Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Дирекцијата за деловна мрежа во Одделот за работа со население и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Помлад благајник во Филијала Куманово
(1 извршител)

Вработување

1.000 огласи за работа од Македонија и регионот: Започна Најголемиот регионален онлајн саем за вработување!

Објавено

на

Најголемиот онлајн саем за вработување во регионот оваа година собра повеќе од 120 компании кои нудат скоро илјада огласи за работа. На првиот ден од неговото отворање се забележани посети од над 100.000 единствени корисници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и БиХ.

За разлика од некои минати времиња, кога беше вообичаено целиот работен век да се помине кај еден работодавач, денешните работници почесто ги менуваат работните места, поради подобри услови за работа, потрага по нови предизвици или желба за промена на работната средина.

Оваа есен, секој што сака да направи чекор напред во кариерата може да го направи тоа во текот на следната недела, на 15-от Регионален саем за вработување, од 15 – 22 октомври!

Посетителите ги очекуваат скоро илјада огласи за работа

Саемот беше отворен на 15.10.2024 година, а сите заинтересирани посетители можат да ги посетат неговите виртуелни штандови до 22 октомври.

На овогодинешниот саем учествуваат 125 компании од Македонија и од соседните земји, кои нудат скоро 1000 различни слободни работни места, обезбедувајќи им на кандидатите широк спектар на можности во различни индустрии.

Саемот го организира Алма Кариер Северна Македонија, компанија најпозната по својот бренд Vrabotuvanje.com.mk, во соработка со партнери од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Делогласник – Словенија.

Регистрацијата е брза и лесна

Саемот трае 7 дена и е достапен 24 часа на ден, а до него може да се пристапи преку сите десктоп и мобилни уреди од удобноста на вашиот дом. Сè што ви треба е стабилна интернет конекција.

Покрај богатата понуда на огласи за вработување, посетителите на виртуелните штандови на работодавачите можат да најдат информации за компаниите, да дознаат нешто повеќе за искуствата на вработените, да разгледаат фотогалерии и да добијат детален увид во компаниската култура.

Аплицирањето е исклучително едноставно и брзо

Кандидатите имаат можност да се пријават на неколку огласи одеднаш, а првите разговори со потенцијалните работодавачи може да се одржат преку опцијата chat или видео повик.

Компании кои може да ги најдете на саемот оваа година се: Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, Concentrix, KFC Македонија, Fashion Group, Transcom, Костал, Magna Mirrors, Лидл, DM drogerie markt, Нептун, Вабтек, WoltAptiv, Inditex, Flex Credit, Office People, Laktalis, Adient, Gerresheimer, Amphenol, OIP Inc., Petrol и многу други компании од регионот.

Посетете го саемот до 22 октомври на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и аплицирајте за промена на подобро!

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ
технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. 

 Штедилница Можности вработува:
Дата база администратор и ИТ поддршка
во оддел за апликативен софтвер,
во сектор ИТ

Работни задачи:

  • Администрација на бази на податоци и анализа на податоци во база;
  • Анализа на функционалности на банкарската апликација;
  • Изработка на различни извештаи и прегледи од базата на податоци, а во врска со работењето на штедилницата;
  • Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти;
  • Комуникацијата со развивачот на софтверот за примени барања од корисници;
  • Го следи развојот на сите барања за промени во банкарската апликација;
  • Креирање и ажурирање на техничките упатства за корисниците за употреба на апликативните решенија;
  • Водење на соодветна документација од делокругот на работењето;
  • Спроведување на примени барања од корисници;
  • Постојана комуникација со корисниците и развивачот на софтверот.

Дата база администраторот, заедно со остантите членови на тимот во ИТ сектор ќе учествува во:

  • Креирањето и имплементацијата на политиките и процедурите за воведување на софтверски решенија, и
  • Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти.

Потребни квалификации и вештини:

  • Соодветно познавање на SQL, PL/SQL, и познавање на Oracle DB (основно или напредно ниво);
  • Високо образование и/или средно образование со соодветно работно искуство;
  • Самоиницијативност и способност за тимска работа;
  • Добри комуникациски способности;
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.

Бенефиции:

  • Предвиден буџет за нето плата до 70.000 денари, во зависност од знаењето и работното искуство;
  • Континуирани обуки за професионален развој;
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересираните кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], огласот е активен до 29.10.2024 година.

Апликациите за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за деловна мрежа (Оддел за работа со население) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Благајник во Експозитура Прилеп
(1 извршител)

Продолжи со читање

Популарно