првпат добиваат можност за користење на мобилната апликација S-Banka, извршувајќи многубројни банкарски услуги, меѓу кои:
- Биометрија (Face ID / Touch ID) при најава во апликација и авторизација на налози
- Увид во состојбата на сите денарски сметки и бизнис-картички
- Можност за плаќање од денарски сметки каде што корисникот е овластен
- Можност за креирање и снимање налози
- Увид во е-налози и идни налози
- Увид и експорт во PDF на налози и извод за денарска трансакциска сметка
- Лоцирање на најблиските банкомати и експозитури
- Увид во курсна листа
Новата верзија на мобилното банкарство на Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува стратегијата на Банката за дигитализација и модернизација на своите услуги и овозможување врвно корисничко искуство за своите клиенти.
Банки
НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.
НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.
Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите.
Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.
Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.
Осигурување
Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa


