Connect with us

Осигурување

Хрватската осигурителна компанија Кроација Осигурување меѓу европските компании со најголем раст на акциите во 2026 година

Објавено

на

Акциите на Кроација Осигурување годинава бележат раст од 62 проценти, со што најголемата хрватска осигурителна компанија се најде меѓу европските фирми со најдобри берзански перформанси во 2026 година, покажува анализа на Euronews.

Компанијата, чија пазарна капитализација се проценува на околу една милијарда евра, е издвоена како лидер во финансискиот сектор, а интересот на инвеститорите се поврзува со влезот на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната.

Најголем раст на европските берзи годинава има шведската компанија „Сиверс Семикондакторс“, чии акции скокнале за дури 947 проценти. Компанијата произведува фотонски и полупроводнички компоненти што се користат во дата-центри за вештачка интелигенција и 5Г мрежи.

Веднаш зад неа е францускиот „Сојтек“, со раст од 639 проценти, благодарение на производството на иновативни материјали за полупроводници.

Во енергетскиот сектор, меѓу најуспешните се британските компании („Церес Пауер“) и („ИТМ Пауер“), кои работат на технологии за водород и горивни ќелии. Акциите на Церес Пауер пораснале за 237 проценти, додека ИТМ Пауер бележи раст од 173 проценти.

Во здравствениот сектор се издвојува францускиот („Нанобиотикс“), чии акции пораснале за 89 проценти по напредокот во тестирањето нова терапија за лекување рак.

Раст од 64 проценти има и „Јутелсат“, поттикнат од зголемениот интерес на Европа за алтернативи на сателитскиот интернет Старлинк на Илон Маск.

Според анализата, корист од кризата на Блискиот Исток имал и луксембуршкиот бродски оператор „Д’Амико Интернешнл Шипинг“, чии акции пораснале за 84 проценти поради нарушувањата во глобалниот транспорт.

Кроација Осигурување работи и на повеќе пазари во регионот, меѓу кои Словенија, Србија и Северна Македонија.

Осигурување

ЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје

Објавено

на

Осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија го промени името во Алта Осигурување, по преземањето од страна на Давор Мацура, сопственик на српската финансиска групација Алта Груп, покажува известувањето објавено на Македонската берза.

Истовремено, седиштето на компанијата е преместено од Битола во Скопје.

Мацура во март годинава ги купи сите 60.000 акции на ЗОИЛ Македонија во блок-трансакција, за вкупно 104,9 милиони денари, односно околу 1,7 милиони евра.

По преземањето следуваше и докапитализација на осигурителната компанија во износ од 1,3 милиони евра, преку издавање 26.000 обични акции со номинална вредност од по 50 евра. Акциите целосно ги запишал и уплатил Мацура, со што вкупниот акционерски капитал на компанијата се зголеми на 4,3 милиони евра.

Според годишниот финансиски извештај, ЗОИЛ Македонија во 2025 година остварила нето-загуба по оданочување од 33,9 милиони денари, што е повеќе во споредба со загубата од 24,8 милиони денари една година претходно. Компанијата е основана во 2023 година.

Од Алта Груп претходно соопштија дека преземањето на осигурителната компанија е дел од стратегијата за регионално ширење и зајакнување на позицијата на групацијата на пазарот на финансиски услуги во Западен Балкан.

Со ова преземање, Алта Груп дополнително го проширува портфолиото на финансиски услуги, кое опфаќа банкарство, лизинг, електронски и платежни услуги, а сега и осигурување.

Алта Банка од Белград, која е дел од истата групација, минатата година стекна мнозински удел во Стопанска банка Битола, која подоцна беше преименувана во Алта Банка Битола.

Продолжи со читање

Бизнис

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје објави промена во менаџментот: Донесена одлука за отповикување член на Управниот одбор

Објавено

на

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преку соопштение на Македонската берза извести за промена во составот на Управниот одбор на друштвото.

Согласно одлуката донесена од Надзорниот одбор на 24 јули 2026 година, г. Игор Доневски е отповикан од функцијата член на Управниот одбор на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.

Одлуката е донесена во рамки на законската обврска за известување за промени во органите на управување и раководење, согласно Законот за хартии од вредност.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ е дел од финансиската групација ХАЛК, која преку своите активности на македонскиот пазар нуди услуги од областа на неживотно осигурување.

Фото: AI

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување со порака за Светскиот ден на грижата за себе: Осигурај се денес за посигурно утре

Објавено

на

На 24 јули се одбележува Светскиот ден на грижата за себе, ден посветен на потсетувањето дека грижата за сопственото здравје, благосостојба и сигурност треба да биде дел од секојдневието.

По тој повод, од Халк Осигурување порачаа дека грижата за себе денес претставува инвестиција во тоа како ќе се чувствуваме утре.

„Осигурувањето е еден од начините да се грижиш за себе – преку одлуки што се однесуваат и на денес и на иднината“, наведуваат од компанијата во објава на социјалните мрежи.

Со пораката „Покажи си самољубов. Осигурај се“, од Халк Осигурување потсетуваат на значењето на навремената грижа и носењето одлуки кои придонесуваат за поголема лична сигурност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange