Connect with us
no baners

Банки

Гувернерот Славески во работна посета на „Костал“ Македонија: Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари работна средба со директорот на „Костал“ Македонија Виктор Мизо на која беа разгледани актуелните економски текови и предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот.

Се разговараше пред сѐ за показателите значајни за деловната заедница, особено во однос на унапредувањето на платежните услуги, одржувањето стабилен девизен курс и обезбедувањето умерена инфлација, како главни предуслови за предвидлива деловна клима и одржлив раст на компаниите.

Гувернерот Славески ја истакна важноста од постојаната и отворена соработка на Народната банка со домашните и странските компании коишто работат во земјава, имајќи ги предвид перспективите во економијата, придонесот кон поголем извоз и подобрениот трговски биланс на државата.

Директорот Мизо го информира гувернерот за состојбите во автомобилската индустрија на светско и на европско ниво. Тој се осврна на предизвиците поврзани со синџирите на снабдување, царинските стапки, геополитичките тензии, цената и достапноста на работната сила, како и последните случувања што директно влијаеја врз производството и испораките, вклучително и штрајкот на регионалните транспортни компании.

Во рамките на посетата, гувернерот Славески имаше можност непосредно да се запознае со напредните технолошки процеси и најсовремената опрема во сегментот на енергетска електроника за автомобилската индустрија. Производството е наменето за најновите модели на електрични и приклучни хибридни возила на „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за „Мерцедес“, што дополнително ја потврдува ориентацијата на компанијата кон напредна технологија и извоз.

Банки

АЛТА банка ја промовира програмата за детско штедење „Растеме заедно“

Објавено

на

АЛТА банка ја промовираше својата програма за детско штедење „Растеме заедно“, наменета за родителите кои сакаат навреме да обезбедат финансиска сигурност за иднината на своите деца. Преку оваа програма, банката ги поттикнува семејствата уште од најрана возраст да започнат со штедење и постепено да создаваат средства што ќе им помогнат на најмладите полесно да ги остварат своите соништа.

Од банката посочуваат дека дури и најголемите желби на децата можат да станат реалност со навремена поддршка од родителите. Токму затоа, детското штедење „Растеме заедно“ е осмислено како начин родителите чекор по чекор да инвестираат во иднината на своите деца и да им обезбедат посигурна финансиска основа.

Со отворање на ваква штедна сметка, родителите имаат можност постепено да издвојуваат средства и да создадат фонд што во иднина може да им помогне на децата при образованието, развојот или остварувањето на нивните планови.

Повеќе информации за условите и можностите што ги нуди детското штедење „Растеме заедно“ може да се најдат на следниот линк: https://bit.ly/rasteme_zaedno.

Продолжи со читање

Банки

Силк Роуд Банка со специјална понуда за 8-ми Март: двоен бонус за секој купен подарок

Објавено

на

Силк Роуд Банка најави специјална промотивна понуда по повод Меѓународниот ден на жената – 8-ми Март, со која корисниците на програмата „Твој Бонус“ ќе можат да добијат двоен бонус при купување подароци.

Како што информира банката, акцијата е посветена на жените кои секојдневно се инспирација, а клиентите во рамки на промоцијата ќе добиваат двојно повеќе бонус средства на својата сметка при купување кај партнерите од програмата.

Понудата вклучува неколку поволности: двоен бонус за секоја трансакција, без минимален износ за пазарување, како и без ограничување на максималниот износ на бонус што може да се добие.

Промотивната акција ќе трае од 5 до 8 март 2026 година, а корисниците можат да ги разгледаат сите партнери вклучени во програмата „Твој Бонус“ преку официјалните канали на Силк Роуд Банка.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка: Податоците за депозитите кај банките и штедилниците јавно достапни на НБСтат

Објавено

на

Податоците за депозитите кај банките и штедилниците во Северна Македонија се јавно достапни преку статистичкиот веб-портал НБСтат на Народната банка.

Граѓаните и компаниите можат да ја следат состојбата на депозитите преку делот „Монетарна статистика“, во секцијата „Монетарни и кредитни агрегати“, каде се објавени податоците за „Депозити на недржавен сектор дадени од банки и штедилници“.

Со избор на категориите „Вкупни депозити“ и „Месец“, корисниците можат да ја следат динамиката на вкупните депозити, кои се прикажани во милиони денари.

Податоците се прикажуваат во денари, како и во странска валута, при што се вклучени и денарските депозити со валутна клаузула.

Според објаснувањето на Народната банка, вкупните депозити на недржавниот сектор ги опфаќаат депозитите на корпоративниот сектор, домаќинствата, односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд, како и депозитите на останатите финансиски институции, непрофитните организации што им служат на домаќинствата и единиците на локалната самоуправа.

Во овие податоци се вклучени депозитните пари, краткорочните депозити и долгорочните депозити.

Статистичките податоци може да се прегледуваат преку порталот НБСтат на адресата nbstat.nbrm.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange