Банки
Ангеловска-Бежоска за ВОА: Народната банка останува посветена на обезбедувањето среднорочна ценовна стабилност
Народната банка останува посветена на исполнувањето на својата основна цел, односно обезбедувањето среднорочна ценовна стабилност. За таа намена, централната банка будно ја следи ситуацијата и ги презема сите потребни мерки за враќање на стапките на инфлација на 2% на среден рок. Одржувањето на финансиската стабилност, исто така, е во прилог на остварување на оваа цел, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Вашингтон, во интервјуто, за „Гласот на Америка“.
Во услови на најновите случувања во финансискиот систем и препораките на ММФ дека и покрај нивното влијание врз финансиските пазари, централните банки треба да продолжат со затегнување на монетарната политика, гувернерката посочи дека нашата централна банка постојано будно ги следи макроекономските показатели и доколку треба, презема соодветни мерки. Народната банка сѐ уште е во циклус на затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, преку управување со ликвидноста на девизниот пазар, а од април 2022 година наваму, и преку зголемување на каматните стапки. Ваквата монетарна поставеност беше поддржана и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, коишто се насочени кон зголемување на штедењето во денари. Истовремено, за да им се овозможи на домашните банки соодветно да управуваат со кредитниот ризик, Народната банка презема и системски мерки, како воведување на противцикличниот заштитен слој на капиталот.
Во интервјуто за „Гласот на Америка“ гувернерката се осврна и на Светскиот економски преглед, кој го објави ММФ на почетокот на Средбите. Согласно основното сценарио во рамки на априлските проекции на ММФ, се очекува растот на глобалната економија во 2023 година да забави во однос на претходната година, особено кај развиените економии, додека следната година умерено би забрзал, така што на среден рок би се задржал на околу 3%, што е најниската среднорочна оценка во изминатите неколку децении. Ризиците за глобалниот економски раст главно се надолни и се поврзуваат со превирањата во финансискиот сектор, влошувањето на условите за финансирање, намалувањето на довербата на потрошувачите и инвеститорите и со развојот на воената ситуација во Украина. Како позитивни аспекти, пак, се наведуваат потрошувачката на домаќинствата и ниските стапки на невработеност на пазари на труд, коишто можат да имаат позитивно влијание, како и поголемата отпорност на глобалната економија. Како мала и отворена, нашата економија ќе биде под влијанија на случувањата на глобалната, особено на економијата на ЕУ, која е нашиот најголем трговски партнер. Гувернерката нагласи дека во Народната банка се завршуваат пролетните проекции, коишто ќе бидат презентирани во текот на следниот месец.
Банки
Кредитите во август пораснале за 13,6 отсто, депозитите за 9 отсто
Кредитната активност на банките во август годинава забележала раст од 0,7 отсто на месечно и 13,6 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Раст е забележан и кај кредитите на домаќинствата и кај корпоративниот сектор.
Вкупните депозити, пак, во август се зголемиле за 1,6 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа растот изнесува 9 отсто. Зголемување е регистрирано и кај депозитите на домаќинствата и кај компаниите.
Кај корпоративниот сектор, депозитите пораснале за 6,2 отсто на месечно и 6,1 отсто на годишно ниво. Кредитите на компаниите, пак, во август се зголемиле за 0,6 отсто на месечно ниво, додека годишниот раст забрзал на 15,1 отсто. Зголемувањето целосно произлегува од кредитирањето во домашна валута.

Депозитите на населението во август се намалиле за 0,4 отсто во однос на јули, но на годишна основа се повисоки за 10,2 отсто. Орочените депозити на домаќинствата пораснале за 0,6 отсто месечно и за 5,8 отсто годишно.
Кредитите на населението продолжиле да растат, и тоа за 0,7 отсто на месечно и 12,3 отсто на годишно ниво. Потрошувачките кредити бележат годишен раст од 12,2 отсто, а станбените кредити од 16,2 отсто.
Истовремено, паричната маса во август се зголемила за 1,3 отсто на месечно и за 8,2 отсто на годишно ниво.
Банки
ЕЦБ и европските централни банки бараат промена на правилата за резервите на стејблкоините
Европската централна банка и националните централни банки во Европската Унија предлагаат да се укине обврската издавачите на стејблкоини да чуваат минимален дел од своите резерви како депозити во банки, објави Reuters.
Во моментов, според правилата на MiCA, издавачите на стејблкоини треба да чуваат 30 отсто од резервите како банкарски депозити, а кај поголемите издавачи тој удел изнесува 60 отсто. Централните банки предлагаат ова правило да се замени со барање одреден минимален дел од резервите да биде вложен во средства што доспеваат во рок од еден до пет работни дена.
Според Европскиот систем на централни банки, чувањето на резервите како банкарски депозити може да ја промени структурата на финансирање на банките, бидејќи постабилните депозити на граѓаните би можеле да бидат заменети со депозити од издавачи на стејблкоини, кои се почувствителни на пазарни движења.
Европските монетарни власти предупредуваат и на ризиците поврзани со таканаречените модели на повеќекратно издавање на стејблкоини, кај кои токените издадени во ЕУ се третираат како заменливи со оние издадени надвор од Унијата. Според нив, ваквите модели можат да создадат ризици за финансиската стабилност.
Централните банки дополнително укажале дека европските регулатори се соочуваат со значителни предизвици во спроведувањето на правилата за крипто-секторот, бидејќи дел од компаниите што не се усогласени со прописите и натаму имаат пристап до клиенти во ЕУ.
Банки
Околу 80 вработени во Стопанска банка даруваа крв во крводарителска акција
Околу 80 вработени во Стопанска банка АД – Скопје вчера учествуваа во крводарителска акција, покажувајќи хуманост и солидарност преку доброволно дарување крв.

Од Банката истакнаа дека со оваа акција вработените уште еднаш покажале дека и еден мал гест може да има големо значење за оние на кои им е потребна помош.
Стопанска банка упати благодарност до сите вработени кои учествуваа во акцијата, нагласувајќи дека со својата несебичност придонесуваат за поддршка, надеж и шанса за живот.

Крводарителската акција е дел од активностите преку кои Банката и нејзините вработени ја поддржуваат хуманоста и општествената одговорност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





