Connect with us
no baners

Банки

Шпаркасе Банка воведува нова, посигурна потврда за интернет плаќања

Објавено

на

Со цел унапредување на безбедноста на онлајн трансакциите со картички и усогласување со најновите регулаторни барања, Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов начин на потврда на интернет плаќањата.

Од 1 март 2026 година, сите интернет плаќања со картички во Шпаркасе Банка ќе се потврдуваат исклучиво преку мобилната апликација S-Bankaодносно преку потврда на push нотификација испратена до мобилниот уред на клиентот. Овој начин на автентикација овозможува повисоко ниво на безбедност и сигурно извршување на трансакциите.

Сите клиенти, физички и правни лица, кои сè уште ја немаат преземено мобилната апликација S-Banka, можат да ја инсталираат од Google Play и App Store со цел непречено и безбедно користење на услугата за интернет плаќања, а процесот на активирање е поедноставен преку OneID.

За подетални инструкции, Шпаркасе Банка нуди видео туторијал, како и поддршка преку најблиските експозитури или Сервисниот центар на 02/15 050.

Со оваа промена, Шпаркасе Банка ја потврдува својата посветеност кон модерни дигитални решенија кои гарантираат врвна заштита и доверливо банкарско искуство.

no baners

Банки

ТТК Банка исплаќа годишна камата на имателите на корпоративни обврзници од втората емисија

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје најави редовна исплата на главницата и годишната камата на имателите на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.

Исплатата ќе се реализира на 16 февруари 2026 година, при што каматата се пресметува по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.

Право на исплата ќе имаат сите иматели на обврзницата кои се регистрирани во книгата на иматели во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13 февруари 2026 година.

Со навремената исплата на обврските, ТТК Банка ја потврдува својата финансиска стабилност и посветеност кон инвеститорите, обезбедувајќи сигурен и предвидлив принос за имателите на нејзините хартии од вредност.

Продолжи со читање

Банки

Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани современ медицински апарат за ментална рехабилитација

Објавено

на

Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, вчера реализираше значајна донација на современ медицински апарат за длабока транскранијална магнетна стимулација (Deep TMS) на ЈЗУ Општа болница Кочани. Овој апарат ќе биде ставен во функција на рехабилитација и унапредување на менталното здравје и благосостојбата на сите лица кои беа директно и индиректно афектирани од трагичниот пожар во Кочани.

Длабоката транскранијална магнетна стимулација претставува клинички докажан, неинвазивен третман, кој преку современи методи на невростимулација придонесува за подобрување на менталното здравје, психолошката стабилност и општата благосостојба на пациентите. Апаратот ќе биде наменет не само за повредените во несреќата, туку и за сите лица кои секојдневно се соочуваат со последиците од траумата – членови на семејствата, блиски лица и пошироката заедница. Со него ќе управува стручен и обучен медицински кадар согласно медицинските индикации и стручните протоколи на здравствената установа.

Оваа донација е дел од пошироката мисија на Фондацијата „Заедно за едно“ – да обезбеди одржлива, навремена и суштинска поддршка за поединците и заедниците погодени од оваа трагедија. Фондацијата верува дека заздравувањето не завршува со физичката рехабилитација, туку подразбира и долгорочна грижа за менталното здравје, достоинството и квалитетот на живот.

Со јасна визија за континуирана поддршка, Фондацијата „Заедно за едно“ ќе продолжи и во наредниот период со нови активности и иницијативи, чија единствена цел е целосно заздравување на повредените и поддршка на сите оние кои и понатаму живеат со последиците од овој немил настан.

Продолжи со читање

Банки

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НЛБ БАНКА НА ДЕЛО – Банката донираше современа опрема за новороденчиња

Објавено

на

НЛБ Банка обезбеди медицински апарат за затоплување на новороденчиња во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, со цел да се обезбеди топла и контролирана микро средина за најмалите пациенти, особено за предвремено родените бебиња и оние со здравствени потешкотии, помагајќи им да ја регулираат телесната температура во најчувствителните први денови од животот.

Донацијата е дел од новогодишната кампања на НЛБ Банка, која има за цел подобрување на условите во родилните сали и Клиниката за гинекологија, обезбедувајќи современа опрема и грижа за новороденчињата и нивните семејства.

Со ова, НЛБ ја потврдува својата општествена одговорност, вложувајќи во здрава и сигурна иднина за новите генерации. Грижата за децата е темел на просперитетно општество, а мисијата на Банката е да прави позитивна разлика таму каде што е најпотребно.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange