Connect with us
no baners

Кариера

Објавен повик за студентска пракса во Царинската управа

Објавено

на

Економскиот факултет при УКИМ во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија објави повик за пријавување на студенти за извршување на практична работа. Повикот се реализира врз основа на Меморандумот за деловно-техничка соработка меѓу двете институции.

Право на аплицирање имаат студентите од втора, трета и четврта година од сите департмани на факултетот. Практичната работа ќе се одвива во текот на месеците јуни, јули и август, во времетраење од 5 до 30 работни дена.

Работното време е предвидено од понеделник до петок, со ангажман од 2 до 6 часа дневно. Деталниот распоред, времетраењето на праксата и распределбата по организациски единици ќе ги утврди Секторот за управување со човечки ресурси при Царинската управа.

За пријавување, студентите треба да достават основни лични податоци, вклучувајќи име и презиме, број на индекс, место на живеење, година на студии, контакт телефон и e-mail адреса. Апликациите се испраќаат на електронската адреса [email protected] со назнака „За студентска пракса во Царина“.

Крајниот рок за пријавување е 10 април 2026 година. Од Центарот за кариера при Економскиот факултет информираат дека селекцијата ќе се врши по редослед на пријавување, при што ќе бидат разгледани само комплетни апликации што ги исполнуваат условите.

Од факултетот ги повикуваат заинтересираните студенти навреме да аплицираат и да ја искористат можноста за стекнување практично искуство во државната администрација.

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка нуди можност за кариерен развој во филијалата во Велес

Објавено

на

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност.

Во објавата се истакнува дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и поддржувачка работна средина, со простор за личен и кариерен напредок и активно учество во развојот на банката.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци.

„Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката“, порачуваат од Комерцијална банка.

Пријавувањето е отворено преку официјалната веб-страница на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange