Бизнис
Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка
Во период на интензивна дигитализација на финансискиот сектор, Flex Group ја потврди својата стратешка доминација со уште еден клучен деловен успех. Нивната членка, Flex Pay, официјално доби дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија за работење како институција за електронски пари.
Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно дигитализирани платежни решенија, носејќи ново искуство на тивки и невидливи плаќања. Овој успех доаѓа како логично продолжение на рекордниот раст на Flex Group, групација која преку своите членки е позиционирана како број 1 на македонскиот пазар на финансиски друштва.
За менаџментот на компанијата, лиценцата е само почетна точка во реализација на една поширока, глобална амбиција.
„Добивањето на лиценцата е потврда за нашиот професионализам, но за нас вистинскиот успех ќе дојде кога ќе изградиме институција што ќе стане глобален симбол за модерни и финансиски услуги. Сакаме да поставиме нов стандард на пазарот каде довербата и иновацијата одат рака под рака, креирајќи вредност за секој корисник“, изјави Сашка Костовска-Длака, генерална директорка на Flex Pay.
Flex Pay планира да ја редефинира достапноста на паричните трансфери и трансакции, водејќи се од корпоративното мото: „Платежни услуги за секого!“.
Со ова, Flex Group го заокружува својот екосистем, нудејќи интегрирана платформа која ги опфаќа сите аспекти на личните финансии – од кредитирање и осигурување, до наплата и најсовремени дигитални плаќања.
Бизнис
Флекс Кредит ја додели главната награда од 200.000 денари
Флекс Кредит ја објави добитничката на главната награда од својата летна наградна игра „200.000 причини за среќа“.
Среќната добитничка е Марица Н., со добитен број 813111, која освои 200.000 денари.
Од Флекс Кредит ѝ упатија честитки на добитничката, а воедно им се заблагодарија на сите учесници кои биле дел од летната кампања и ја дале својата доверба.
„Останете со нас – ве очекуваат уште многу нови изненадувања и убави можности“, порачаа од компанијата.

Во рамки на наградната игра беа предвидени и десет награди по 20.000 денари, како и главната награда во вредност од 200.000 денари.
Бизнис
Nvidia со Волстрит подготвува фонд од 500 милијарди долари за АИ инфраструктура
Nvidia се здружи со некои од најголемите банки и инвестициски компании на Волстрит со цел да обезбеди капитал од 500 милијарди долари за развој на инфраструктура за вештачка интелигенција.
Компанијата соопшти дека постигнала договори со Apollo, BlackRock, Blackstone, Brookfield, Goldman Sachs и KKR, а според најавите, инвеститорите за првпат почнуваат да ги третираат АИ хардверот и инфраструктурата како посебна класа на средства.
Извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, изјави дека компјутерската моќ станува директно поврзана со создавањето приходи во секторот на вештачка интелигенција, поради што компанијата ги обединува водечките светски извори на долгорочен капитал за финансирање на АИ инфраструктура.
Средствата се очекува да бидат насочени кон изградба на нови дата-центри, неопходни за сместување, работа и ладење на огромен број компјутерски чипови што се користат за обработка на податоци и извршување задачи поврзани со вештачката интелигенција.
Според Би-Би-Си, фондот би можел да финансира и нови фабрики за производство на АИ чипови, со цел да се зголемат производствените капацитети и нивната достапност за клиентите.
Од KKR оценуваат дека компјутерската моќ веќе се претвора во една од клучните инфраструктурни категории на глобалната економија.
Графичките процесори на Nvidia, познати како GPU, денес се користат од речиси сите големи технолошки и АИ компании. Меѓу нив се Google, Meta, Amazon, Microsoft, SpaceX, Tesla, OpenAI и Anthropic, кои ги користат чиповите за своите АИ платформи, услуги и чет-ботови.
Бизнис
Горивата поевтинуваат: Дизелот за 8 денари, бензините за 4 денари
Од полноќ горивата во Македонија ќе се продаваат по пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто во однос на претходната одлука од 4 август.
Од 00:01 часот на 11 август, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 87 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 89 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 91,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство 92,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе чини 43,538 денари за килограм.
Со новата одлука, двата вида бензин поевтинуваат за по 4 денари за литар, дизелот за 8 денари за литар, а екстра лесното масло за 6 денари за литар. Цената на мазутот се намалува за 2,881 денари за килограм.
Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светските пазари во однос на претходната пресметка бележат пад. Кај бензините намалувањето изнесува во просек 6,186 отсто, кај дизелот 10,435 отсто, кај екстра лесното масло 8,138 отсто, а кај мазутот 7,151 отсто. Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,0313 отсто.
Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 1 месецИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули



