Банки
УНИБанка АД Скопје ќе исплати полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од втората емисија

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ги известува своите клиенти и инвеститори дека ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 5% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.
Исплатата на камата ќе се изврши на 30.08.2023 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 29.08.2023 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 25 и 29 Август 2023 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 178 и 182 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 30 и 31 Август 2023 ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 30 и 31 Август 2023 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.
Банки
Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

„Економијата постепено закрепнува од шоковите, а нивото на доход изнесува околу 42% од европското. За побрза доходовна конвергенција и за намалување на овој јаз важни се структурните реформи со кои ќе се зголеми потенцијалот за раст којшто во изминативе две декади во регионот на Западен Балкан, вклучително и во нашата економија, е речиси преполовен. А потенцијалот за раст може да се зголеми само преку вложување во човечки капитал, каде што значаен предизвик е емиграцијата, преку вложување во физичкиот капитал којшто во моментов изнесува околу 30% од европскиот просек и преку зголемување на продуктивноста којашто е околу 50% од европската.“ Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на Конференцијата во организација на Канцеларијата на Светската банка на којашто беше презентирана студијата „Кон повисоки достигнувања: Патот до повисок доход во Европа и Централна Азија“.
„Во однос на физичкиот капитал, за да се зголеми нивото на приватниот и јавниот капитал, важно е да се засилат домашните, а уште повеќе странските инвестиции, што ќе обезбеди не само нов капитал, туку и нови знаења, менаџерски вештини, напредна технологија. Во овој контекст, добро е што се засилува јавниот инфраструктурен циклус и што значително забрзуваат странските директни инвестиции коишто минатата година достигнаа едно од историски највисоките нивоа (7,1% од БДП) и покрај зголемените геополитички тензии и трговски препреки“, истакна гувернерката.

За зголемување на продуктивноста особено е важно во фокусот да се стават иновациите и технолошкиот развој. Во овој контекст и согласно надлежностите, Народната банка постојано презема чекори за иновации во финансискиот сектор. „Во изминатиов период создадовме Центар за иновации којшто поддржува компании подготвени да вложуваат во иновативни финансиски активности. Беше донесена Првата национална стратегија за финтек и беше подготвена регулативната рамка за извршување на плаќањата, што ни го отвори патот кон членството во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Тоа ќе овозможи голем број придобивки за нашата економија, вклучително и поиновативни бизнис-модели и конкуренција во финансиската индустрија“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, нагласувајќи и дека примената на дигиталните технологии има потенцијал да ја зголеми продуктивноста и да ублажи дел од структурните пречки за економскиот раст.
На Конференцијата се обратија и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи и Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во земјава, главниот економист на Светската банка за регионот на Европа и Централна Азија, Иваjло Изворски, а на панел-дискусијата на којашто учествуваше гувернерката Ангеловска-Бежоска се обрати Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, како и Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори.
Банки
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во својата завршна изјава по редовната мисија согласно член IV, оцени дека Народната банка ефективно се справи со серија економски шокови, обезбедувајќи намалување на инфлацијата, стабилен девизен курс и сигурен финансиски систем. Народната банка, според ММФ, соодветно пристапи и кон постепено и внимателно олабавување на монетарната политика, следејќи ги економските услови и анализи.
ММФ препорачува Народната банка да продолжи со претпазливата монетарна политика сѐ додека не се потврди постојан и одржлив пад на инфлацијата. Доколку некои од домашните ризици се остварат, се посочува дека Народната банка треба да е подготвена за повторно затегнување на монетарната политика, вклучително и преку управување со ликвидноста со расположливите инструменти, како што е задолжителната резерва.
Во областа на финансиската стабилност, ММФ позитивно го оценува воведувањето на макропрудентните мерки како што се ограничувањата на односот заем ‒ вредност и долг ‒ доход, коишто веќе придонесуваат за намалување на ризиците на пазарот на недвижности и за заштита од прекумерно задолжување. Поддржано е и постепеното зголемување на контрацикличниот заштитен слој на капиталот на банките и дополнителните капитални барања, со цел да се зголеми отпорноста на банкарскиот систем, а во согласност и со европската регулатива.
ММФ ја нагласува огромната важност на зачувувањето на независноста на централната банка, како основа за стабилност на цените, девизниот курс и финансискиот систем.
Народната банка и натаму ќе биде целосно посветена на својата мисија – одржување на ценовната и финансиската стабилност и поддршка на долгорочната економска отпорност.
Банки
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите

Со цел унапредување на корисничкото искуство и поголема достапност на своите услуги, Халкбанк АД Скопје на 5 мај 2025 година официјално ја отвори својата нова, модерна експозитура во трговскиот центар Diamond Mall, во срцето на главниот град.
Новата филијала на Халкбанк нуди широк спектар на банкарски услуги од депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет, до дополнителна консултативна поддршка во пријатна и функционално уредена средина. Со оваа инвестиција, банката ја продолжува својата стратегија за проширување на физичкото присуство и обезбедување на поквалитетен и поефикасен пристап до услугите за граѓаните и компаниите.
Работно време на експозитурата:
- Понеделник – Сабота: од 10:00 до 22:00 часот
- Недела: од 10:00 до 20:00 часот
Diamond Mall експозитурата претставува 47-ма филијала на Халкбанк АД Скопје на ниво на држава и 27-ма во градот Скопје, со што банката потврдува дека останува посветена на својата мисија – да биде финансиски партнер на клиентите во секојдневниот живот и деловно работење.
Во динамично време кога удобноста и достапноста се клучни, новата експозитура на Халкбанк во Diamond Mall претставува важен чекор кон уште подобро банкарство, поблиску до клиентите.
- Банкипред 2 дена
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Банкипред 4 недели
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Интервјуапред 1 месец
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања
- Бизниспред 2 месеци
Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!
- Советипред 1 месец
Водич за станбени кредити – Дел 1: Што треба да знаете пред да аплицирате?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
“Сите врати се отворени” со промотивниот Потрошувачки пакет од ПроКредит Банка
- Банкипред 2 месеци
Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност