Останато
Големо партнерство за големи фудбалски моменти – Иуте и МТЕЛ со ексклузивна понуда создадена за најголемите спортски возбудувања
Во периодот кога милиони навивачи ширум светот се подготвуваат за следење на најважните фудбалски натпревари во годината, Иуте Македонија и МТЕЛ започнуваат ново партнерство кое носи ексклузивни придобивки за корисниците.
Со оваа соработка, двете компании ги обединуваат дигиталните решенија, современата технологија и флексибилните финансиски услуги со цел да им овозможат на корисниците искуство со уникатни бенефиции и можности.
Првата заедничка понуда е наменета за сите љубители на спортот, филмовите и квалитетната телевизиска содржина. Корисниците кои ќе активираат или обноват MOVE пакет на 24 месеци, ќе можат да купат Samsung телевизор со ексклузивен попуст од 50%, а плаќањето се реализира преку Иуте со можност за купување на 4 рати и 0% трошоци преку iute Smart.
„Партнерството со МТЕЛ е уште еден чекор во нашата мисија да им овозможиме на корисниците пристап до производи и услуги кои го подобруваат нивното секојдневие. Веруваме дека комбинацијата од врвна технологија и едноставни паметни начини на плаќање создава вистинска вредност за корисниците токму во период кога интересот за телевизиска содржина и спортски настани е на највисоко ниво“ – вели Игор Трпковски, Директор на продажба во Иуте Македонија.
Во време кога домот повторно станува центар на најголемите спортски емоции, ова партнерство доаѓа како вистинска можност за оние кои размислуваат за подновување со нов телевизор и супер забавно искуството при следење на омилените натпревари, серии и филмови.
Ова е само почеток на соработката помеѓу Иуте Македонија и МТЕЛ, која во иднина ќе донесе нови поволности, иновативни понуди и уште повеќе можности за корисниците.
Повеќе информации за понудата се достапни на продажните места на МТЕЛ и тука.
Останато
УЈП со засилени контроли во туристичката сезона: Приходите од издавање апартмани и соби мора да се пријават
Управата за јавни приходи (УЈП) започна со засилени активности во текот на летната туристичка сезона, со посебен фокус на приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети.
Од УЈП информираат дека активностите се насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за сите што вршат дејност во туристичкиот сектор.
Во фокусот се приходите од издавање апартмани, станови, куќи, викендички, соби и други сместувачки капацитети, како и приходите од други сезонски дејности поврзани со туризмот.
УЈП најавува практични насоки за пријавување на доходот, директна комуникација со даночните обврзници, размена на информации со други институции на државно и локално ниво, анализи на ризик и насочени контроли. Предвидена е и информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи.
Од институцијата потсетуваат дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикуваат граѓаните навремено да ги исполнат своите даночни обврски.
„Целта не е само да укажеме на законските обврски, туку да им помогнеме на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат“, посочуваат од УЈП.
Управата најавува дека ќе продолжи со анализи и контроли базирани на ризик, со цел еднаква примена на законите и спречување нелојална конкуренција кон оние што редовно ги исполнуваат своите обврски.
Останато
Finelevate Digital Summit 2026 ќе ги собере водечките актери од финансискиот сектор на 16 септември во Скопје
На 16 септември 2026 година, во Skopje Marriott Hotel, ќе се одржи Finelevate Digital Summit 2026, деловна конференција посветена на иднината на дигиталните финансии, иновациите и трансформацијата на банкарскиот, осигурителниот и финтек секторот.
Конференцијата ќе обедини претставници од банки, осигурителни компании, финтек компании, регулатори, јавни институции, технолошки компании и експерти од регионот, со цел да се отвори суштинска дискусија за следната фаза на развој на финансискиот сектор.
Фокусот на настанот ќе биде ставен на клучните теми кои директно ја обликуваат иднината на финансиските услуги: дигитално банкарство, платежни иновации, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, дигитален идентитет, модернизација на податоци, регулаторна усогласеност и нови модели на клиентско искуство.
Под мотото „Иднината не чека. Создадете пред промената да стане очигледна.“, Finelevate Digital Summit 2026 има за цел да поттикне практична размена на знаење, стратешки дијалог и поврзување меѓу институциите и компаниите кои активно ја креираат дигиталната трансформација на финансискиот пазар.
Настанот е организиран од Finelevate, независна бизнис, истражувачка и advisory платформа насочена кон забрзување на дигиталната трансформација, иновациите и конкурентноста на финансискиот сектор во Македонија и регионот.
Агендата, говорниците и деталите за учество ќе бидат објавени дополнително преку официјалните канали на Finelevate.
Повеќе информации се достапни на:
Останато
Ребалансот носи дополнителни средства за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции
Владата го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се вградени амандманите прифатени во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Со измените се предвидуваат дополнителни средства за жените што се занимаваат со земјоделска дејност, како и пари за воспоставување национална СОС-линија за поддршка на жртвите на семејно и родово насилство.
Предвидено е и финансирање за отворање и ставање во функција на два центри за згрижување жртви на семејно и родово базирано насилство.
Дополнетиот предлог-ребаланс, заедно со вградените амандмани и предложените измени, ќе биде доставен до Собранието на усвојување.
Вкупните буџетски приходи се планирани на 379,5 милијарди денари, додека расходите се проектирани на 425,8 милијарди денари.
Дополнителни средства се обезбедуваат за земјоделските субвенции, железничкиот сообраќај, спортот, како и за подобрување на студентскиот и ученичкиот стандард.
Со ребалансот се зголемува поддршката и за најранливите категории граѓани преку социјални надоместоци, заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација. Повеќе средства се предвидуваат и за здравствената заштита.
Капиталните инвестиции се проектирани на околу 46 милијарди денари, што претставува зголемување од 14,5 проценти во споредба со првичниот Буџет. Истовремено, се предвидува намалување на расходите за стоки и услуги.
Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 проценти од бруто-домашниот производ, а очекуваниот економски раст изнесува 3,5 проценти.
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНовата Централа на Стопанска банка – прва LEED Gold сертифицирана зграда во земјата
-
Кариерапред 2 месеци
Работната недела во ЕУ се скрати на 35,9 часа
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк



