Connect with us

Банки

Стопанска банка АД- Скопје: Известување за лажни e-mail пораки

Објавено

на

Стопанска банка АД- Скопје ги известува и предупредува своите почитувани клиенти и соработници, дека во текот на денешниот ден до различни корисници на електронска пошта испратена е порака која наликува како порака од Контакт центарот на Стопанска банка АД- Скопје со информација за “плаќања од трета страна“.

Притоа, пораката содржи прилози и линкови кои од Стопанска банка АД- Скопје веруваат дека водат до малициозен софтвер кој може да им наштети на клиентите. Затоа препорака е овој сомнителен мејл да не се отвора, но и да НЕ СЕ КОРИСТАТ линковите и прилозите доколку ги има.

Најдобро е ваквата порака да се избрише веднаш!

Доколку сепак сакате да проверите дали Банката Ве контактирала за прилив обратете се на (02)3100 109 во секое време од денот или во една од филијалите на Банката кои работат од 8:30 до 16 часот.

Како и досега, Стопанска банка АД – Скопје потестува дека преку e-mail нема да бара да откривате лозинки и други лични сензитивни податоци. Посветете посебно внимание ако добиете ваков вид на електронска пошта.

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange