Останато
Брисел бара реформи од Маѓар за одмрзнување на 35 милијарди евра од ЕУ
Европската комисија започна интензивни разговори со новото унгарско раководство по убедливата изборна победа на Петер Маѓар, испраќајќи јасна порака дека очекува брзо подобрување на односите со Украина и спроведување реформи за деблокирање на околу 35 милијарди евра европски средства.
Во Европска комисија победата на Маѓар се толкува како силен мандат за длабоки промени, но и како причина за зголемени очекувања од новата власт.
Според европски дипломати, меѓу првите тестови за Маѓар ќе биде деблокирањето на заемот на ЕУ за Украина во вредност од 90 милијарди евра, како и повлекување на унгарското вето на нов пакет санкции кон Русија.
Клучни услови за одмрзнување на средствата се реформите во правосудството и безбедносниот систем, промени во раководствата на најголемите јавни институции и државни компании, како и исполнување на 27 барања од Брисел. Тие вклучуваат антикорупциски проверки и поништување на дел од одлуките донесени за време на владеењето на Виктор Орбан, кои се сметаат за спротивни на правилата на ЕУ.
Дополнителен притисок врз Будимпешта создава и спорот околу миграциската политика. Поради одбивањето да се спроведе пресуда на Европски суд на правдата, Унгарија плаќа казна од еден милион евра дневно, сума која Брисел веќе ја одзема од нејзиниот дел од европскиот буџет.
Маѓар по изборната победа најави обновување на демократските механизми, приклучување кон Европското јавно обвинителство и формирање домашна антикорупциска агенција. Сепак, во Брисел владее претпазливост, со оглед на претходни искуства кога средства биле одмрзнати пред целосно да се реализираат реформите.
Дополнителна неизвесност создава и транзицискиот период од 30 дена до конституирањето на новиот парламент, во кој Орбан би можел да преземе потези што би го отежнале спроведувањето на најавените промени.
Останато
Америка заплени иранска криптовалута вредна милијарда долари
Соединетите Американски Држави запленија иранска криптовалута во вредност од околу една милијарда долари, во период кога се водат интензивни дипломатски активности поврзани со можен нов договор меѓу Вашингтон и Техеран.
Изјавата ја даде американскиот министер за финансии Скот Бесент, непосредно откако американскиот претседател Доналд Трамп одржа состанок со претставници на националната безбедност. На средбата бил разгледан предлог-рамка за потенцијален договор со Иран, кој би предвидувал продолжување на примирјето за дополнителни 60 дена, објави Скај њуз.
Во меѓувреме, иранските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, пренесоа дека Техеран бара ослободување на 12 милијарди долари замрзнат ирански имот како предуслов за продолжување на понатамошните преговори.
Засега не се соопштени дополнителни детали за запленетите дигитални средства, ниту за тоа на кој начин тие биле поврзани со ирански институции или субјекти.
Бизнис
Кражба од холивудски размери: Како хакер потрошил половина милион фунти од банкарската картичка на Џони Деп без актерот да забележи!?
Унгарската полиција уапси 27-годишен државјанин на Јордан под сомнение дека незаконски користел банкарски податоци на холивудскиот актер Џони Деп и потрошил речиси половина милион фунти од неговата сметка.
Според информациите објавени од странските медиуми, истрагата била покрената откако американска финансиска институција пријавила сомнителни трансакции до унгарската филијала на ФБИ. Подоцна било утврдено дека станува збор за сметката на Џони Деп, при што биле евидентирани 308 трансакции во периодот од јануари 2024 до декември 2025 година, во вкупна вредност од околу 619.500 евра.
Она што дополнително го привлекува вниманието е фактот што актерот, според извештаите, не забележал дека средствата исчезнуваат во период подолг од две години, сè додека банката не ги означила трансакциите како потенцијално сомнителни.
Осомничениот бил лоциран преку следење на IP адреси, е-мејл комуникација и телефонски броеви користени за онлајн купувања и резервации. Тој бил приведен во изнајмен стан во Будимпешта, каде што полицијата запленила електронски уреди за кои постои сомневање дека биле користени во измамата.
Истражните органи соопштија дека осомничениот ги негира обвиненијата, но му е одреден притвор, додека истрагата продолжува. Во тек е утврдување на начинот на кој биле компромитирани банкарските податоци на актерот, при што не се исклучуваат можности за кражба на податоци или злоупотреба при онлајн трансакции.
Случајот повторно ја отвора темата за дигиталната безбедност и заштитата на финансиските податоци, особено во услови на сè почести онлајн трансакции и глобална поврзаност на платежните системи.
Останато
УЈП: Само 3% од граѓаните ја провериле годишната даночна пријава за 2025
Само три проценти од граѓаните ја провериле својата годишна даночна пријава за 2025 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Според податоците на институцијата, од вкупно 862.896 генерирани годишни даночни пријави, заклучно со вчера биле потврдени само 27.788 пријави.
Од УЈП посочуваат дека иако институцијата ја изготвува годишната даночна пријава врз основа на расположивите податоци, законската обврска за пријавување на доходот е на секој граѓанин.
„Бројките покажуваат дека свеста за личната даночна одговорност сè уште не е на потребното ниво“, велат од УЈП.
Во насока на информирање на јавноста, УЈП испратила 493.182 лични пораки преку порталот „мојДДВ“, а комуницирала и со 1.349 буџетски корисници, 339 големи даночни обврзници, како и со стопански комори, со цел граѓаните да ги проверат своите даночни пријави.
Од институцијата предупредуваат дека непроверена пријава може да значи нецелосни или неточни податоци, што може да доведе до дополнителни постапки, одговорност и трошоци.
УЈП апелира граѓаните да ја проверат, потврдат или коригираат својата годишна даночна пријава најдоцна до 1 јуни.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 2 месециУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)


