Банки
ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматите? – Инфлацијата и енергетскиот шок отвораат нов ризик за економијата во еврозоната
Европската централна банка (ЕЦБ) се соочува со нов притисок за зголемување на каматните стапки во септември, откако инфлацијата во еврозоната повторно се оддалечи од целното ниво од 2%.
Инфлацијата во јули достигна 2,9%, наспроти 2,8% во јуни, а дополнителен ризик претставува растот на цените на енергенсите. Цените на енергенсите на годишно ниво се зголемија за околу 10%, што го зголемува ризикот од дополнителен инфлациски притисок врз економијата.
Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, оцени дека монетарната политика треба дополнително да се заостри за инфлацијата на среден рок повторно да се приближи до целта.
На пазарите веќе се зголемуваат очекувањата дека ЕЦБ би можела да ја зголеми депозитната каматна стапка од 2,25% на 2,50% на септемврискиот состанок. Централната банка во јуни ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени, додека во јули ги остави непроменети.
Што значи тоа за граѓаните и бизнисот?
Ново зголемување на каматите би значело поскапо финансирање, особено доколку повисоките трошоци постепено се пренесат во банкарскиот сектор. Тоа би можело да создаде дополнителен притисок врз каматите на станбените, потрошувачките и корпоративните кредити.
Конечната одлука на ЕЦБ ќе зависи од податоците за инфлацијата, економската активност и движењето на енергетските цени што ќе бидат достапни пред септемврискиот состанок.
Банки
Халкбанк започна со исплата на августовските пензии
Пензиите за месец август од денеска, 27 август 2026 година, се достапни за клиентите на Халкбанк АД Скопје, информираат од Банката.
Средствата се префрлени на сметките на пензионерите и можат да се користат во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.
Пензионерите кои претходно дале согласност, своите пензии можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Од Халкбанк ги информираат своите клиенти дека средствата се веќе достапни за користење.
Банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 28 август
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат во петок, 28 август 2026 година, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
Од Банката информираат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да користат дел од банкарските услуги.
За уплата и подигнување готовина достапни се банкоматите на Банката, додека за останатите финансиски трансакции клиентите можат да ги користат Интернет банка и мБанка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 ќе бидат достапни дигитализираната експозитура на улица „Македонија“ во Скопје, како и дигиталните делови на повеќе експозитури низ Скопје и земјата.
Дигитални услуги ќе бидат достапни на локациите во ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија, како и во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово – Илинденска.
За клиентите кои имаат потреба од банкарски услуги на 28 август, Банката препорачува користење на дигиталните канали и широко распространетата мрежа на банкомати.
Банки
ТТК Банка го објави празничното работно време: Три експозитури ќе работат на 28 август
ТТК Банка АД Скопје информира дека по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во петок, 28 август 2026 година, ќе работат три експозитури со редовно работно време од 8:00 до 16:00 часот.
| Филијала/Експозитура | Адреса | Работно време |
| Филијала Тетово | бул. „Илинденска“ бр.2б, Тетово | 8:00 до 16:00 часот |
| Експозитура Куманово 1 | ул. „ЈНА“ бр.102, Куманово | 8:00 до 16:00 часот |
| Експозитура Дебар | ул. „8-ми Септември“ бр. 16, Дебар | 8:00 до 16:00 часот |
За клиентите кои нема да ги користат услугите во филијалите, Банката потсетува дека во текот на празничниот ден се достапни услугите преку TTK M-bank, TTK E-bank, како и мрежата на банкомати.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка бара агент за грижа на корисници
-
Кариерапред 1 месецСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти





