Банки
30 милиони евра од ЕБОР за НЛБ Банка Скопје за поддршка на зелената транзиција на бизнис секторот
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри 30 милиони евра кредит на НЛБ Банка Скопје, под програмата „WB GOLD“.
Програмата ќе помогне за малите и средни претпријатија (МСП) да ги развиваат своите бизниси, истовремено обезбедувајќи стимулирање на зелено финансирање за да ги зголемат инвестициите во еколошки одржливи решенија.
„WB GOLD“ е инструмент за иновативно зелено финансирање, кој воведува поттикнување базиранo на резултати, за да го стимулира финансискиот сектор, во зголемување на зеленото финансирање на МСП. Креиран е за да помогне да се подобрат стандардите за зелено кредитирање, истовремено поддржувајќи ги потребите за генералното финансирање на МСП.
Рамката е усогласена со двојната мисија на ЕБОР на Западен Балкан: поддршка на економскиот раст преку развој на приватниот сектор и забрзување на транзицијата кон позелени, поотпорни економии. Преку поддршка на локалните бизниси да инвестираат во одржливи технологии, од енергетски – ефикасни машини, до обновливи енергетски системи – „WB GOLD“ има за цел да создаде директни еколошки бенефити, истовремено поттикнувајќи ја конкурентноста.
Кредитот беше потпишан од Претставникот на ЕБОР за Северна Македонија, Фатих Туркменоглу, и Главниот Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски.
Господин Туркменоглу изјави: „Ни претставува задоволство што сме партнери со НЛБ Банка Скопје, и што го воведуваме ова иновативно зелено финансирање за македонските МСП. Овој проект покажува како WB GOLD рамката ефикасно ја претвора финансиската поддршка во опипливи еколошки придобивки и одржлив економски раст.“
Господин Стојановски изјави: „Зеленото финансирање не е само можност, туку и одговорност. Секој бизнис има потенцијал да биде катализатор на позитивни промени. Со поддршка на бизнисите во нивната потрага по одржливи иновации, заедно со нашиот партнер ЕБОР, ја поттикнуваме транзицијата кон почисти технологии, енергетска ефикасност и одговорно управување со ресурсите.“
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија, и до сега има инвестирано над 3 милијарди евра во над 200 проекти во земјата.
Банки
Британските банки првпат префрлија токенизирани депозити меѓу различни банки
Водечките британски банки ги реализираа првите трансакции со клиенти во кои токенизирани депозити биле префрлени меѓу различни финансиски институции преку заедничка дигитална инфраструктура. Станува збор за значаен чекор во примената на блокчејн и програмски платежни технологии во секојдневното банкарство.
Трансакциите се спроведени во рамки на иницијативата „Great British Tokenised Deposit“, координирана од UK Finance, во која учествуваат Barclays, HSBC UK, Lloyds Banking Group, Monzo, Nationwide, NatWest и Santander. Платформата е развиена од технолошката компанија Quant.
Во првата фаза биле реализирани две трансакции поврзани со рефинансирање станбени кредити. Средствата биле привремено „заклучени“ на сметките на клиентите и автоматски ослободени по исполнување на условите за завршување на трансакцијата, со што се намалуваат рачните проверки и можните доцнења при порамнувањето.
Технологијата овозможува средствата да останат на сметката на клиентот сè до моментот на реализација на трансакцијата, што значи дека клиентот може да продолжи да добива камата додека парите чекаат пренос.
Во рамки на проектот бил тестиран и модел за плаќање при купопродажба преку онлајн платформи. Парите на купувачот се задржуваат на неговата сметка и се префрлаат на продавачот дури откако ќе биде потврдено дека производот е предаден, што може да го намали ризикот од измама.
Токенизираните депозити не се криптовалута, туку дигитална форма на класичните банкарски депозити. Тие ги задржуваат правната и регулаторната заштита на традиционалните депозити, но овозможуваат плаќањата да бидат програмирани и автоматски да се извршат кога ќе се исполнат однапред утврдени услови.
Според UK Finance, пошироката примена на ваквиот модел би можела да донесе побрзи и поефикасни плаќања, поголема контрола на клиентите врз средствата и намален ризик од измами. Сепак, станува збор за пилот-проект, а услугата засега не е достапна за сите корисници.
Во следната фаза се планира тестирање на порамнување дигитални средства, при што банките ќе испробаат и издавање дигитални должнички инструменти што ќе се тргуваат и порамнуваат со користење токенизирани депозити.
Банки
Стопанска банка нуди кредит за млади на возраст од 18 до 35 години
Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата кредитна понуда наменета за млади лица на возраст од 18 до 35 години.
Станува збор за „Кредит за млади со обезбедување“, производ наменет за корисници кои сакаат финансиска поддршка за нови планови, вложувања или други лични потреби.
Од Банката посочуваат дека кредитот е осмислен како можност за младите полесно да направат следен чекор кон реализација на своите цели, стекнување нови искуства и создавање нови можности.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.
Банки
Миловиќ на MicroBalkans 2026: Квалитетната ИТ-архитектура е основа за успешно дигитално банкарство
Никола Миловиќ, советник на Управниот одбор на АЛТА банка АД Битола, учествуваше на регионалната конференција „MicroBalkans 2026 – Lending Reimagined“, која се одржува во Скопје и обединува претставници на финансискиот сектор од земјите од Западен Балкан и пошироко.
Миловиќ беше дел од панел-дискусијата „Digital Lending in Practice: What Actually Works in Our Markets“, посветена на практичната примена на дигитализацијата во финансискиот сектор и на решенијата што даваат конкретни резултати на регионалните пазари.
Во своето излагање тој посочи дека успешната дигитализација започнува со квалитетна ИТ-архитектура, која претставува основа за развој на современи банкарски производи и услуги.
Според Миловиќ, дигитално достапните производи и автоматизираните процеси овозможуваат побрза обработка на барањата и поефикасно обезбедување услуги, истовремено создавајќи можност понудата подобро да се приспособи на индивидуалните потреби на клиентите.
Посебен акцент беше ставен и на таканаречениот „среден пат“ меѓу традиционалното и целосно дигиталното банкарство. Станува збор за пристап кој ги комбинира современите технологии со непосредната поддршка од банкарските вработени, со цел клиентите полесно да ги прифатат и користат дигиталните услуги.
Ваквиот модел, како што беше истакнато на панелот, може да има значајна улога во градењето доверба во новите технологии, особено кај корисниците на кои им е потребна дополнителна поддршка при преминот кон дигитално банкарство.

Миловиќ неодамна се приклучи на тимот на АЛТА банка, носејќи повеќе од две децении искуство во банкарството, дигиталната трансформација и стратешкиот развој. Од Банката очекуваат неговото искуство да придонесе кон понатамошниот развој и позиционирање на АЛТА банка на македонскиот пазар.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





