Останато
Огромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”
Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност станува еден од најпрепознатливите регионални бизнис настани. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, неодамна најави конференција која ќе ги помести границите во секторот на е-трговијата и ќе ја внесе домашната е-трговија во новата дигитална ера во која полека, но сигурно, вештачката интелигенција станува клучен дел.
Најавеното концептуално издание на овогодинешната регионална конференција кое ќе се одржи на 14 ноември во Националната опера и Балет, доби одличен одзив како од домашните, така и од компаниите и асоцијациите од цел Балкан кои сакаат да го запознаат македонскиот пазар и кои сакаат да ги понудат своите производи и услуги тука.
“Мило ни е што конференцијата станува своевиден trademark на Скопје кога станува збор за бизнис настани. Добрата организација, квлалитетната програма, информациите, бизнис можностите, соработките, дружењето, познанствата, се работите по кои самата конференција станува препознатлива и поради кои одзивот за неа оваа година е далеку поголем од очекувањата. Картите брзо се распродаваат, а по специјална Early Bird цена се достапни само уште неколку карти. После успешни 5 изданија, наша цел за оваа година е да создадеме настан кој ќе ги натера сите засегнати страни во е-трговијата да размислуваат outside the box и на најдобар начин да ја применуваат современата достапна технологија за да го подобрат својот бизнис и да ги редефинираат своите бизнис деловни стратегии во новата дигитална ера која постојано се менува.“ – вели Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоциjацијата за е-трговија на Македонија, која воедно е и организатор на овој значаен настан.
На овогодинешната конференција, присутните ќе имаат прилика да ги дознаат најновите светски трендови поврзани со развојот на вештачката интелигенција, нејзините неограничени можности кои ги нуди за е-трговијата и за тоа како AI може да им помогне на компаниите во растот и развојот на бизнисот, давајќи им прилика да ги редефинираат и подобрат своите деловни стратегии во новата дигитална ера која постојано се менува.
Покрај својата голема програма, конференцијата ќе биде место кои ќе обезбеди многу можности за создавање на нови, вредни познанства, вмрежување, дружење и разменување на идеи со успешни претприемачи, е-трговци, tech професионалци и
ентузијасти, директори на компании и бизнис претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска.
Помеѓу говорниците кои преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори ќе го пренесат своето знаење, искуство и експертиза ќе бидат и претставници од едни од најголемите светски и регионални компании кои наскоро ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на конференцијата https://ecommerceconference.mk
Новата дигитална ера е тука и го редефинира светот на е-трговијата. „Redefinig E-commerce: A(i) New Era” е настанот на кој ќе се зборува и учи за овој нов свет. Сите детали за конференцијата и за промотивните Early Bird карти сe достапни на: www.ecommerceconference.mk.
Останато
МФ: Нови 2,9 милиони евра за инвестиции на домашните компании
Министерството за финансии префрли нови 176,5 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, од централниот Буџет кон Развојната банка, наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании.
Со најновиот трансфер, вкупната владина поддршка за домашниот приватен сектор достигна 14,7 милијарди денари, или 239 милиони евра. За оваа намена во Буџетот се предвидени вкупно 250 милиони евра.
Средствата се обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, а до компаниите се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки. Целта, според Министерството за финансии, е да се поттикне нов инвестициски циклус во приватниот сектор и да се поддржи економската активност.
Домашните компании можат да ги користат средствата под поволни услови, со каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години.
Останато
УЈП ги подготвува општините и јавните претпријатија за системот е-Фактура
Управата за јавни приходи, во соработка со ЗЕЛС, започна со подготовки на општините и јавните комунални претпријатија за воведувањето на системот е-Фактура. Во рамки на обука организирана за оваа намена учествувале 80 претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија.
На обуката биле претставени главните функционалности на новиот систем, начинот на негово користење, како и обврските и придобивките што ќе произлезат од електронското фактурирање.
Претставниците на УЈП ја презентирале и бесплатната веб-апликација преку која ќе може да се пристапува до е-Фактура, а биле разгледани и практичните аспекти од примената на системот.
Посебен акцент бил ставен на потребите на јавните комунални претпријатија, кои издаваат голем број фактури кон граѓаните. Се разговарало за можностите за масовно испраќање фактури, поврзување на постојните информациски системи со е-Фактура, како и за користење на постојните квалификувани електронски сертификати.
Во пилот-фазата системот може да се тестира на два начина – преку директно поврзување со деловните информациски системи со API-интерфејс или преку веб-апликацијата.
Во моментов се проверуваат функции за креирање, прием, валидација, преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на електронски фактури. Во следната фаза е предвидено тестирањето постепено да се проширува и на останатите процеси и видови документи.
Од УЈП ги повикуваат општините и јавните претпријатија активно да се вклучат во тестирањето и навреме да доставуваат предлози за подобрување на системот.
Според Управата, раното вклучување на локалната самоуправа и јавните претпријатија е важно за успешна примена на е-Фактура, особено поради тоа што комуналните претпријатија се меѓу најголемите издавачи на фактури во јавниот сектор.
УЈП најавува дека ќе продолжи со информативни и едукативни активности за подготовка на сите обврзници, а од воведувањето на е-Фактура се очекуваат побрзи и поефикасни процеси на фактурирање и поголема транспарентност.
Бизнис
Германската индустрија се враќа во игра: Производството повторно расте и ги надмина очекувањата на пазарот
Германската индустрија забележа подобри резултати од очекувањата во јуни, што претставува дополнителен сигнал за стабилизирање на најголемата европска економија во вториот квартал од годинава.
Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика, индустриското производство во јуни пораснало за 0,2% на месечно ниво, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа раст од 0,1%. Истовремено, индустриските нарачки се зголемиле за 3,1%, иако растот главно се должи на неколку големи поединечни нарачки.
Позитивни сигнали пристигнаа и од надворешната трговија. Германскиот извоз во јуни се зголемил за 0,9% во однос на претходниот месец, значително над очекувањата од 0,2%, додека увозот пораснал за 4,4%.
Во првата половина од 2026 година, Германија извезувала 3,7% повеќе стоки во споредба со истиот период лани, а увозот е повисок за 4,4%. Извозот кон земјите членки на Европската Унија пораснал за 1,3%, додека испораките кон земјите надвор од ЕУ се зголемиле за 0,3%. Наспроти тоа, извозот кон САД бележи значителен пад од 14,2% на месечно ниво.
Податоците укажуваат дека германската индустрија постепено закрепнува, иако аналитичарите предупредуваат дека одржливоста на растот ќе зависи од идната побарувачка и глобалните економски услови.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 1 месецИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули



