Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
Доколку имаш амбиција да работиш маркетинг во успешна финансиска компанија и имаш интересно искуство во маркетингот, стани дел од маркетинг тимот на Комерцијална банка АД Скопје!
Комерцијална банка АД Скопје нуди можност да учествуваш во креирањето на маркетинг стратегиите за цел спектар банкарски производи и услуги, да придонесуваш во одржувањето и развојот на еден од најпознатите домашни брендови, да работиш на креирање нови производи и понуди за клиентите на Банката, да развиваш комуникациски кампањи преку сите современи канали и алатки и да иницираш и организираш општествено одговорни проекти.
Доколку се пронаоѓаш во овие можности, Комерцијална банка те поттикнува да аплицираш на овој оглас.
Работна позиција: Соработник за маркетинг комуникации.
Тип на вработување: определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 34.170,00 денари.
Огласот важи до 24.03.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Реализација на маркетинг кампањи на Банката – брифирање и комуникација со маркетинг агенција, оцена на стратегиски и креативни предлози од агенцијата, следење на реализацијата на кампањите и остварените ефекти;
- Управување со активности на социјалните мрежи и дигиталните канали;
- Учество во креирање маркетинг планови и буџети;
- Истражување на пазарот, следење на најновите трендови во маркетингот, финансиите, дигиталните медиуми;
- Давање предлози за нови или модификации на постојните производи, услуги и канали, предлози за комуникациски активности и за зголемување на задоволството на клиентите;
- Одржување на веб страницата на Банката, SEO и работа на зголемување на нејзиниот сообраќај;
- Спроведување спонзорства и донации на Банката;
- Организирање настани и промотивни презентации;
- Обработка на понуди од медиуми и соработници;
- Тековна комуникација со маркетинг агенција, координирање на активности за нарачки и дистрибуција на промотивни материјали итн.

Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование со најмалку 180 кредити според (ЕКТС) или VII-1 степен (ќе се смета за предност Економски факултет од областа на маркетинг или е-бизнис);
- Најмалку 3 години работно искуство (ќе се смета за предност искуство во делот на маркетинг, комуникации, брендинг, дигитални медиуми, организирање настани или промоции);
- Наклонетост кон креативно и иновативно размислување;
- Комуникациски вештини, иницијативност, желба за работа во тим;
- Познавање aнглиски јазик и MS Office алатки;
- Способност за планирање и работа со дадени рокови и за организирање повеќе активности истовремено со цел непречено извршување на обврските;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Работа на значајни проекти и на развој на еден од најпознатите домашни брендови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека итн.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирај на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Соработник за маркетинг комуникации”.
Телефон за контакт: (02) 3168-467
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециТТК Банка: Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 8 мај 2026 година
