Бизнис
Нови правила на ЕУ: Крај за евтините пратки од Temu и AliExpress?
Купувањето евтини производи од платформи како Temu, Shein и AliExpress наскоро би можело значително да поскапи, откако Eвропската Комисија најави нови правила за мали пратки што пристигнуваат од земји надвор од Европската Унија, пред сè од Кина.
Според планот, од 1 јули 2026 година би се вовела посебна такса за пратки со вредност под 150 евра, кои досега често пристигнуваа без дополнителни трошоци. Предвидена е паушална такса од три евра по пакет, а можно е да има и дополнителни давачки во зависност од видот на производот.
Податоците на Европската комисија покажуваат дека во ЕУ секојдневно пристигнуваат околу 12 милиони мали пакети, при што дури 91 процент доаѓаат од Кина.
Главната причина за новите мерки е засилување на контролата врз евтините производи кои, според Брисел, често не ги исполнуваат безбедносните стандарди на ЕУ, особено кога станува збор за козметика, електроника и производи за деца.
Новите правила би можеле да создадат и дополнителни трошоци за купувачите кои не се задоволни од нарачаната стока. Иако враќањето на пратките ќе остане можно, царинските давачки и дополнителните трошоци најверојатно нема да бидат рефундирани.
Најпогодени би биле токму кинеските платформи кои последниве години доживеаја огромна популарност во Европа благодарение на ниските цени и бесплатната достава.
Во меѓувреме, големите логистички компании како DHL, FedEx и UPS предупредуваат дека новите правила може да предизвикаат доцнења и дополнително оптоварување на царинските системи низ Европа.
Бизнис
Back to School понуда од Iute и Sport-M: 1.000 денари попуст за купување над 5.000 денари
Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема.
Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци.
Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата на Sport-M.

Со оваа промотивна акција, iute и Sport-M им нудат можност на родителите и учениците навреме да се подготват за почетокот на новата учебна година.
Бизнис
Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната одлука од 17 август. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од 00:01 часот на 25 август.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по максимална цена од 95 денари за литар.
Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе чини најмногу 101,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари и ќе изнесува 100,50 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поскапува за 1,850 денари за килограм, па неговата нова максимална цена ќе биде 45,576 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека причина за новата корекција е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, цените на бензините се зголемиле во просек за 3,795 проценти, на дизелот за 4,842 проценти, на екстра лесното масло за 3,958 проценти, а на мазутот за 6,467 проценти.
Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците имаат можност нафтените деривати да ги продаваат и по пониски цени.
Бизнис
САД го продолжија рокот за „Лукоил“ да договори продажба на странските бизниси до 19 септември
Американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) го продолжи до 19 септември рокот во кој компаниите можат да преговараат со рускиот нафтен гигант „Лукоил“ за купување на неговите меѓународни бизниси.
Претходниот рок истекуваше на 22 август, но американските власти ја продолжија важноста на општата лиценца која им овозможува на заинтересираните компании да водат преговори и да склучуваат условни договори со „Лукоил“ за потенцијално преземање на неговите средства и операции надвор од Русија.
Продолжувањето на рокот им остава дополнително време на потенцијалните купувачи и на руската компанија да ги усогласат условите за евентуална продажба.
OFAC е институција во рамките на американското Министерство за финансии задолжена за спроведување на економските и трговските санкции на САД.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка бара агент за грижа на корисници
-
Кариерапред 1 месецСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти





