Бизнис
ЕУ привремено ги укинува царините за азотни ѓубрива за да им помогне на земјоделците
Советот на Европската Унија донесе одлука привремено да ги укине царините за увоз на азотни ѓубрива што се користат во земјоделското производство, како и за суровините за производство на ѓубрива, со цел да се намалат трошоците во производството на храна и кај производителите на ѓубрива.
Според Европската Комисија, се проценува дека поради укинувањето на царинските давачки увозните трошоци ќе се намалат за околу 60 милиони евра.
Дополнителна придобивка од мерката е продолжување на намалувањето на зависноста од ѓубрива што доаѓаат од Русија и Белорусија, како и диверзификација на трговијата со овие производи.
„Оваа одлука им овозможува на европските земјоделци подобар пристап до достапно и сигурно снабдување со ѓубрива. Тоа е добра вест и за земјоделскиот сектор и за потрошувачите. Во исто време го забрзуваме намалувањето на зависноста од Русија и Белорусија и градиме поотпорни синџири на снабдување и партнерства во други делови од светот“, изјави министерот за финансии на Кипар, Макис Керавнос.
Неговата земја до крајот на јуни претседава со ЕУ.
Во пракса, привременото укинување на царините ќе важи само за производи кои сè уште не се увезуваат во ЕУ по преференцијален режим без царини. За да се балансираат интересите на сите учесници на пазарот, мерката е ограничена на количина еднаква на увозот по преференцијален режим во 2024 година, плус дополнителни 20 проценти од увозот од Русија и Белорусија во истата година.
Укинувањето на царините нема да важи за ѓубривата увезени од Русија и Белорусија.
Иако мерката е предвидено да важи една година од објавувањето во Службениот весник на ЕУ, Брисел ќе ја следи состојбата на пазарот на ѓубрива и, доколку биде потребно, ќе предложи измени во спроведувањето или продолжување на рокот на важност.
Во 2024 година, ЕУ увезла два милиони тони амонијак и 5,9 милиони тони уреа за производство на азотни ѓубрива. Дополнително биле увезени 6,7 милиони тони азотни ѓубрива и мешавини што содржат азот.
Иако значителен дел од овие производи доаѓаат од земји кои веќе имаат преференцијален царински третман, големи количини и натаму се увезуваат од држави за кои важи стандардниот царински режим, при што царинските стапки моментално се движат меѓу 5,5 и 6,5 проценти.
Бизнис
Back to School понуда од Iute и Sport-M: 1.000 денари попуст за купување над 5.000 денари
Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема.
Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци.
Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата на Sport-M.

Со оваа промотивна акција, iute и Sport-M им нудат можност на родителите и учениците навреме да се подготват за почетокот на новата учебна година.
Бизнис
Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната одлука од 17 август. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од 00:01 часот на 25 август.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по максимална цена од 95 денари за литар.
Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе чини најмногу 101,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари и ќе изнесува 100,50 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поскапува за 1,850 денари за килограм, па неговата нова максимална цена ќе биде 45,576 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека причина за новата корекција е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, цените на бензините се зголемиле во просек за 3,795 проценти, на дизелот за 4,842 проценти, на екстра лесното масло за 3,958 проценти, а на мазутот за 6,467 проценти.
Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците имаат можност нафтените деривати да ги продаваат и по пониски цени.
Бизнис
САД го продолжија рокот за „Лукоил“ да договори продажба на странските бизниси до 19 септември
Американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) го продолжи до 19 септември рокот во кој компаниите можат да преговараат со рускиот нафтен гигант „Лукоил“ за купување на неговите меѓународни бизниси.
Претходниот рок истекуваше на 22 август, но американските власти ја продолжија важноста на општата лиценца која им овозможува на заинтересираните компании да водат преговори и да склучуваат условни договори со „Лукоил“ за потенцијално преземање на неговите средства и операции надвор од Русија.
Продолжувањето на рокот им остава дополнително време на потенцијалните купувачи и на руската компанија да ги усогласат условите за евентуална продажба.
OFAC е институција во рамките на американското Министерство за финансии задолжена за спроведување на економските и трговските санкции на САД.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка бара агент за грижа на корисници
-
Кариерапред 1 месецСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти





