Connect with us

Банки

Halk Premium: Низа банкарски и дополнителни поволности за 300 денари месечно

Објавено

на

Halkbank АД Скопје ги промовира поволностите на Halk Premium пакетот, наменет за приматели на плата, кој за месечен надомест од 300 денари обединува повеќе банкарски и дополнителни услуги.

Пакетот вклучува Mastercard World дебитна картичка, влез во деловни салони и Fast Track услуги на аеродроми, асистенција на пат во Европа и патничко осигурување со покритие од 10 дена.

Меѓу поволностите е и повлекување готовина без провизија од сите банкомати во земјата, како и користење електронско и мобилно банкарство 24/7 и СМС известување.

Корисниците на пакетот добиваат и ORYX Home Assistance, услуга која обезбедува 24-часовна асистенција во домот.

Halk Premium е достапен за 300 денари месечно, а повеќе информации за условите и услугите во пакетот се достапни на веб-страницата на Halkbank.

Банки

АЛТА БАНКА Белград ја зацврсти контролата врз АЛТА банка Битола – уделот достигна 95,25%

Објавено

на

АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 56 обични акции од македонската банка.

По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.408 обични акции, односно со 95,2506 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.

Информацијата е објавена во известување за промена кај акционер со значителен удел, согласно Правилата за котација на Македонската берза.

Известувањето е објавено врз основа на член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со промотивен депозит: Фиксна камата од 3,5% во денари и 2,6% во евра

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата за НЛБ Промотивниот депозит со рок на орочување од 25 месеци.

За депозитите во македонски денари фиксната каматна стапка изнесува 3,5%, додека за депозитите во евра изнесува 2,6%.

Промотивниот депозит е достапен преку мобилното банкарство мКлик, преку кое клиентите можат да ги орочат своите средства со однапред утврдена каматна стапка за целиот период.

Продолжи со читање

Банки

Чадиковски: Брзите и сигурни дигитални плаќања стануваат стандард, довербата останува клучна

Објавено

на

Дигитализацијата во банкарскиот сектор повеќе не е само прашање на технологија, туку пред сè на доверба, безбедност и подобро корисничко искуство. Ова беше една од главните пораки на панел-дискусијата „Digital First, Human Always: The Future of Customer-Centric Financial Services“, одржана во рамки на Finelevate Digital Summit 2026.

На панелот учествуваше и Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка, кој говореше за дигиталните плаќања, примената на вештачката интелигенција и улогата на банките во создавањето поквалитетно искуство за клиентите.

Според Чадиковски, брзите, едноставни и сигурни дигитални плаќања во следните години ќе станат стандардно очекување на клиентите, додека вредноста на банките сè повеќе ќе се темели на довербата, безбедноста и заштитата од измами.

„Вредноста на банката ќе биде во довербата, безбедноста, заштитата од измами и во способноста да понуди интегрирано и релевантно клиентско искуство. Вештачката интелигенција ќе придонесе за поперсонализирани и подостапни услуги, но човечкиот однос, советувањето и одговорноста остануваат незаменливи во важните финансиски одлуки“, истакна Чадиковски.

Тој нагласи дека дигиталната трансформација може да се смета за успешна кога истовремено ја поедноставува услугата и ја зајакнува довербата на клиентите.

Пораката од дискусијата е дека иднината на финансиските услуги ќе биде сè повеќе дигитална, но човечкиот однос и довербата ќе продолжат да имаат клучна улога во банкарството.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange