Connect with us
no baners

Бизнис

Невработеноста во Македонија продолжува да опаѓа, најниска во последниве години

Објавено

на

Минатата година е забележан континуиран пад на бројот на невработени лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРСМ). Во ноември 2025 година, како невработени биле евидентирани 90.278 лица, додека категоријата „други лица кои бараат работа“ броела 42.614 граѓани.

Трендот на намалување е стабилен, во октомври невработеноста изнесувала 94.729 лица, а во август 95.032 лица. Најмногу невработени се регистрирани во Скопје (20.160), следат Тетово (11.807), Куманово (8.930), Гостивар (6.508) и Прилеп (5.379).

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека новиот Закон за работно ангажирање, кој стапи на сила од 1 јануари 2026 година, ќе ја поддржи тенденцијата на раст на вработеноста и регулација на повремените и сезонските ангажмани.

Според Државниот завод за статистика, во 2024 година во земјава имало околу 694.000 вработени, од кои околу 85.000 биле неформално ангажирани, што укажува на потребата од системски решенија за целосна формализација и регулација на пазарот на труд.

Бизнис

Дизелот од полноќ поевтинува за 4 денари

Објавено

на

Од ноќеска дизелот поевтинува за четири денари, соопшти Регулаторна комисија за енергетика по објавувањето на новата одлука за цените на горивата.

Според новиот ценовник, цената на Еуродизелот се намалува за 4 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 поскапува за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 останува иста.

Пониска ќе биде и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, кое поевтинува за 4,5 денари по литар, додека мазутот поскапува за 0,248 денари по килограм.

Од РКЕ наведуваат дека со последната одлука просечното намалување на цените на нафтените деривати изнесува 1,78 проценти.

Продолжи со читање

Бизнис

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено

на

Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да ја донесе новата одлука за малопродажните цени на бензините и дизелот, која ќе стапи во сила од полноќ.

Граѓаните очекуваат дали ќе има ново поскапување на горивата или конечно стабилизирање на цените, по неколкуте последователни корекции во изминатиот период. Минатата недела бензините и дизелот повторно поскапеа, што дополнително влијаеше врз трошоците за транспорт и секојдневните расходи.

Одлуките за новите цени традиционално се објавуваат во понеделник, а промените почнуваат да важат од 00 часот.

Движењата на светските пазари и натаму имаат силно влијание врз домашниот пазар на горива. Осцилациите на цената на суровата нафта се поврзуваат со глобалната неизвесност и случувањата на Блискиот Исток, како и со стравувањата од можни проблеми во снабдувањето.

Од Владата посочуваат дека состојбата внимателно се следи и дека остануваат во сила мерките и договорените попусти со ОКТА, кои треба да важат до средината на месецот.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека Македонија и понатаму има меѓу најниските цени на горивата во регионот, поради што дел од граѓаните од соседните земји доаѓаат во државава да точат гориво.

Продолжи со читање

Бизнис

„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa

Објавено

на

АД МЕПСО поднесе жалба на одлуката на предарбитражното тело за спорови, кое пресуди во корист на сараевската компанија „Енергоинвест“ во спорот поврзан со изградбата на интерконекторот кон Албанија.

Од компанијата велат дека очекуваат постапката да заврши во нивна корист, оценувајќи дека располагаат со силна правна основа. За случајот, како што информираат, биле консултирани и две адвокатски компании од САД.

Според МЕПСО, одлуката за раскинување на договорот во декември 2024 година била донесена по детална анализа на проектот и договорните обврски. Од компанијата посочуваат дека реализацијата на проектот на терен изнесувала околу четири проценти, при што биле поставени 24 од вкупно 269 предвидени темели.

Воедно, наведуваат дека во текот на 2023 година биле понудени два анекса на договорот, во вредност од 2,8 и 4,5 милиони евра, но тие не биле прифатени.

Од МЕПСО тврдат дека поради неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот досега се евидентирани загуби од 19,8 милиони евра.

Согласно одлуката на предарбитражното тело, МЕПСО треба да исплати шест милиони евра отштета поради едностраното раскинување на договорот со „Енергоинвест“.

Од компанијата велат дека ќе продолжат со правните постапки и дека очекуваат конечна разрешница во нивна корист.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange