Кариера
НЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
НЛБ Групацијата бара професионалец од областа на управување со ризици или финансии кој ќе се приклучи на Групациската функција Group Independent Validation Function — независна функција од втората линија на одбрана, која ја поддржува усогласеноста со Базелските принципи BCBS 239.
Позицијата нуди можност за работа на ниво на Групацијата со податоци од областа на управување со ризици, финансиско и регулаторно известување, управување со податоци, контролни механизми и процеси за известување во различни членки и функции на НЛБ Групацијата.
Оваа улога е наменета за професионалци кои сакаат да анализираат комплексни податоци, да ги преиспитуваат претпоставките и независно да оценуваат дали податоците се точни, целосни и веродостојни, а процесите и контролите се соодветни и ефективни.
Локација: Скопје, со можност за работа од далечина или хибриден модел, во зависност од деловните потреби и локацијата на кандидатот.
Клучни одговорности:
- Оценување на процесите за агрегирање на податоци за управување со ризици, финансиско и регулаторно известување и поврзаните контролни механизми;
- Проверка на рамките за управување со податоци, вклучително сопственост на податоците, одговорност, ескалација и управување со идентификувани слабости;
- Оценување на деловните правила за квалитет на податоците, усогласувањата, контролите во известувањето и процесите за управување со исклучоци;
- Проценка дали извештаите од областа на управување со ризици и финансии се точни, целосни, навремени, јасни и соодветни за нивната намена;
- Идентификување контролни слабости, недоследности и области во кои е потребна корективна активност;
- Спроведување независни тестирања на избрани податоци, пресметки, контроли и извештајни резултати;
- Подготовка на јасни наоди, заклучоци и препораки;
- Следење на реализацијата на корективните активности и оценување дали утврдените слабости се соодветно отстранети;
- Соработка со колеги од Ризици, Финансии, ИТ, Управување со податоци, Усогласеност и Внатрешна ревизија.
Потребни квалификации и компетенции:
- Високо образование од областа на финансии, управување со ризици, економија, сметководство, деловна администрацијаили сродна област;
- Најмалку пет години релевантно професионално искуство во една или повеќе од следните области:
- o Управување со ризици
- o Финансии или финансиско известување
- o Регулаторно известување
- o Управување со податоци и квалитет на податоци
- o Внатрешна ревизија
- Добро познавање на процесите за известување, контролите, управувањето со податоци и концептите за квалитет на податоците;
- Силни аналитички способности и внимание на детали;
- Способност за самостојна и објективна проценка, со донесување заклучоци и препораки врз основа на факти, анализи и докази;
- Одлични комуникациски вештини (писмени и усни);
- Способност за ефикасна соработка со различни функции и повисоки нивоа на менаџмент;
- Одлично познавање на англискиот јазик, писмено и усно.
Ќе се смета за предност:
- Искуство во банкарство или финансиски услуги;
- Познавање на BCBS 239 или други Базелски регулаторни рамки;
- Искуство со агрегирање на податоци и регулаторно известување;
- Искуство во втора линија на одбрана, внатрешна ревизија или независна валидација;
- Познавање на SQL, алатки за анализа на податоци или платформи за известување.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Позиција на ниво на Групацијата со пристап кон различни членки на НЛБ Групацијата
- Можност за развој на специјализирана експертиза во BCBS 239;
- Соработка со искусни професионалци од Ризици, Финансии, ИТ и Управување со податоци;
- Работа на комплексни активности од висока важност и реално значење за Групацијата;
- Високо ниво на професионална независност и одговорност;
- Флексибилен модел на работа;
- Теренска работа и патувања во рамки на регионот на НЛБ Групацијата.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected] или со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk, со назнака “Специјалист за Управување со ризици / финансии” најдоцна до 31.08.2026 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник
НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.
Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.
Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.
Кариера
Иуте Македонија го проширува тимот: Отворена позиција за Раководител на дигитални кориснички операции
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.
Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:
Раководител на дигитални кориснички операции
Твојата мисија?
Одговорен/на за развој и управување со дигиталните кориснички операции преку интеграција на AI решенија, со цел создавање едноставно, брзо и персонализирано корисничко искуство, раст на продажбата и зголемување на долгорочната вредност на клиентите.
Што ќе движиш?
- Ќе управуваш со моделот на работа во кој вештачката интелигенција и човечките агенти работат интегрирано.
- Ќе го водиш целиот кориснички пат – од прв контакт, продажба и поднесувањето барање, до проценката на кредитоспособност, одлуката, реализацијата на финансиската услуга, дополнителната продажба, корисничката поддршка и задржувањето на клиентите.
- Ќе управуваш со AI-поддржани дигитални кориснички операции
- Ќе развиваш и унапредуваш дигиталните процеси за сите финансиски услуги во екосистемот.
- Идентификување на процеси кои можат да бидат дигитализирани и автоматизирани преку вештачка интелигенција.
- Ќе ја следиш и подобруваш успешноста на автоматизираните и човечките интеракции со клиентите.
- Зголемување на продажбата и користењето на дигиталните финансиски услуги преку персонализирани понуди и data-driven пристап
- Следење на клучните показатели за продажба, продуктивност, квалитет на услугата, задоволство на клиентите и ефикасност на автоматизацијата.
- Водење на трансформацијата од традиционален контакт-центар кон интелигентна, дигитална и автоматизирана корисничка операција.
Кого бараме?
✔ Универзитетско образование.
✔ Најмалку 3-5 години искуство во управување со операции, корисничко искуство, дигитални канали, контакт центар или сродни функции.
✔ Искуство во водење тимови и управување со перформанси.
✔ Разбирање на AI, автоматизација и дигитални платформи, како и нивна примена во подобрување на корисничкото искуство и продуктивноста.
✔ Докажано искуство во управување со KPI-и и реализација на деловни цели преку анализа на податоци.
✔ Искуство во управување со трансформациски проекти и воведување нови процеси или технологии ќе се смета за предност.
✔ Дигиталните производи, продажбата и аналитиката ти се природен јазик.
✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски јазик.
✔ Проактивен лидер со силни комуникациски и преговарачки вештини, ориентиран кон резултати и носење одлуки.
✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.
Што добиваш?
-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари
-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание
-Континуиран развој, учење и професионален раст
-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
-Тимбилдинзи во земјата и странство
-Спортски активности
-Дополнителни здравствени прегледи
Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку, технологија, дигитални екосистеми и исклучително корисничко искуство – време е да се запознаеме.
📅 Аплицирај до: 25 Септември 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на дигитални кориснички опрации
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.
Кариера
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во СКОПЈЕ.
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Продажба на банкарски производи и услуги;
- Промотивни активности на новите производи;
- Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
- Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
- Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
- Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
- Следење на конкуренцијата;
- Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
- Вршење на благајнички работи, по потреба;
- Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен пристап кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 20.09.2026 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 1 месецМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Осигурувањепред 2 месециЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје

