Кариера
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Раководител на експозитура Гевгелија
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
УНИБанка на вработените им нуди динамична работа со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Биди и ти дел од тимот на УНИБанка!…
Потребни квалификации и вештини:
- Високо стручно образование – Економски факултет;
- Работно искуство од најмалку 3 години, по можност раководна позиција во финансиски сектор;
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office;
- Менаџерски и лидерски способности;
- Силни преговарачки способности, страст за продажба и работа со клиенти;
- Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
- Возачка дозвола Б категорија.
Работни активности:
- Активно учество во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
- Одговорен за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна диструбиција на останатите банкарски производи и услуги;
- Го следи и анализира економскиот потенцијал и пазарните можности на локалната економска заедница и истражување на можностите за деловен развој;
- Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
- Се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата;
- Одговара за исполнувањето на таргетите и финансиските резултати на работењето на експозитурата;
- Ги следи промените на законската и подзаконската регулатива како и актите на Банката и се грижи за нивната примена во работењето на експозитурата од страна на вработените во истата;
- Oрганизира, координира и раководи со тимот во експозитурата и дава иницијативи за унапредување на работата.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 07.05.2023 година.
Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]
Кариера
НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник
НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.
Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.
Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.
Кариера
Иуте Македонија го проширува тимот: Отворена позиција за Раководител на дигитални кориснички операции
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.
Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:
Раководител на дигитални кориснички операции
Твојата мисија?
Одговорен/на за развој и управување со дигиталните кориснички операции преку интеграција на AI решенија, со цел создавање едноставно, брзо и персонализирано корисничко искуство, раст на продажбата и зголемување на долгорочната вредност на клиентите.
Што ќе движиш?
- Ќе управуваш со моделот на работа во кој вештачката интелигенција и човечките агенти работат интегрирано.
- Ќе го водиш целиот кориснички пат – од прв контакт, продажба и поднесувањето барање, до проценката на кредитоспособност, одлуката, реализацијата на финансиската услуга, дополнителната продажба, корисничката поддршка и задржувањето на клиентите.
- Ќе управуваш со AI-поддржани дигитални кориснички операции
- Ќе развиваш и унапредуваш дигиталните процеси за сите финансиски услуги во екосистемот.
- Идентификување на процеси кои можат да бидат дигитализирани и автоматизирани преку вештачка интелигенција.
- Ќе ја следиш и подобруваш успешноста на автоматизираните и човечките интеракции со клиентите.
- Зголемување на продажбата и користењето на дигиталните финансиски услуги преку персонализирани понуди и data-driven пристап
- Следење на клучните показатели за продажба, продуктивност, квалитет на услугата, задоволство на клиентите и ефикасност на автоматизацијата.
- Водење на трансформацијата од традиционален контакт-центар кон интелигентна, дигитална и автоматизирана корисничка операција.
Кого бараме?
✔ Универзитетско образование.
✔ Најмалку 3-5 години искуство во управување со операции, корисничко искуство, дигитални канали, контакт центар или сродни функции.
✔ Искуство во водење тимови и управување со перформанси.
✔ Разбирање на AI, автоматизација и дигитални платформи, како и нивна примена во подобрување на корисничкото искуство и продуктивноста.
✔ Докажано искуство во управување со KPI-и и реализација на деловни цели преку анализа на податоци.
✔ Искуство во управување со трансформациски проекти и воведување нови процеси или технологии ќе се смета за предност.
✔ Дигиталните производи, продажбата и аналитиката ти се природен јазик.
✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски јазик.
✔ Проактивен лидер со силни комуникациски и преговарачки вештини, ориентиран кон резултати и носење одлуки.
✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.
Што добиваш?
-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари
-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание
-Континуиран развој, учење и професионален раст
-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
-Тимбилдинзи во земјата и странство
-Спортски активности
-Дополнителни здравствени прегледи
Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку, технологија, дигитални екосистеми и исклучително корисничко искуство – време е да се запознаеме.
📅 Аплицирај до: 25 Септември 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на дигитални кориснички опрации
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.
Кариера
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во СКОПЈЕ.
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Продажба на банкарски производи и услуги;
- Промотивни активности на новите производи;
- Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
- Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
- Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
- Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
- Следење на конкуренцијата;
- Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
- Вршење на благајнички работи, по потреба;
- Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен пристап кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 20.09.2026 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





