Connect with us
no baners

Продукти

Уште повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Време е за штедење со уште повисоки каматни стапки во Комерцијална банка!

Во промотивниот период до 30.09.2023, Банката ги зголеми основните фиксни каматни стапки на денарските депозити до 3,10%, а на депозитите во евра до 2,10%. Стимулативните каматни стапки за поголеми влогови достигнуваат и до 4,70% за денарски и до 3,60% за депозити во евра.

Не ги пропуштајте повисоките каматни стапки за штедење во Комерцијална банка затоа што тие ви обезбедуваат поголеми приноси и растат како што расте вашата заштеда:

  • За денарски депозити орочени на 36 месеци каматни стапки од 3,10% до 4,70%, во зависност од висината на орочениот износ.
  • За депозити во евра орочени на 36 месеци каматни стапки од 2,10% до 3,60%, во зависност од висината на орочениот износ.
  • За денарски депозити орочени на 24 месеци каматни стапки од 2,30% до 3,90%, во зависност од висината на орочениот износ.
  • За депозити во евра орочени на 24 месеци каматни стапки од 1,50% до 3,00%, во зависност од висината на орочениот износ.

Штедењето во Комерцијална банка, која е столбот на довербата на граѓаните во земјава, овозможува и редица други бенефиции – онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.

Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни.

За сите подетални информации на располагање ви стојат и нашите тимови во вашата најблиска експозитура или на е-пошта: [email protected].

Банки

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

Објавено

на

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.

НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.

Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.

Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите. 

Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.

Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.

Продолжи со читање

Осигурување

Сава Осигурување нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците

Објавено

на

Сава Осигурување нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.

Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.

Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.

Од Сава Осигурување велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.

Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.

Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Услови на кредитната линија:

  • Износ од 5.000 до 250.000 евра
  • Рок на отплата до 5 години
  • Месечни, квартални или полугодишни ануитети
  • Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
  • Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%

Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).

Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange