Connect with us
no baners

Бизнис

Славески од Приштина: Финансиската стабилност мора да остане приоритет во дигиталната ера

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот семинар „Криптосредства и дигитални пари“ во Приштина, каде што претставници на централните банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разговараа за предизвиците и можностите што ги носи дигитализацијата на финансискиот систем.

На панел-дискусијата посветена на регулативата и политиките за криптосредствата и дигиталните пари, Славески се осврна на ризиците што овие нови финансиски инструменти можат да ги имаат врз финансиската стабилност и монетарната политика.

Тој истакна дека брзиот развој на дигиталните форми на пари отвора значајни можности за подобрување на финансиските услуги, поефикасни плаќања и поголема финансиска вклученост на граѓаните и компаниите.

Сепак, гувернерот нагласи дека паралелно со придобивките се појавуваат и нови предизвици поврзани со зачувувањето на финансиската стабилност, заштитата на потрошувачите, спречувањето на перењето пари и одржувањето на монетарниот суверенитет.

Регионалниот семинар беше организиран од Central Bank of the Republic of Kosovo и претставуваше платформа за размена на искуства и ставови за иднината на дигиталните финансии во регионот.

Бизнис

УЈП ја пушти во тестирање веб-апликацијата за е-Фактура, започна третата фаза од проектот

Објавено

на

Управата за јавни приходи ја започна третата фаза од проектот е-Фактура, со која на компаниите им се овозможува тестирање на системот преку нова веб-апликација наменета за електронска размена на фактури.

Од УЈП информираат дека во оваа фаза деловните субјекти ќе можат да креираат, испраќаат, прифаќаат, одбиваат и сторнираат електронски фактури во тест-околина, без оглед на нивната големина или степенот на техничка подготвеност.

Проектот досега помина низ две развојни етапи. Во првата беше тестирана интеграцијата на ERP-системите на компаниите со платформата е-Фактура, додека во втората беа воведени дополнителни API-сервиси за преземање и обработка на електронски фактури, како и можност за тестирање на повеќе даночни индикатори.

Новата веб-апликација поддржува тестирање на општа фактура со 12 даночни индикатори и има за цел да им овозможи на компаниите полесна подготовка за идната примена на системот.

За потребите на структурираното тестирање, УЈП воспоставила соработка со околу 200 компании кои ќе учествуваат како избрани тестирачи. Тие, во координација со даночни агенти од институцијата, ќе тестираат различни сценарија и ќе доставуваат повратни информации за функционирањето на платформата.

Паралелно со техничките активности, Управата продолжува и со едукативни активности за бизнис-заедницата. Досега се организирани околу 30 информативни средби преку стопанските комори и деловните здруженија, а во наредниот период се најавени нови презентации низ повеќе региони во државата.

Од УЈП најавуваат и дополнителни материјали за поддршка, вклучувајќи вебинар и детално упатство за користење на системот. Институцијата ги повика сите компании активно да ја користат тест-платформата и да доставуваат предлози, забелешки и информации за евентуални технички проблеми, со цел понатамошно унапредување на системот е-Фактура.

Особен акцент е ставен и на компаниите кои сè уште немаат назначено даночен агент, при што од УЈП ги охрабруваат да се вклучат во тестирањето и навремено да пријавуваат евентуални потешкотии при користењето на платформата.

Продолжи со читање

Бизнис

Експлодира интересот за соларни панели во Германија

Објавено

на

Војната во Иран предизвика неочекуван бум во германската соларна индустрија, бидејќи растечките цени на нафтата и гасот ги поттикнуваат сопствениците на домови да инвестираат во соларни системи на покривите.

По неколку години силен раст, интересот за фотонапонски системи во Германија неодамна беше забавен, но актуелната енергетска неизвесност и најавите за промени во државните субвенции повторно ја раздвижија побарувачката.

Германското здружение на соларната индустрија соопшти дека повисоките трошоци за енергија и стравувањата од можно намалување на субвенциите за обновливи извори на енергија довеле до нагол раст на интересот за нови соларни инсталации.

„Гледаме знаци на исклучителен соларен бум, поттикнат од енергетската криза и загриженоста на потрошувачите поради можните кратења на субвенциите“, изјави извршниот директор на здружението, Карстен Керниг.

Дополнителен поттик дојде и од германската министерка за економија, Катарина Рајхе, која претстави планови за намалување на субвенциите за нови соларни системи. Тоа ги мотивирало многу сопственици на куќи побрзо да донесат одлука за инвестирање.

Иако новоинсталираните капацитети на станбени соларни системи во април пораснале за четири проценти на годишно ниво, компаниите од секторот наведуваат дека бројот на барања од клиенти и новите нарачки се зголемиле многу повеќе.

Податоците покажуваат дека во периодот од јануари до април новоинсталираните соларни капацитети на покривите на приватните домови биле за 16 проценти пониски во споредба со истиот период лани, но последните месеци носат силен пресврт.

Компанијата „Енпал“, една од најголемите германски фирми за инсталација на соларни панели, соопшти дека во март и април примила нарачки за нови фотонапонски системи во вредност од 250 милиони евра, односно повеќе од 30 проценти над нивото од минатата година.

Извршниот директор на компанијата, Марио Коле, изјави дека побарувачката за соларни системи и топлотни пумпи „експлодирала“ по избувнувањето на војната во Иран.

Сличен тренд забележува и енергетската компанија „Еон“. Раководителот на германскиот енергетски бизнис на групацијата, Филип Тон, изјави дека бројот на барања од приватни клиенти за соларни инсталации е повеќе од двојно зголемен во споредба со претходните месеци и со истиот период лани. Според него, ваквиот раст не може да се објасни само со сезонски фактори.

Продолжи со читање

Бизнис

Трамп повторно ја разгорува трговската војна: Нови царини до 12,5% за ЕУ и уште 59 земји

Објавено

на

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување нови увозни царини од 10 и 12,5 проценти за производи од 60 земји, вклучувајќи ја и Европската Унија, како дел од мерките за спречување на трговија поврзана со принудна работа.

Предлогот е поднесен од Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) во рамки на истрага за нефер трговски практики согласно Член 301 од американското трговско законодавство.

Според предлогот, царина од 10 проценти би се применувала за увоз од ЕУ, Велика Британија, Канада, Мексико, Тајван, Малезија, Бангладеш и други земји, додека за дополнителни 45 држави се предлага стапка од 12,5 проценти.

Од USTR посочуваат дека мерката има за цел да обезбеди поправедни услови за американските компании и работници, оценувајќи дека увозот на производи произведени со принудна работа создава нелојална конкуренција на американскиот пазар.

Истовремено, одредени категории производи ќе бидат изземени од новите царини, меѓу кои енергенси, ретки минерали, фармацевтски производи, органски хемикалии, делови за авиони, како и дел од земјоделските производи.

Новите трговски мерки доаѓаат во период на засилени глобални трговски тензии и би можеле дополнително да влијаат врз меѓународните синџири на снабдување, цените на производите и економските односи меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange