Connect with us
no baners

Банки

„Ај реално“ – HALK EZ караван на кој ќе се слуша гласот и изборот на младите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, преку пакетот за млади Halk EZ, го започнува караванот „Ај реално“ – иницијатива што има за цел да им даде простор на младите да зборуваат отворено, без притисок и без страв од осуда. Првата станица на караванот е СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола. Караванот ќе го води младата Кики Мукаетова, која со искрен младешки пристап ќе разговара со средношколците на теми блиски до нивната реалност. Модератор на средбите ќе биде младиот актер Дејан Димоски.

„Ај реално“ не е класично предавање. Наместо тоа, средбите се замислени како отворен разговор, каде младите не се само слушатели, туку активни учесници. Преку лични приказни, искуства и интеракција, се отвораат теми што секојдневно ги засегаат – притисокот од околината, стравот од погрешни избори, дилемите околу иднината и првите чекори кон самостојноста.

Во време кога од младите се очекува да имаат одговори, „Ај реално“ тргнува од поинаква перспектива – дека е во ред да не си сигурен, но да имаш храброст да го пронајдеш сопствениот пат. Наместо да наметнува решенија, иницијативата отвора простор за прашања, размислување и личен избор.

За Кики, како една од бренд амбасадорите на Халк, ова е голем и искрен предизвик да се сретне со свои врсници и заедно, искрено да рушат бариери и предрасуди.

„Важно е да сме искрени и да разговараме. Ние припаѓаме на генерации што многу повеќе време поминуваат онлајн, отколку во живо. А тој контакт сфаќаме се повеќе дека ни е многу потребен. Да си се погледнеме во очи, да се прегрнеме, да си споделиме дека ни се случуваат слични работи, дека не е најстрашно нешто што ни се случува, да сфатиме дека не сме единствени. Како правиме избори? Колку е важно низ грешки да учиме? Да разговараме искрено? Колку често си го слушаме сопствениот глас? Ова се важни прашања што ќе се обидеме да ги отвориме низ караванот „Ај реално“. Се радувам на претстојните средби со моите врсници“ – вели Мукаетова.

Со караванот „Ај реално“, Халкбанк дава порака дека младите не треба да бидат само слушатели, туку гласови што се слушаат. Оваа иницијатива е дел од пошироката посветеност на банката да создава вредност за младата генерација, не само преку финансиски производи, туку и преку поддршка на нивниот развој, самодоверба и право на избор.

Караванот ќе продолжи во повеќе градови низ Македонија, со цел да допре до што повеќе млади и да поттикне отворен дијалог за теми што ги обликуваат нивните одлуки и иднина.

Банки

Народната банка објави конкурс за најдобро видео: награда од 60.000 денари

Објавено

на

По повод одбележувањето на 80 години централно банкарство во земјава, Народната банка објави конкурс за избор на најдобар видеоматеријал на социјалните мрежи на тема „Што значи за мене Народната банка?“.

За авторот на најдобриот видеоматеријал е предвидена нето-награда од 60.000 денари.

Целта на конкурсот е учесниците на креативен и разбирлив начин да прикажат како работењето на централната банка е поврзано со секојдневниот живот на граѓаните – од парите, заштедите и плаќањата, до пошироките финансиски одлуки.

Како можни теми за обработка, Народната банка ги посочува стабилноста на денарот и цените, инфлацијата и куповната моќ, стабилноста на девизниот курс, сигурноста на банкарскиот систем, плаќањата и платниот систем, девизните резерви, како и економската статистика и транспарентноста.

Сепак, овие теми се дадени само како насока, а учесниците имаат слобода сами да го изберат пристапот и начинот на кој ќе ја раскажат својата приказна. Видеото може да биде во форма на анимација, интервју, скеч, документарен запис или друг креативен формат.

Конкурсот е отворен во периодот од 1 до 31 октомври 2026 година.

За учество, видеото треба да биде објавено на личен профил на Facebook или Instagram, при што објавата задолжително треба да биде јавно достапна. Потребно е да се користи хаштагот #МојатаНБ, како и да биде означен официјалниот профил на Народната банка.

На Facebook официјалниот профил е @narodnatabanka, а на Instagram @narodnabanka.mkd.

Видеоматеријалот треба да биде оригинално авторско дело со времетраење до три минути, изработено на македонски или албански јазик.

Право на учество имаат сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија.

Со конкурсот, Народната банка настојува да го доближи значењето на централното банкарство до пошироката јавност и да поттикне поголемо разбирање за тоа како монетарната и финансиската стабилност влијаат врз секојдневието на граѓаните.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира својата понуда за потрошувачки кредит наменет за граѓаните кои планираат реновирање на домот, уредување или реализација на други лични планови.

Според информациите објавени од Банката, максималниот износ на кредитот достигнува до 2.500.000 денари, а една од главните карактеристики на понудата е можноста за брзо одобрување на кредитот, кое, како што посочуваат од НЛБ Банка, може да се реализира за само неколку минути.

Понудата е насочена кон клиентите на кои им е потребно дополнително финансирање за различни потрошувачки цели, меѓу кои реновирање и уредување на домот, како и други планирани трошоци.

Од НЛБ Банка ги повикуваат заинтересираните граѓани детално да се информираат за условите на промотивниот потрошувачки кредит преку официјалната интернет-страница на Банката.

При носење одлука за кредитно задолжување, покрај максималниот достапен износ и брзината на одобрување, значајно е да се земат предвид и каматната стапка, рокот на отплата, висината на месечната рата, провизиите и вкупниот износ што клиентот ќе го отплати во текот на целиот кредитен период.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка: Започна исплатата на септемвриските пензии

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека од денес (01.10.2026 година) средствата по основ на пензии за месец септември 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (1 октомври 2026 година).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange