Кариера
Капитал Банка вработува експерт за ликвидност
Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за следната работна позиција:
ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДНОСТ
Сектор за ликвидност / Treasury
Квалификации и посебни услови:
- ACI лиценца (ACI dealing задолжително).
- Напреден Excel;
- Аналитичност и работа под рокови.
Детални работни задачи:
- Управување и одржување на ликвидноста на Банката и обезбедување на исполнување на сите регулативни обврски пропишани од страна на релевантните институции.
- Тргување со финансиски инструменти на домашниот и меѓународниот пазар за потребите на управување со активата и пасивата на Банката.
- Управување со и одржување на отворената девизна позиција на Банката.
- Воспоставување и одржување на соработка со странски и домашни банки.
- Воспоставување и одржување на соработка со пензиски, инвестициски фондови, финансиски друштва и останати инвеститори.
- Доставување на понуди на услуги на корпоративни клиенти од областа на депозитното работење, девизниот пазар, платниот промет во земјата и со странство базирани на опсежна бизнис анализа.
- Дизајнирање, формирање на цени и карактеристики на депозитите на правни лица.
- Продажба на корпоративни депозити, како и одржување на соработка и привлекување на корпоративни клиенти.
- Одредување на цени на инструменти за тргување, девизи и каматни стапки.
- Дневно следење и ажурирање на ликвидносната позиција (денарска и девизна) по сметки и извори на средства.
- Планирање и проекција на парични текови (daily/weekly/monthly), вклучително и очекувани приливи/одливи по продукти и клиенти.
- Подготовка и анализа на maturity ladder/ликвидносен јаз по рочности, концентрации и клучни извори на финансирање.
- Спроведување на стрес-тестови и сценарија за ликвидност (пазарни и идосинкратични), анализа на резултати и предлог корективни мерки.
- Следење и контрола на регулаторни показатели и интерни лимити за ликвидност; ескалација при отстапувања.
- Подготовка на материјали, анализи и предлози за ALCO (комитет за активи и пасиви) и следење на реализацијата на одлуки.
- Управување/координација на краткорочни меѓубанкарски пласмани/позајмици (каде што е во мандат), согласно овластувања и лимити.
- Подготовка и доставување редовни и ад-хок извештаи за Управување/Ризици/Финансии и за регулаторни потреби, согласно утврдени рокови.
- Учествување во изработка и ажурирање на Политика за ликвидност, процедури и работни инструкции.
- Спроведување контроли: валидација на податоци, двојна контрола (four-eyes), усогласувања (reconciliation) и архивирање на доказна документација.
- Поддршка при , надворешна ревизија и внатрешна ревизија со обезбедување извештаи, анализи и докази.

Овластувања и одговорности
- Предлага ликвидносни мерки и активности во рамки на процедури и мандат; иницира ескалации при ризик од неусогласеност.
- Одговорен/на за точност, комплетност и навременост на ликвидносните извештаи и анализи.
- Обврзан/а на доверливост на податоци и усогласеност со интерни политики и регулаторни барања.
- Интерно: Ризици, Финансии, Сметководство, Операции/Платен промет, Корпоративно/Мало-банкарство, ИТ, Комплајанс.
- Екстерно: банки-контрапарти, НБРСМ (според потреби), надворешни ревизори.
- Дневна ликвидносна позиција; проекции на парични текови; maturity ladder/ликвидносен јаз; извештаи за лимити; стрес-тестови; ALCO материјали.
- ACI лиценца (ACI dealing задолжително).
- Напреден Excel; аналитичност и работа под рокови.
Клучни документи/извештаи:
- Дневна ликвидносна позиција;
- Проекции на парични текови;
- Maturity ladder/ликвидносен јаз;
- Извештаи за лимити;
- Стрес-тестови;
- ALCO материјали.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
