Connect with us
no baners

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Објавено

на

Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка само за една од вкупно 16 компании за осигурување.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци годинава прими 71 претставка од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на поднесени претставки во овој период е зголемен за 14,5 отсто во споредба со првиот квартал 2022 година.

Од поднесените претставки  5 биле без основ за разгледување, а подносителите во 6 случаи ги повлекле своите поплаки.

Во корист на осигурениците се решени 11 претставки. Во процес на постапување се 16, а негативно се решени 33 поплаки на осигуреници.

Очекувано, и годинава најголем број на поплаки има во најмасовната осигурителна класа „осигурување од автомобилска одговорност (АО)“ која е задолжитена со закон. Поднесени се 34 претставки за штети кои настанале во сообраќани незгоди и се покриени со ова осигурување.

Најбројни, вкупно 18, се претставките во кои осигурениците се жалат на решавање штети настанати при сообраќајни незгоди решени врз основа на користење полициски записник. Најголем дел од нив се однесуваат на висината на обештетувањето и се решени негативно.

Во овој период е намален бројот на поплаки за решавање штети врз основа на пополнет европски извештај. Во првите три месеци се добиени 13 претставки за решавање штети и тоа е за 32 отсто помалку од истиот период лани.

За осигурување имот се поднесени 9 претставки, а по 8 се однесуваат на приватно здравствено осигурување и на осигурување од незгода.

Исто како и претходната година, во однос на причината поради која се жалат осигуреници, најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 33 такви претставки и тоа е за 65% повеќе од истиот квартал во 2022 година.

Најзначајно намалување на бројот на поплаки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крајот на март годинава се поднесени само 5 такви претставки и тоа е за 68 отсто во однос на истиот период лани.

За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 19 осигуреници. Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета.

Од поднесените претставки 61 се поднесени од граѓани, а 10 од правни лица.

Осигурување

Кроација Осигурување со „Safe City“ акција за каско осигурување

Објавено

на

Компанијата Кроација Осигурување започна промотивна „Safe City“ акција насочена кон каско осигурувањето, со фокус на поттикнување одговорно возење и зголемена безбедност на патиштата.

Од компанијата порачуваат дека одговорното однесување зад волан значи помал стрес, поголема сигурност и дополнителни придобивки за возачите. Во рамки на понудата, преку пакетот „Blue Kasko“, клиентите добиваат заштита за своето возило, а оние што возат одговорно може да остварат и дополнителни поволности.

Акцијата има за цел да ги информира возачите за достапните можности и да им помогне да изберат решение што најдобро одговара на нивниот стил на возење.

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација осигурување отвори нова филијала во Дебар

Објавено

на

Кроација осигурување ја проширува својата мрежа на присуство во земјава со отворање нова филијала во Дебар, со што дополнително се доближува до своите клиенти.

Од компанијата информираат дека со повеќе од 20 филијали низ државата, остануваат посветени на обезбедување сигурни, достапни и квалитетни услуги за осигурување.

Новата филијала се наоѓа на улицата „8-ми Септември“, бр. 1/4-3 во Дебар, а на располагање на клиентите е и телефонскиот број 078/423-434. Работното време е од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

Од Кроација осигурување посочуваат дека нивниот тим ќе обезбеди професионална поддршка и решенија прилагодени на потребите на клиентите, нагласувајќи дека компанијата останува сигурен партнер кога тоа е најпотребно.

Продолжи со читање

Осигурување

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземањето на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Објавено

на

АЛТА Група продолжува со силно регионално позиционирање како единствен систем на финансиски институции, проширувајќи го својот деловен екосистем и во областа на осигурувањето.

По успешните инвестиции во банкарскиот сектор, нова членка на АЛТА Група станува ЗОИЛ Македонија АД Битола, која во наредниот период, по добивање на сите регулаторни одобренија, ќе работи под името АЛТА Осигурување.

Со овој стратешки чекор, АЛТА Група јасно ги потврдува своите регионални амбиции и намерата да биде еден од клучните финансиски актери на пазарот на Западен Балкан.

Со преземањето на ЗОИЛ Македонија АД Битола, АЛТА Група воспоставува интегриран модел на финансиски услуги во кој банкарството, лизингот, електронските и платните сервиси, како и осигурувањето, се обединети во рамки на еден силен и доверлив систем.

Оваа консолидација на клиентите во Северна Македонија им носи повисоко ниво на достапност и ефикасност, овозможувајќи пристап до широк спектар на банкарски и осигурителни производи на едно место. Во рамки на осигурувањето ќе бидат понудени клучни видови на неживотно осигурување – заштита на возила, имот, домаќинства, патувања и деловни активности, со внимателно креирани пакети прилагодени на потребите на граѓаните, претприемачите и компаниите.

Со воведувањето на осигурувањето во постојната понуда се обезбедуваат дополнителни придобивки за клиентите. Корисниците ќе имаат поедноставени процеси, побрза обработка на барањата и појасен пристап до финансиска и сигурносна заштита во рамки на една институција. Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки.

Овој исчекор во индустријата на осигурување го потврдува долгорочниот стратешки цел на АЛТА Група – создавање модерен, регионално релевантен финансиски систем кој ги поврзува клучните сегменти на пазарот и на клиентите им обезбедува интегрирани финансиски и осигурителни решенија.

АЛТА Група ќе ја предводи модернизацијата на целиот систем преку технолошко унапредување и усогласување на процесите, со цел зајакнување на комерцијалната конкурентност и поставување цврсти темели за понатамошен раст и посилен пазарен настап.

Со проширувањето на портфолиото на осигурување, АЛТА Група дополнително го зајакнува своето присуство во Северна Македонија и ја потврдува визијата за изградба на современ финансиски систем кој промовира одржливо работење и развива долгорочни партнерски односи со клиентите низ целиот регион.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange