Банки
Силк Роуд Банка вработува Full Stack Developer за работа на банкарски системи
Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на Full Stack Developer со искуство во банкарски или финансиски системи, кој ќе работи на развој и унапредување на апликативни решенија и интеграции со core banking системи.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати кои сакаат да работат на реални продукциски системи, вклучувајќи интеграции, автоматизации, backend логика, API комуникации и оптимизација на бази на податоци.
Работната позиција опфаќа развој и одржување на веб и backend апликации, развој на интеграции со интерни и надворешни системи, како и оптимизација на SQL перформанси. Во описот на работните задачи се вклучени и анализа и решавање на продукциски инциденти.
Во текот на работата, избраниот кандидат ќе користи повеќе технологии, меѓу кои PHP за backend развој, SQL за комплексни барања и оптимизација, REST и SOAP веб-сервиси, како и HTML, CSS и JavaScript. Работата ќе вклучува и API интеграции и развој на апликации базирани на бази на податоци.
Повеќе информации за огласот и условите за аплицирање се достапни на веб-страницата на банката: https://www.srb.mk/Vrabotuvanje?id=43.
Банки
Нова понуда од УНИБанка: лојалност без обврска за префрлање на плата
УНИБанка воведе флексибилна програма за лојалност „УНИПлус“, која им овозможува на клиентите пристап до различни банкарски поволности без да имаат обврска платата да ја примаат преку оваа банка.
За да се приклучат на програмата, клиентите треба да отворат платежна сметка во УНИБанка и да обезбедат месечни приливи од најмалку 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери. Во овие приливи може да влезат приходи од кирии, хонорари, договори за дело, девизни трансакции или уплати од трети лица.
Програмата нуди низа бенефити, меѓу кои пониски каматни стапки за кредити, повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за управување со личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.
Од банката посочуваат дека овој модел претставува отстапување од вообичаената пракса во секторот, каде што лојалноста најчесто е условена со префрлање на плата. Според нив, целта е да се понуди поголема флексибилност и подобро корисничко искуство, особено за клиенти кои веќе имаат финансиски обврски во други банки.
Во пресметката на месечните приливи не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување на депозити и интерни трансфери меѓу сметки на ист клиент.
Финансиските експерти оценуваат дека со оваа програма УНИБанка дополнително ја зајакнува својата позиција како модерна и клиентски ориентирана институција, во услови на засилена конкуренција на банкарскиот пазар. Истовремено, банката продолжува да инвестира во безбедноста на своите услуги и дигиталните решенија.
Банки
Алта банка Белград го зголеми уделот во битолската Алта банка на над 95 проценти
Алта банка АД Белград дополнително го зајакна своето мнозинство во Алта банка АД Битола, откако купи уште шест обични акции, со што вкупниот удел достигна 95,16 проценти.
Според објавата на Македонската берза, српската банка сега поседува 372.043 обични акции, односно 95,1573 проценти од вкупниот број акции на битолската банка.
Ова е втора трансакција во текот на месецот. Претходно, пред околу десет дена, беа купени уште девет акции, додека во март беа стекнати дополнителни 84 акции. По преземањето во октомври минатата година, Алта банка Белград стартуваше со удел од 93,26 проценти.
Цената на акцијата на Алта банка Битола во подолг период се движи околу 3.777 денари. Последната трговија е регистрирана на 21 април, кога се реализирани шест акции со вкупна вредност од 22.662 денари.
Во изминатите 12 месеци на берзата се евидентирани вкупно 36 трансакции со овие акции.
Банки
Комерцијална банка повторно дел од Скопскиот маратон како златен спонзор на трката од 5 километри
Комерцијална банка и оваа година ќе биде дел од Скопскиот маратон, еден од најзначајните спортски настани во главниот град, информираат од банката.

Како златен спонзор на трката на 5 километри, од Комерцијална банка велат дека ја поддржуваат иницијативата за поттикнување на физичка активност, здрав начин на живот и заедништво.
„Скопскиот маратон е ден кога градот дише во ист ритам, исполнет со спортски дух, насмевки и позитивна енергија. Илјадници луѓе, со различни приказни, имаат една заедничка цел – да ги поместат сопствените граници“, посочуваат од банката.

Оттаму додаваат дека се горди што се дел од секоја лична победа на учесниците и ги повикуваат граѓаните да се приклучат на настанот.
„Подгответе се и придружете ни се, затоа што полесно е заедно до целта“, порачуваат од Комерцијална банка, потсетувајќи и на учеството и атмосферата од минатогодишното издание на маратонот.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно



