Connect with us
no baners

Банки

Плаќај со Visa од Комерцијална банка и добиј шанса за патување во Disneyland® Париз

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa започна нова наградна игра во која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland Paris за четири лица.

Во периодот до 31 мај 2026 година, секое плаќање со Visa Debit, Visa Classic Revolving или Visa Classic Standard картичка од Банката носи една шанса (еден код) за учество во извлекувањето. Корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките добиваат двојна шанса, бидејќи секоја нивна трансакција се брои двојно (два кода).

Во наградната игра учествуваат сите трансакции направени со Visa картичка – без разлика дали плаќањето е извршено со физичка картичка, преку мобилен телефон или смарт часовник. Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за возбудливо патување во Disneyland® Париз.

Главната награда е патување во Disneyland® Париз за четири лица, а извлекувањето на добитникот ќе се одржи на 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк.

Банки

Светска банка планира финансиска помош од 80 до 100 милијарди долари за Блискиот Исток

Објавено

на

Светска банка би можела да обезбеди меѓу 80 и 100 милијарди долари финансиска помош за земјите силно погодени од војната на Блискиот Исток во период од околу 15 месеци, изјави претседателот на институцијата Аџај Банга, пренесува Хина.

Од вкупниот износ, меѓу 20 и 25 милијарди долари би биле достапни преку механизмот за одговор на кризи, кој им овозможува на државите да искористат до 10 проценти од веќе одобрените средства во рамки на постојните програми.

Дополнителни 30 до 40 милијарди долари би можеле да се обезбедат преку пренамена на средства од постојните програми, посочи Банга.

Тој нагласи дека доколку конфликтот продолжи и по овој период, ќе биде неопходно да се најдат нови извори на финансирање за да се достигне целта од 80 до 100 милијарди долари. Изјавата беше дадена на настан организиран од Bretton Woods Committee.

Групацијата на Светска банка веќе има искуство со брзи реакции во кризни ситуации, комбинирајќи итна финансиска помош со стручни совети за политики и поддршка на приватниот сектор, со цел обновување на работните места и поттикнување економски раст.

Целта е да се обезбеди брза поддршка преку постојното портфолио на проекти, воспоставување механизми за кризен одговор и обезбедување однапред договорени финансиски олеснувања за владите, компаниите и домаќинствата.

Во меѓувреме, Светска банка внимателно ги следи глобалните економски движења и одржува директна комуникација со најпогодените земји за подобро разбирање на состојбата на терен.

Претходно беше соопштено дека институцијата соработува со владите и приватниот сектор во ублажување на последиците од конфликтот, додека нарушувањата во синџирите на снабдување и растот на трошоците дополнително ги погодуваат пазарите во развој.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ сè уште чека со одлуката за зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европска централна банка (ЕЦБ) сè уште нема донесено одлука за можно зголемување на каматните стапки, бидејќи економското влијание од војната во Иран и натаму е неизвесно, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард за агенцијата Bloomberg.

Инвеститорите шпекулираат за можно зголемување на каматните стапки од страна на ЕЦБ уште овој месец, во обид да се ограничи новиот бран инфлација поттикнат од затворањето на стратешкиот Ормускиот теснец, клучен за транспорт на енергенси.

„Тоа не значи дека ќе одиме во еден или во друг правец и секако не ја одредува траекторијата на каматните стапки“, изјави Кристин Лагард во врска со ситуацијата во Иран, пренесува Данас, повикувајќи се на агенцијата Бета.

Централната банка на еврозоната ќе го одржи следниот состанок на 30 април.

Според основните проекции што ЕЦБ ги објави во март, влијанието од војната во Иран би требало да биде краткотрајно.

Сепак, ЕЦБ ја разгледува и можноста за најлошо сценарио, со значително повисок раст на цените на енергијата, зголемена неизвесност и меѓународни последици, како и сериозно сценарио во кое инфлацијата достигнува 4,8 проценти следната година.

Според Кристин Лагард, економијата во моментов се наоѓа „меѓу основното и најлошото сценарио“.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Како дел од делегацијата на Народната банка, на овие средби, ќе земат учество и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

За време на средбите, делегацијата ќе одржи состаноци со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, извршниот директор Жероен Клик и заменик извршниот директор Марникс ван Рај. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе се разговара за тековните економски состојби во земјава, за спроведувањето на монетарната политика и мерките коишто придонесуваат за постепена стабилизација на инфлацијата, како и за одржувањето на макроекономската стабилност.

Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерот, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната соработка. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата, каде што ќе се разговара за предизвиците со кои се соочуваат членките во контекст на тековните светски финансиски и геополитички движења, како и на тркалезната маса за спроведувањето на клонот на системот за инстант плаќање ТИПС (TIPS), развиен со поддршка на Европската централна банка.

Предвидени се средби и со претставници на Светската банка, заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка Шјиаочјинг Ју.

Пролетните средби претставуваат еден од најзначајните светски економски форуми, на кој секоја година, на едно место, се собираат носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки. Тие, годинава, ќе разговараат за влијанието на геополитичките случувања врз економијата, економската стабилност и економскиот раст, инфлацијата и монетарните политики, како и за дигитализацијата на финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange