Connect with us

Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Објавено

на

Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра.

Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди преку издавање Еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Еден дел, односно 383,7 милиони евра беа предвремено исплатени во февруари 2026 година, додека останатиот дел од Еврообврзницата кон имателите коишто не прифатија предвремена исплата во февруари, беше исплатен денеска.

„Со исплата во износ од 327,9 милиони евра комплетно ја исплативме Еврообврзницата од 700 милиони евра, издадена во 2020 година. Таа е дел од обврските што како Министерство за финансии редовно и навремено ги сервисираме. Во втората половина од 2024 година, откако ја презедовме власта, исплативме обврски во износ од 786 милиони евра. Во текот на 2025 година исплатени се 2,198 милијарди евра и во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра, што во вкупен износ за целиот овој период изнесува  4,556 милијарди евра“, истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Министерството за финансии применува внимателен и сериозен пристап во управувањето со јавниот долг, а одлуката за предвремена отплата на Еврообврзницата донесе заштеди во Буџетот од 3,2 милиони евра. Ваквата определба за прудентно управување со јавниот долг ќе продолжи и во наредниот период преку финансирање на потребите на државата навремено и со најнизок можен трошок. 

Бизнис

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од 1 септември малопродажните цени во просек се намалуваат за 2,06 проценти во однос на претходната одлука од 24 август.

Од 00:01 часот на 1 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 94 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 95 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 97 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе се продава по цена од 44,410 денари за килограм.

Со новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за еден денар за литар. Дизелот, пак, поевтинува за 6,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло се намалува за 3,50 денари за литар. Мазутот поевтинува за 1,166 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека утврдените износи се максимални цени, а трговците можат нафтените деривати и горивата за транспорт да ги продаваат и по пониски цени.

Продолжи со читање

Бизнис

Макпетрол ги наградува акционерите: Од 31 август започнува исплатата на дивидендата!

Објавено

на

Макпетрол АД Скопје на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивидендата за 2025 година, согласно одлуката донесена на Годишното собрание на акционери.

Вкупниот бруто износ на дивидендата изнесува 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто дивиденда по акција.

Исплатата се реализира согласно Дивидендниот календар на Друштвото, донесен на 26 мај 2026 година, по усвојувањето на Годишната сметка за 2025 година.

Со исплатата на дивидендата, Макпетрол продолжува со распределба на дел од остварената добивка кон своите акционери, со што дополнително ја потврдува атрактивноста на акцијата на домашниот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Бизнис

Back to School понуда од Iute и Sport-M: 1.000 денари попуст за купување над 5.000 денари

Објавено

на

Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема.

Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци.

Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата на Sport-M.

Со оваа промотивна акција, iute и Sport-M им нудат можност на родителите и учениците навреме да се подготват за почетокот на новата учебна година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange