Банки
ТТК Банка АД Скопје ја зголеми добивката за 36,6 проценти!
Во периодот од 1.1.2023 до 30.6.2023 година, ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2023 година.
Во анализираниот период, во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, применувајќи го одржливиот, ефикасен и традиционален деловен модел, ТТК Банка АД Скопје генерираше позитивен финансиски резултат кој се темели на реализација на поставените стратегиски цели за ефикасно функционирање како основа за понатамошен контролиран раст.
Во ваков специфичен економско-социјален амбиент, преку приспособлива стратегија на работење и преку посебна интерна посветеност, ТТК Банка АД Скопје забележа позитивен финансиски резултат, темелен на здрава основа и во согласност со амбиентот. Заклучно со 30.6.2023 година, финансискиот резултат изнесува 56,2 милиони денари, што претставува повисок резултат за 36,6% во однос на истиот период минатата година. Повисокиот финансиски резултат се должи, пред сè, на забрзаниот раст на оперативните приходи од 6,9%, при контролиран раст на оперативните расходи од 0,7%. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 26,9 милиони денари.
ТТК Банка АД Скопје како активен, стабилен и етаблиран учесник на македонскиот финансиски пазар, на 18.5.2023 година, успешно го финализираше процесот на зголемување на основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда и го зголеми својот почетен капитал (основна главнина) за износ од 57.698.000 денари.
Вкупниот капитал по извршената скрип емисија на 965.586 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари изнесува 965.586.000 денари, со што дополнително се зајакна билансот на состојбата на Банката.
Сето ова ја одразува посветеноста на ТТК Банка АД Скопје за обезбедување иновативни решенија за своите акционери, за создавање дополнителна вредност за нив и посветеност да им обезбеди нови можности и придобивки од нивните инвестиции во Банката на долг рок.
Финансиски остварувања на Банката
Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2023 до 30.6.2023 година изнесуваат 145,8 милиони денари и во однос на планот се остварени со 100%. Во однос на истиот период минатата година зголемени се за 26,9 мил. денари или 22,7%.
Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 86,4 милиони денари. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење, кои бележат пораст, во најголем дел, заради зголемените приходи од провизии од услугите реализирани преку проширената мрежа на банкомати и зголемениот обем на работењето со картичките. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 100%.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 7,2 милиони денари и бележат годишен раст од 12,9% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 109%.
Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 27,2 милиони денари како резултат, пред сẻ, на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Во однос на планот истите се остварени со 64%.
Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 179,4 милиони денари и се за 0,7% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 97%.
Периодот на посилен раст на приходите на банката се искористи за јакнење на капацитетот за справување со идни кредитни загуби, со што исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 26,9 милиони денари и е повисока за 10,9% во однос на 30.6.2022 година и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.
Во текот на првото полугодие од 2023 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 4,9 милиони денари.
Банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за август започнува на 1 септември
Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на пензиите ќе започне во вторник, 1 септември.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.
За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 септември и во секој работен ден после тоа..
Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на нивната веб-страница.
Банки
НЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
НЛБ Банка Скопје ги извести пензионерите дека пензиите за месец август се исплатени и средствата се веќе достапни за користење.
Од Банката ги советуваат корисниците, со цел да заштедат време, да ја користат мрежата на банкомати, како и можностите за безготовинско плаќање во продажните места.

Пензионерите средствата можат да ги користат и преку електронското и мобилното банкарство на НЛБ Банка.
Банки
Северна Македонија во ноември се приклучува на новата платформа за инстант плаќања во Западен Балкан
Новата платформа TIPS Clone за порамнување на инстант плаќања официјално започна со работа на 20 јули 2026 година, соопшти Банката на Италија. Платформата е развиена за земјите од Западен Балкан и е базирана на истата технологија што ја користи европската инфраструктура TARGET Instant Payment Settlement, позната како TIPS.
Први институции што се приклучија на новиот систем се Централната банка на Босна и Херцеговина и Централната банка на Црна Гора.
Платформата овозможува порамнување на инстант плаќања во реално време во валутите на земјите учеснички, во пари на централните банки, како и во евра преку комерцијални банки. Според Банката на Италија, решението е безбедно, технолошки напредно и економично.
Вториот бран на приклучување е предвиден за ноември 2026 година, кога се очекува кон системот да се приклучат централните банки на Албанија, Косово и Северна Македонија. Со тоа, сите земји кои учествуваат во иницијативата ќе бидат поврзани на платформата.
Иницијативата е започната од Банката на Италија со поддршка на Европската централна банка и Евросистемот, како дел од пошироката соработка со земјите од Западен Балкан.
Целта е модернизација и зголемување на ефикасноста на платежната инфраструктура во регионот, како и нејзино постепено усогласување со европските стандарди.
Иако функционира како самостоен и независен систем, TIPS Clone ја користи истата технологија како европскиот TIPS, што овозможува примена на напредните функционалности на системот и идно воведување на новите технолошки решенија што ќе се развиваат во рамки на Евросистемот.
Од Банката на Италија оценуваат дека стартот на платформата претставува уште еден чекор кон посилна регионална соработка и кон економска и финансиска интеграција на Западен Балкан со Европската Унија.
Извор: Banca d’Italia
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија





