Connect with us

Банки

Околу 8.000 учесници на седмото издание на „Вози право, вози здраво“ во поддршка на здравите животни навики

Објавено

на

Ниту променливото време и најавите за дожд не ги спречија граѓаните вчера по седми пат масовно да излезат на скопските улици со своите алтернативни превозни средства за да бидат дел од настанот „Вози право, вози здраво“. Веќе традиционалниот настан во организација на Стопанска банка АД-Скопје обедини 8.000 учесници од сите возрасни категории кои дојдоа со своите велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, а некои и со колички за бебе, па релаксирано се возеа од Порта Македонија до Градскиот парк и ја поддржаа мисијата на Стопанска банка за промоција на велосипедот како урбана форма на транспорт, со цел стекнување здрави навики и подобра животна средина.

Настанот почна во 11 часот од Порта Македонија, од каде што долгата, непрегледна колона учесници ги „зазеде“ градските улици кои вчера беа целосно ослободени од автомобили. Насмевките и задоволството се читаа на лицата на сите. На финишот во Градски парк учесниците ги пречека освежување, сладолед и грицки како и голема забава со водителите Игор, Дени и Цако, со омилените јунаци од 5+ Фамилија, бројни активности реализирани од Баскерфест како улични акробати, спортски активности, артисти, музикa, но и многу подароци и вредни награди од богатата лотарија.

На најсреќните учесници на „Вози право, вози здраво“ им беа доделени 50 награди и тоа вредносен ваучер од 12. 000 денари кој како прва награда го обезбеди Град Скопје, а на настанот го додели генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Потоа следуваа 49 награди од Стопанска банка, односно 7 велосипеди за возрасни Specialized, 7 детски велосипеди Specialized, 7 кациги Specialized, 7 Air pods, 7 Garmin часовници, 7 спортски ранци и 7 JBL слушалки.

Дел од посетителите добија над 200 утешни награди, како маици, ТОПСИ платенени торби и шишиња за вода.

Како и секоја година, Стопанска банка го заокружува изданието на „Вози право, вози здраво“ со донација за изградба и одржување на велосипедската инфраструктура, активности што ќе ги најави и реализира повторно во соработка со Град Скопје. Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ резултираше со донација за 15 средни училишта во Скопје кои Стопанска банка ги опреми со модерни паркинзи за велосипеди наменети за учениците и вработените во училиштата. Од изминатите изданија на настанот, Банката донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон и ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack. Секако, Банката делува и надвор од овие донации опремувајќи ги сите свои филијали со паркинзи за велосипеди кои се достапни на јавноста за постојана употреба.

„Вози право, вози здраво“ е настан кој масовно ја шири велосипедската култура и ги промовира алтернативните начини на превоз во урбани средини со кои се чува животната средина. Мисијата на Стопанска банка не завршува со овој настан, туку трае во текот на целата година преку серија активности насочени кон зачувување на здравата животна средина.

Банки

Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?

Објавено

на

Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.

Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.

Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.

Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.

Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.

Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.

Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.

Продолжи со читање

Банки

Маја Михајлова реименувана за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза.

Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години.

Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит Банка продолжува да работи во состав од четири членови:

  • Емилија Спировска
  • Стевче Кузмановски
  • Милан Дамчевски
  • Маја Михајлова

Михајлова е дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка од 2024 година, кога Банката го прошири својот менаџмент со нејзиното именување.

Актуелниот состав на Управниот одбор е наведен и на официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Банки

4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој

Објавено

на

НЛБ Банка преку нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра ја зајакнува поддршката и го проширува пристапот на домаќинствата до зелено финансирање за енергетски поефикасни домови. Средствата се обезбедени во соработка со ЕБОР во рамките на програмата GEFF III REpower Residential на Западен Балкан, а ќе се пласираат преку Банката. Наменети се за зелени инвестиции што придонесуваат за енергетски поефикасни, поодржливи и покомфорни домови, овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните – намалени трошоци и подобрен квалитет на живеење.

Во време кога енергетската ефикасност и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважен дел од секојдневието, ваквата финансиска поддршка отвора можност повеќе домаќинства да ги реализираат потребните подобрувања во своите домови – изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија.Сите овие технологии директно придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата, поголема удобност и  порационална потрошувачка.

НЛБ Банка во своето портфолио веќе нуди зелени кредити наменети за поддршка на одржливи и еколошки решенија, а новата кредитна линија од 4 милиони евра од ЕБОР претставува зајакнување на оваа определба.

Дополнителна придобивка на овие кредити е повратот на средства, кофинансиран од Европската Унија, кој може да изнесува и до 20% од вкупната инвестиција. На овој начин, зелените кредити стануваат практичен инструмент преку кој енергетската ефикасност, одржливоста и заштитата на животната средина се претвораат во реални и достижни решенија за секое домаќинство.

Придобивки од „зелените“ инвестиции во домот

Кога домот троши помалку енергија, преку намалените сметки, придобивките се чувствуваат веднаш. Долгорочно, тие имаат и пошироко значење. Секоја инвестиција што ја намалува потребата од енергија придонесува и за помала потрошувачка на ресурси, помал притисок врз енергетскиот систем и помало влијание врз животната средина. Во Македонија, ваквите вложувања се особено значајни имајќи ја предвид потребата од обновување и модернизација на станбениот фонд.

Токму затоа, зеленото финансирање има сè поважна улога во претворањето на одржливоста од концепт во конкретна одлука за секое домаќинство. Со соодветна финансиска поддршка, граѓаните можат полесно да направат чекор кон зелени решенија.

*GEFF програмата на ЕБОР во Западен Балкан е кофинансирана од европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, јапонија, данска и швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange