Connect with us
no baners

Осигурување

MONEYVAL: Системот за лиценцирање на АСО ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање тероризам

Објавено

на

Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Во Извештајот е истакнато значењето на супервизијата заснована на ризици, како и соработката со надлежните државни органи.

Значаен придонес кон позитивната оценка имаат и актите, анализите и проценките донесени од страна на Агенцијата и спроведените обуки за зголемување на ефикасноста во работењето на друштвата за осигурување и посредниците кои продаваат полиси за животно осигурување.

Во Извештајот на „Манивал“ позитивно се оценети и високата свесност и ефикасноста на друштвата за осигурување на живот во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Ваквата оценка е резултат на долгорочни, постојани и сеопфатни напори за унапредување на регулаторната рамка и спроведување на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Извештајот за нашата земја беше усвоен  на 65-тата пленарна седница на „Манивал“ одржана на крајот на мај. Во Извештајот дадена е позитивна оценка и за целокупната поставеност на системот за спречување перење пари и финансирањето на тероризмот, што може позитивно да влијае врз рејтингот на друштвата за осигурување на живот, а претставува и признание за напорите и прогресот на АСО како финансиски регулатор.

Како резултат на двогодишен процес на евалуација во повеќе фази, извештајот за Македонија беше разгледуван и усвоен на 65 пленарна седница на Комитетот на експерти (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во рамки на целокупниот процес во кој учествуваа АСО и друштвата за осигурување на живот, Комитетот MONEYVAL изготви сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата со меѓународните стандарди на Работната група за финансиска акција (ФАТФ).

Целиот извештај е достапен на следниот линк https://rm.coe.int/moneyval-2023-4-mer-northmacedonia/1680abebe9

Бизнис

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар

Објавено

на

Во насока на унапредување на регулативата и заштита на интересите на осигурениците, претставници на Асоцијацијата на брокерски друштва одржаа втор работен состанок со Министерството за финансии. На состанокот, како активен чинител во креирањето на поквалитетен пазар, учествуваше Александар Атески, Член на Управниот одбор на Flex Broker.

Фокусот на разговорите беше ставен на потребата од обезбедување фер конкуренција и справување со појавата на нелиценцирани канали за продажба на осигурување. Асоцијацијата укажа на практиката каде одредени субјекти, вршат дистрибуција на осигурителни продукти без соодветна лиценца. Дополнително, беше отворено прашањето за заобиколување на законските рамки преку промоторски и маркетинг договори, кои во пракса функционираат како посредна продажба.

„Брокерските друштва се единствениот професионален и лиценциран канал кој работи исклучиво во интерес на клиентот. Нашата мисија е да обезбедиме максимална заштита за осигурениците, а тоа е можно само доколку сите учесници на пазарот функционираат под исти, строго дефинирани правила“, беше истакнато на состанокот.

Во рамки на дискусијата за финансиското работење, се разговараше за можностите за фактурирање и моделот на функционирање на брокерските друштва, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и ефикасност.

Насоките за развој на македонскиот осигурителен пазар остануваат цврсто врзани за европските практики. Заклучокот од средбата е дека заедничката соработка со институциите е клучна за градење на доверба кај граѓаните и создавање пазар кој се темели на професионализам, знаење и транспарентност.

Flex Broker останува посветен на конструктивниот дијалог со институциите, верувајќи дека само преку професионализам и јасна регулатива може да се изгради современ и сигурен осигурителен пазар.

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување со кампања „Таа зад полисата“ посветена на жените во компанијата

Објавено

на

Во индустријата на осигурување често во фокусот се полисите, покритијата и процедурите, но зад секој договор стојат луѓе кои секојдневно работат клиентите да се чувствуваат сигурно и поддржано. Токму на таа човечка страна на осигурувањето се фокусира новата кампања на Халк Осигурување – „Таа зад полисата“.

Кампањата се реализира по повод Месецот на жената и е посветена на жените вработени во компанијата кои со својата професионалност, експертиза и одговорност придонесуваат за градење доверба кај клиентите.

Иницијативата се спроведува преку серија кратки видеа објавени на дигиталните канали на компанијата. Во нив се претставени вработени од различни сектори – продажба, прием и ликвидација на штети, финансии, контакт центар и корпоративни функции. Преку нивните лични приказни, јавноста има можност да ги запознае луѓето кои стојат зад секоја полиса, обработена штета и позитивно клиентско искуство.

Од компанијата посочуваат дека целта на кампањата е да се нагласи дека осигурувањето не е само услуга, туку тим од професионалци кои секојдневно работат на создавање сигурност и доверба.

Кампањата „Таа зад полисата“ е дел и од Employer Branding стратегијата на Халк Осигурување, преку која компанијата ја истакнува корпоративната култура заснована на професионалност, еднакви можности и меѓусебна поддршка. Воедно, преку оваа иницијатива се настојува да се доближи работната средина до јавноста и да се покаже дека успехот на компанијата се темели на луѓето кои ја создаваат одвнатре.

Халк Осигурување работи во мултиетничко и динамично општество, каде различноста и инклузивноста се препознаваат како важни вредности. Компанијата, како што посочуваат, континуирано инвестира во работна средина во која секој вработен има можност за развој и придонес во организацијата.

Според интерните податоци на компанијата, 64 проценти од вкупниот број вработени се жени, 66 проценти од раководните позиции ги извршуваат жени, додека 58 проценти од новите вработувања во изминатата година се жени. Од компанијата нагласуваат дека се применува принципот на еднакви можности и еднаква плата за еднаква работа.

Со кампањата „Таа зад полисата“, вниманието се насочува кон луѓето кои стојат зад осигурувањето и секојдневно придонесуваат за сигурноста на клиентите.

Продолжи со читање

Осигурување

„Во Сава Пензиско зад секоја одлука стои човек, а не алгоритам: советникот Ѓорги им помага на граѓаните да ја планираат сигурната пензиска иднина“

Објавено

на

Во Сава Пензиско зад секоја донесена одлука стои човек, а не алгоритам, порака со која компанијата ја нагласува важноста на личниот пристап и довербата во советувањето за пензиско планирање.

Како дел од тимот, претставен е и нивниот колега Ѓорги, кој покрај професионалните обврски во слободното време активно се занимава со спорт и освојува медали и пехари. Неговата лична приказна, велат од Сава Пензиско, е доказ дека вистинските резултати доаѓаат само со континуираност, дисциплина и истрајност.

Токму овие вредности, кои ги применува и во спортот, Ѓорги ги пренесува и во работата со клиентите. Како личен советник, тој им помага на граѓаните чекор по чекор да го испланираат својот пензиски план и да изградат сигурна финансиска иднина.

Од компанијата посочуваат дека секој граѓанин може да го пронајде својот личен советник преку нивната официјална веб-страница, каде што може да се закаже разговор и да се добијат информации за планирање на пензиското осигурување.

Повеќе информации и избор на личен советник се достапни на:
www.sava-penzisko.mk/mkmk/savetnik/

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange