Connect with us

Бизнис

Оилко КДА планира дивиденда од 600 денари по акција за 2025 година

Објавено

на

Компанијата „Оилко КДА“ од Скопје, која работи во транспорт и дистрибуција на нафтени деривати, планира да исплати бруто дивиденда од 600 денари по акција за 2025 година, што е на исто ниво како и минатата година.

Според предлогот објавен преку Македонската берза, вкупниот износ што ќе се распределува како дивиденда изнесува 141,5 милиони денари за изминатата година.

Акционерите ќе се изјаснат за оваа одлука на закажаното годишно собрание кое треба да се одржи на 27 мај.

Во меѓувреме, компанијата забележала раст на нето-добивката од 14 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 231,1 милион денари во 2025 година.

Акциите на „Оилко КДА“ последен пат се тргувале на 12 март на Македонската берза, по просечна цена од 6.000 денари по акција.

Анализи

Германија предупредува: До 2029 година економијата ќе се соочи со недостиг од 723 илјади квалификувани работници!?

Објавено

на

Германија се соочува со сè поголем недостиг на квалификувана работна сила, а до 2029 година бројот на непополнети работни места би можел да достигне околу 723 илјади. Тоа е речиси двојно повеќе од недостигот од околу 370.000 работници регистриран во 2025 година, покажува најновата студија на Институтот за германска економија (IW).

Најголем недостиг се очекува во продажбата, каде што до 2029 година би можеле да останат непополнети околу 39.100 работни места. Следуваат грижата за деца и образованието со недостиг од околу 29.900 работници и социјалната работа и социјалната педагогија со околу 23.600 лица.

Недостигот ќе биде изразен и во здравството и негата, каде што се очекуваат околу 18.700 непополнети позиции, како и во електроизградбата, со дефицит од околу 17.400 квалификувани кадри.

Според авторот на студијата, Александер Бурштеде, главна причина за влошувањето на состојбата е големиот број работници кои во следните години ќе заминат во пензија, додека на пазарот на трудот не влегуваат доволно млади кадри. Дополнителен предизвик е и сè потешкото привлекување квалификувани работници од странство.

Бурштеде предупредува дека евентуалното економско закрепнување би можело дополнително да ја зголеми побарувачката за квалификувана работна сила, со што притисокот врз германскиот пазар на трудот би се зголемил.

Проекциите на Институтот за германска економија (IW) се изработени врз основа на податоци достапни до крајот на 2024 година и укажуваат дека недостигот на кадар ќе биде еден од клучните предизвици за германската економија во наредните години.

Продолжи со читање

Бизнис

Финансиско решение по мерка: Iute со понуда за нови корисници до 60.000 денари

Објавено

на

Iute им нуди на новите корисници можност да обезбедат финансиски средства до 60.000 денари, со отплата на 18 месечни рати и фиксна месечна рата од 4.139 денари.

Според понудата, вкупната заштеда за целиот период на отплата може да достигне 9.414 денари, што ја прави оваа опција погодна за корисници кои бараат однапред познат месечен трошок и јасно дефиниран период на отплата.

Апликацијата е едноставна и брза, а понудата е наменета за нови корисници на Iute.

Со ваквите финансиски решенија, корисниците можат полесно да ги испланираат своите тековни потреби и обврски, со фиксна месечна рата во текот на целиот период на отплата.

Продолжи со читање

Бизнис

Над 900 учесници од 12+ земји ќе се соберат во Скопје на 9.Регионална конференција за е-трговија

Објавено

на

Скопје на 3 ноември повторно ќе биде центар на регионалната e-commerce сцена. Во Националната опера и балет ќе се одржи 9. Регионална конференција за е-трговија – E-commerce Conference 2026, под мотото „From Wait to Go: E-comm at AI Speed!“.

Овогодишното издание ќе обедини над 900 учесници, повеќе од 30 говорници, 50+ партнери и претставници од повеќе од 12 земји, продолжувајќи ја мисијата на конференцијата да ја поврзува e-commerce заедницата од Македонија и регионот на едно место.

Програмата ќе се одвива паралелно на две сцени и ќе ги опфати промените што веќе ја обликуваат иднината на е-трговијата – од генеративна вештачка интелигенција и AI агенти, до дигитален маркетинг, YouTube и видео стратегии, потрошувачко искуство, дигитални плаќања, автоматизација, нови технологии и прекуграничен раст. Главната сцена ќе биде посветена на најважните трендови, искуства и дискусии за иднината на е-трговијата, додека паралелната Hands-on сцена ќе понуди практични сесии, алатки, стратегии и конкретни примери применливи во работењето. Меѓу потврдените говорници се експерти од Google DeepMind, Amazon, LinkedIn и Tesla, заедно со водечки професионалци и претприемачи од регионот.

Посебен фокус и оваа година е ставен на регионалното поврзување, размената на искуства меѓу различни пазари и создавањето нови деловни можности. Конференцијата ќе собере компании за е-трговија, fintech компании, банки, технолошки компании, платформи, агенции и стартапи од повеќе пазари во регионот.

Преку официјалната мобилна апликација, учесниците ќе можат однапред да пронајдат релевантни контакти и да закажат 1-на-1 состаноци, за кои ќе биде обезбедена и посебна зона за состаноци. Дополнителни можности за регионално вмрежување ќе понудат VIP Networking приемот и ексклузивната забава по конференцијата.

Со девет изданија зад себе, конференцијата веќе има изградено силна регионална заедница. Досегашните изданија имаат просечна оценка од 4,62 од 5, а 93% од посетителите би ја препорачале конференцијата.

Деветтото издание се реализира со поддршка на Visa како платинум партнер, КаСис како стратешки партнер, Иуте Македонија како fintech партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Diners Club и Ананас како златни партнери, Комерцијална банка, Сава Пензиско и Халкбанк како сребрени партнери, Минт, Сава Осигурување, Унибанка, Евроинс, РСМ, Акција 24, Пивара Скопје и Зегин како бронзени партнери, како и бројни други партнери и соработници.

Пријавувањето за конференцијата е во тек, а повеќе информации за програмата и билетите се достапни на ecommerceconference.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange