Connect with us
no baners

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2% и во второто тримесечје од 2027 година

Објавено

на

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на  стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2% од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 година. Стапките на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од други земји ќе се применуваат во согласност со висината на стапката којашто е утврдена од надлежниот орган на другата земја.

Врз основа на движењата во банкарскиот систем и во окружувањето, вклучително и домашното, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 2% соодветствува на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот систем. Банкарскиот систем ја задржа стабилноста и сигурноста во работењето и е добро капитализиран и ликвиден, со ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во декември 2025 година стапија во сила макропрудентните мерки со построги критериуми за квалитетот на кредитната побарувачка, чии ефекти се очекуваат во следниот период. Се очекува дека овие пакет-мерки, заедно со досегашните измени кај задолжителната резерва, ќе придонесат за намалување на системските ризици и ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика.

Притоа, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика заради натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата, во услови на силна кредитна активност, динамичен пазар на недвижностите и ризици од надворешното окружување, како и од домашните фактори што влијаат врз побарувачката.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

Банки

Централна Кооперативна Банка со промотивни услови за станбени кредити

Објавено

на

Централна Кооперативна Банка ги промовира условите за станбен кредит, со фиксна каматна стапка од 2,90 проценти за првите пет години и променлива стапка од 3,80 проценти по истекот на тој период.

Од банката посочуваат дека понудата вклучува и ослободување од трошоци за нотар, документација и проценка во првата година.

Во објавата се наведува дека заинтересираните граѓани можат да изразат интерес преку e-апликација или да посетат најблиска експозитура за консултација околу условите за кредитирање.

Повеќе информации се достапни на Централна Кооперативна Банка.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка со потрошувачки кредит до 2 милиони денари со фиксна камата

Објавено

на

УНИБанка понуди потрошувачки кредит до 2.000.000 денари со фиксна каматна стапка и поволни услови за клиентите.

Од банката посочуваат дека средствата може да се искористат за реновирање на домот, патувања, рефинансирање на постојни обврски или други лични потреби.

„Сè е полесно кога имаш сигурен партнер до себе“, велат од УНИБанка.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на УНИБанка.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот на Народна банка се сретна со австралискиот амбасадор, разговарале за економската соработка и инвестициите

Објавено

на

Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија остварил средба со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел, на која се разговарало за тековната билатерална соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување.

Во фокусот на разговорите биле макроекономските движења и предизвиците со кои се соочуваат двете економии, особено по последните случувања на Блискиот Исток.

На средбата било разговарано и за можностите за зајакнување на економските врски преку поголемо присуство на австралиски компании и инвестиции во земјава. Посебен акцент бил ставен и на потенцијалната соработка меѓу централните банки на двете држави.

Соговорниците го истакнале и значењето на македонската дијаспора во Австралија, која придонесува за економското поврзување преку дознаки, бизнис иницијативи и инвестиции.

Средбата била оценета како конструктивна и насочена кон продлабочување на економскиот дијалог меѓу двете земји.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange