Connect with us
no baners

Бизнис

НИШТО ОД ЗНАЧИТЕЛНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ – Минималната плата се зголемува за минимални 1.667 денари согласно законското усогласување

Објавено

на

no baners

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето износ.

Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата согласно законски утврдените критериуми во Законот за минимална плата.

„Ова е системско и законско решение кое предвидува зголемување на минималната плата согласно економските движења, штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава“, изјави министерот Дурмиши на прес-конференција.

no baners

Бизнис

Странските директни инвестиции во Македонија паднаа на 468 милиони евра во 2025 година

Објавено

на

Странските директни инвестиции (СДИ) во Северна Македонија изнесувале 467,5 милиони евра во 2025 година, што претставува значителен пад во споредба со 1,2 милијарди евра во 2024 година, покажуваат податоците на централната банка објавени во петокот.

Во текот на 2025 година, нето-приливите биле поттикнати главно од реинвестирана добивка во износ од 295,5 милиони евра и вложувања во капитал од 288,1 милиони евра. Истовремено, тие биле делумно намалени поради нето-одлив од меѓукомпаниски заеми во висина од 116,1 милиони евра.

Само во четвртиот квартал од 2025 година, вкупните директни инвестиции во земјата забележале нето-прилив од 269,9 милиони евра, што е помалку во однос на 351,4 милиони евра регистрирани во истиот период од 2024 година.

Според наведените податоци, курсот на конверзија изнесува 1 американски долар = 0,847 евра.

Продолжи со читање

Бизнис

Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?

Објавено

на

„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.

Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.

Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.

„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.

Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.

Продолжи со читање

Бизнис

Готовината сè уште е незаменлива во оваа земја и покрај тоа што важи за една од најразвиените во Европа

Објавено

на

Три четвртини од Германците и натаму најчесто плаќаат во готово, покажува најновото истражување на институтот „YouGov“, спроведено за консултантската куќа „BearingPoint“.

Според анкетата, 73 проценти од 2.026 испитаници во Германија изјавиле дека готовината е нивниот доминантен начин на плаќање, што претставува пораст во однос на претходната година, кога тој удел изнесуваше 69 проценти. Слична е состојбата и во Австрија, каде што 71 процент од граѓаните најчесто користат кеш.

Во останатите европски земји опфатени со истражувањето, употребата на готовина значително опаѓа. Во Швајцарија, 61 процент од испитаниците сè уште преферираат кеш, во Ирска 58 проценти, во Франција 51 процент, а во Холандија 46 проценти.

Најниско користење на готовина е регистрирано во скандинавските земји. Во Шведска само 25 проценти од граѓаните најчесто плаќаат со кеш, во Данска 32 проценти, а во Финска 42 проценти. Притоа, 27 проценти од Швеѓаните и 18 проценти од Данците изјавиле дека воопшто не користат готовина.

За споредба, само два проценти од Германците и еден процент од Австријците воопшто не користат кеш, што ги прави овие две земји европски лидери во одржувањето на готовинските плаќања.

Сепак, трендот на дигитализација продолжува, така што дури 37 проценти од испитаниците во деветте земји сметаат дека целосното откажување од готовината во следните десет години е сигурно или многу веројатно.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange