Кариера
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
УНИБанка АД Скопје вработува Раководител на експозитура во Скопје и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје.
Позиција: Раководител на експозитура во Скопје
Потребни квалификации:
- Високо образование – Економски факултет
- Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот
- Одлично познавање на пазарните прилики
- Познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Microsoft Office
- Возачка дозвола Б категорија
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Менаџерски и лидерски способности;
- Силни преговарачки способности и страст за продажба и работа со клиенти;
- Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
- Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации;
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.08.2023 година.
Позиција: Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
Kвaлификации:
Диплома за завршено високо образование;
Познавање на работа со компјутери;
Познавање на англиски јазик;
Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења
Избраниот кандидат треба да поседува:
Одлични организациски и комуникациски вештини;
Желба за непосредна работа со клиенти;
Прецизност, точност и аналитички пристап во работењето;
Афинитети за тимска работа и работа под притисок;
Аналитичен пристап кон задачите и реализација во кратки рокови
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.08.2023 година.
Со пријавување на огласот ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]
Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Соработник за односи со население, Сектор за Население/ Оддел мрежа на експозитури во Скопје/ Експозитура Сарај.
Што ќе биде твојата улога?
- Подготовка на понуда со целосна палета на продукти и услуги на Банката согласно потребите и можностите на клиентите;
- Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот, со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби;
- Преземање на мерки со цел искористување на потенцијалот на постојното портфолио, зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (cross sell/ up-sell)
- Одговорност за реализација на зададените комерцијални цели согласно насоките на деловната политика на ниво на експозитура;
- Одговорност за одржување професионални и стабилни релации со клиентите вклучувајќи и советодавна улога и исклучителен квалитет на услуга.
Кои квалификации се потребни?
- Минимум ССС;
- Познавање на Албански Јазик ќе се смета за предност;
- Работно искуство во продажба и промоција на производи и услуги, остварување на таргети и работа со клиенти во банкарскиот или друг сектор/индустрија ќе се смета за предност;
- Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
- Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
- Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, активна продажба, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.
Кои ќе бидат твоите придобивки?
- Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
- Приватно здравствено осигурување;
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
- Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, ангажманот, но и тимскот дух;
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).
Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на: [email protected] заклучно со 09.03.2026 година со назнака „Апликација за Соработник за односи со население – Скопје“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината
Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Благајник – Соработник, Сектор за Население/ Оддел мрежа на експозитури во Скопје/ Експозитура Сарај.
Што ќе биде твојата улога?
- Спроведување на сите готовински и безготовински трансакции со клиенти на благајна – физички и правни лица, работа со готовина, менувачко работење и подготовка на дневни и други извештаи;
- Одлично познавање на производите и услугите на Банката, учество во продажни кампањи, промоции и активна продажба на сите банкарски производи, како и реализација на продажните цели;
- Креирање, ажурирање и одржување на портфолиото на клиенти преку сеопфатно, професионално опслужување, следење и одржување на задоволството на клиентите и градење на долгорочни релации со клиентите;
- Постапување согласно деловната политика за чување банкарска и деловна тајна, строго почитување на процедурите за работа, доверливост и високо ниво на интегритет и работна етика.
Кои квалификации се потребни?
- Минимум ССС;
- Познавање на Албански Јазик ќе се смета за предност;
- Работно искуство во продажба и промоција на производи и услуги, остварување на таргети и работа со клиенти во банкарскиот или друг сектор/индустрија ќе се смета за предност;
- Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
- Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
- Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, активна продажба, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.
Кои ќе бидат твоите придобивки?
- Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
- Приватно здравствено осигурување;
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
- Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, ангажманот, но и тимскот дух;
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).
Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на: [email protected] заклучно со 09.03.2026 година со назнака „Апликација за Благајник-соработник Скопје“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината
Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим од професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Инженер за сигурност на ИКТ.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 13.03.2026 година.
Работни цели и задачи:
Работните задачи на Инженерот за сигурност на ИКТ вклучуваат:
- Oткривање и спречување напади на ИКТ системот (Intrusion Detection and Prevention);
- Управување со централизирана endpoint заштита (Malware protection, Endpoint Detection and Response);
- Превенција од напади на интернет изложените апликации (WAF-Web Application Firewall);
- Следење сомнителни активности во базите на податоци (DAM-Database Activity Monitoring);
- Следење сомнителни активности во корпоративната компјутерска мрежа, известување и блокирање настани (NDR-Network Detection and Response);
- Скенирање и управување со ранливости (Vulnerability Scanning and Management);
- Управување на системите за периметарска заштита на мрежа (NGFW-Next Generation Firewall);
- Работа со системи за класификација на податоци и спречување одлевање на доверливи податоци (DLP-Data Loss Prevention);
- Работа со систем за превентивно откривање закани на интернет (Тhreat Inelligence System);
- Менаџмент на логови од ИКТ системите и следење алерти за невообичаени активности (SIEM);
- Справување со сигурносни инциденти.
Потребни квалификации и способности:
- Високо стручно образование од областа на ИКТ науки со најмалку 180 ЕКТС кредити или VII /1 степен;
- Одлично познавање англиски јазик;
- Најмалку 7 години работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Комуникациски вештини и способност за работа во тим;
- Одговорност, точност, самоиницијативност и прецизност во извршување на работните задачи.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк, или преку e-пошта: [email protected], со назнака: „Oглас за вработување Инженер за сигурност на ИКТ во Скопје”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол


