Connect with us

Банки

Од утре нови ESG правила за компаниите: банките воведуваат унифициран национален прашалник

Објавено

на

Преку ESG Комисијата при Македонската банкарска асоцијација, со  решение од Македонско кредитно биро, изработен е првиот унифициран национален ESG Прашалник наменет за сите компании во државата, кој ќе се применува од утре, 01.04.2026 година.

Овој Прашалник претставува значаен чекор кон усогласување со современите стандарди за одржливост и унапредување на транспарентноста во деловното работење. Неговата цел е да обезбеди поедноставен, структуриран и ефикасен процес за прибирање и споделување на ESG информации со банките, со што се овозможува подобра проценка на ризиците, поддршка на одржлив раст и олеснет пристап до финансии.

Клучни карактеристики на Прашалникот се:

  • единствен и стандардизиран модел применлив за сите банки
  • еднократно, годишно пополнување од страна на компаниите
  • користење на онлајн платформа за доставување и обработка на податоци
  • поттикнување на доверба, транспарентност и одржливи деловни практики

Со воведувањето на овој национален инструмент, деловната заедница прави значаен исчекор кон подобро управување со ESG аспектите и нивно интегрирање во секојдневното работење.

Прашалникот е целосно подготвен за примена и ќе се користи усогласено од страна на сите банки, што претставува важен придонес кон унапредување на одржливото финансирање и зголемување на квалитетот и усогласеноста во финансискиот систем во земјата.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange