Connect with us

Банки

Вицегувернерката Ана Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата

Објавено

на

Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има за цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика останува внимателна, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска во рамките на панел-дискусија на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на „Фајненшал тајмс“.

„Инфлацијата забележа значително намалување и се сведе на едноцифрено ниво, како резултат на слабеењето на надворешните ценовни притисоци и спроведувањето на претпазлива монетарна политика, поддржана и со макропрудентните мерки. Сепак, инфлацијата и понатаму се движи околу 4%, што е над нејзиниот историски просек и над стапката на инфлација во еврозоната, но е споредлива со просечната инфлација во земјите од Централна и Источна Европа“, истакна вицегувернерката Митреска. Таа нагласи дека ваквите движења укажуваат на постоење заеднички регионални фактори што ја одредуваат инфлациската динамика, меѓу кои се растот на платите и кредитниот циклус, при што процесот на дезинфлација кај нас и во земјите од регионот е подолготраен во споредба со  еврозоната.

„Иако беше започнат процес на нормализација на основната каматна стапка, тој запре во февруари минатата година, по што дополнително беше зајакнат претпазливиот монетарен пристап преку инструментот задолжителна резерва и преку примена на макропрудентни мерки, со цел поефикасно утврдување на инфлациските очекувања“, посочи Митреска, нагласувајќи дека Народната банка и понатаму ќе пристапува внимателно при носењето на монетарните одлуки, со цел обезбедување одржлива макроекономска и финансиска стабилност. Се очекува ваквата поставеност да обезбеди понатамошно намалување на домашната инфлација.

Форумот на Централна и Источна Европа претставува еден од најзначајните и најреномираните годишни настани во областа на финансиите, на кој традиционално учествуваат високи претставници на централните банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и меѓународни инвеститори.

Банки

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026: „Најдобра банка за физички лица“

Објавено

на

НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство.

Како лидер во кредитирањето на населението со пазарно учество од 23,5%, НЛБ Банка во 2025 година оствари раст од 14% кај кредитите и 13% кај депозитите на населението. Банката истовремено забележа највисок раст кај станбените и потрошувачките кредити, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како финансиски партнер од доверба за граѓаните.

Паралелно со растот на своето работење, НЛБ Банка продолжи интензивно да инвестира во дигитализација и развој на современи банкарски решенија. Континуираниот раст на користењето на дигиталните канали, постојаното унапредување на мобилното и електронското банкарство, како и фокусот на едноставно, безбедно и современо клиентско искуство, претставуваат значаен придонес кон препознавањето на Банката како лидер во банкарството за физички лица.

Успешната стратегија и континуираните резултати на НЛБ Банка се препознаени од меѓународната експертска јавност. Во 2025 година, Банката по дванаесетти пат беше прогласена за „Банка на годината“ од магазинот The Banker, а на ова признание се надоврзува и наградата „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, која дополнително ја потврдува нејзината водечка позиција на македонскиот банкарски пазар.

НЛБ Банка останува посветена на својата Стратегија 2030, со јасна амбиција да биде најиновативната, најклиентски ориентирана и најодржлива финансиска институција во земјата. Во таа насока, дигиталната трансформација продолжува да биде еден од клучните двигатели на растот и унапредувањето на услугите, овозможувајќи им на клиентите побрзо, поедноставно и посигурно банкарско искуство. Паралелно, Банката продолжува да инвестира во решенија што создаваат долгорочна вредност за клиентите, заедницата и економијата.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со 10 проценти кешбек за билети купени преку Kupikarta

Објавено

на

Корисниците на НЛБ haPPy картичката ќе добијат 10 проценти кешбек при купување билети за концерти и други настани преку платформата kupikarta.com.

Промотивната понуда важи за сите билети купени во периодот од 21 до 26 јули со НЛБ haPPy картичка.

Од НЛБ Банка информираат дека целта на кампањата е на корисниците да им овозможи дополнителна поволност при купувањето билети за настапите на нивните омилени изведувачи и да придонесе за создавање незаборавни летни спомени исполнети со музика и добра атмосфера.

Повеќе информации за Mastercard haPPy кредитната картичка се достапни на интернет-страницата на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

РБИ го надмина минималниот праг во понудата за преземање на Addiko Bank

Објавено

на

Raiffeisen Bank International, односно РБИ, соопшти дека заклучно со 20 јули добила изјави за прифаќање на понудата за преземање што се однесуваат на вкупно 10.703.509 акции на Addiko Bank.

Ова претставува 55,50 отсто од сите акции опфатени со понудата, со што моментално е надминат минималниот праг на прифаќање од повеќе од 55 отсто.

Во бројката се вклучени и 1.878.167 акции во сопственост на Alta Group, кои претставуваат 9,63 отсто од вкупниот број издадени акции на Addiko Bank.

Акционерите што ја прифатиле понудата пред подобрувањето на конкурентската понуда, објавено на 17 јули, имаат право да се повлечат до 23 јули во 17 часот. Сепак, до 20 јули во 9:30 часот не била примена ниту една изјава за повлекување.

Рокот за прифаќање на доброволната јавна понуда на РБИ завршува на 29 јули 2026 година во 17 часот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange