Connect with us
no baners

Бизнис

Минт Инс и Болницата „Плодност“со нова заедничка иницијатива: подарок за секое новороденче исигурен почеток за иднината

Објавено

на

no baners

Во време кога секое семејство бара сигурност и стабилност на свој начин, Минт Инс ја претставува својата најнова иницијатива посветена на најмалите и највредни членови на семејствата. Во партнерство со Болницата „Плодност“, компанијата им посветува посебно внимание на моментите кога започнува најважното животно патување: родителството.

Со секое новороденче во „Плодност“, Минт Инс ќе подари меко и квалитетно бебешко бањарче, создадено за првите топли и безгрижни семејни мигови. Но, вистинската вредност доаѓа со можноста што следува: детско штедно осигурување кое обезбедува стабилен финансиски почеток.

Како дополнителна поддршка, компанијата овозможува и бонус од 12.000 денари за секое семејство што ќе се одлучи за ова осигурување, како иницијален чекор кон иднината на детето.

„Родителството е најголемата радост, но и најголемата одговорност. Веруваме дека секое дете заслужува сигурен почеток, а секое семејство поддршка во првите чекори. Нашата иницијатива е мал, но искрен придонес кон тоа“, велат од Минт Инс.

Партнерството со „Плодност“ претставува продолжување на стремежот на компанијата да биде присутна таму каде што се создава нов живот и нови почетоци. Оваа програма ја нагласува визијата на Минт Инс: да стои зад секоја важна животна одлука, уште од првиот ден.

Повеќе информации за детското штедно осигурување и бонус-пакетот се достапни во сите претставништва на Минт Инс и на официјалната веб-страница.

no baners

Бизнис

Македонија е меѓу 10-те земји каде најлесно може да се добие државјанство

Објавено

на

Северна Македонија е меѓу земјите во светот што нудат релативно едноставни и транспарентни услови за добивање државјанство, покажува најновиот извештај на „Интернешнал ливинг“, кој ги анализира програмите за стекнување државјанство во 2026 година.

Покрај традиционалните механизми како државјанство по потекло или таканаречените „златни визи“, сè поголемо внимание привлекуваат програмите за државјанство преку инвестиција. Иако во јавноста често се нарекуваат „купување пасош“, овие модели подразбираат исполнување на јасно дефинирани инвестициски критериуми, по што следува постапка за стекнување државјанство.

Во изминатите години, ваквите програми беа под засилен надзор. Кипар ја укина својата шема во 2020 година по низа скандали, додека Малта ја затвори програмата по правна постапка со Европската Унија. Брисел сигнализира дека може да преземе мерки против земји кои нудат државјанство со безвизен пристап до Шенген зоната без доволно строги проверки.

Оттука, актуелните програми во 2026 година се карактеризираат со значително построги процедури за проверка на потеклото на капиталот и безбедносниот профил на апликантите.

За инвеститорите, второто државјанство претставува инструмент за диверзификација на ризик и проширување на опциите во услови на зголемена глобална неизвесност. Во европски контекст, покрај Северна Македонија, како релевантна дестинација се издвојува и Турција.

Трендот укажува дека побарувачката за алтернативни правни и резиденцијални опции ќе остане висока, но во рамки на построги регулаторни стандарди и зголемена меѓународна контрола.

Продолжи со читање

Бизнис

Јаневски: Организираниот настап на пазарот и континуираните инвестиции се клуч за успех

Објавено

на

Организиран настап на пазарот, јасна стратегија за иднината и континуирани инвестиции во примарното производство се клучни предуслови за одржлив раст и конкурентност на винската индустрија во регионот. Ова го истакна претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, на годинашното издание на Копаоник бизнис форум, еден од најзначајните економски настани во регионот.

Јаневски учествуваше во разговор со Радојка Николиќ, главна и одговорна уредничка на Magazinabiznis.rs, при што нагласи дека долгорочните резултати во бизнисот не се случајност, туку се резултат на внимателно планирање, дисциплина во работењето и постојано унапредување на процесите.

Според него, успехот на компаниите зависи од нивната способност да настапуваат организирано на пазарот, да инвестираат и да имаат јасни цели и мерливи резултати.

„Победуваат оние што настапуваат организирано на пазарот. Ако немате став дека мора да победите, тогаш ризикувате да изгубите. За да се постигне успех потребни се континуитет во развојот, оперативна прецизност и постојано инвестирање во иновативни технологии. Квалитетот на финалниот производ започнува уште во лозјето и продолжува во визбата, преку стандардите што компанијата ги применува од година во година“, истакна Јаневски.

На панелот се разговараше и за состојбите во индустријата на пијалаци, инвестициите во примарното производство и пазарната конкуренција. Во изминатите години, на национално ниво во земјоделството се инвестирани околу 1,2 милијарди евра.

Осврнувајќи се на искуството на „Тиквеш“ во подобрувањето на квалитетот на вината, Јаневски посочи дека напредокот во одржувањето на свежината на вината и намалувањето на киселоста е резултат на долгогодишна работа, практично учење и развивање сопствени производствени процеси.

Копаоник бизнис форум повеќе од три децении претставува еден од најрелевантните економски настани во регионот. Форумот служи како платформа за дијалог меѓу креаторите на економските политики, бизнис-заедницата и експертската јавност, со цел унапредување на економските перформанси, индустрискиот развој и регионалната интеграција.

Годинава на форумот учествуваат повеќе од 1.500 учесници, меѓу кои шефови на држави, премиери, министри, претставници на меѓународни финансиски институции, дипломати, научници и компании од регионот и пошироко. На бројните панели се дискутира за теми поврзани со економијата, индустриската политика, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, енергетиката, инфраструктурата, финансиите, ESG стандардите, циркуларната економија, образованието и климатските промени.

Учеството на Јаневски на форумот ја потврдува активната улога на „Тиквеш“ во регионалниот економски дијалог и нејзината определба за одржлив и стратешки развој. Компанијата континуирано инвестира во иновации, дигитализација и зелени технологии, како и во современи практики за производство на грозје и вино, во соработка со врвни експерти од Франција, Италија и Словенија.

Продолжи со читање

Бизнис

Штедилница Можности со поддршка за жените претприемачи во бизнисот и земјоделието

Објавено

на

Жените претприемачи имаат сè позначајна улога во развојот на економијата и создавањето нови можности на пазарот. Тие не само што отвораат бизниси, туку придонесуваат и за економска стабилност, иновации и одржлив раст во заедницата. Со визија, упорност и силна мотивација, жените претприемачи создаваат нови работни места и градат долгорочна вредност за општеството.

Во таа насока, Штедилница Можности нуди финансиска поддршка наменета за жени претприемачи кои развиваат бизнис или се активни во земјоделскиот сектор. Целта е да се олесни пристапот до финансии и да се обезбедат услови кои ќе им помогнат на жените да ги реализираат своите деловни идеи и планови за раст.

Од институцијата посочуваат дека секој успешен бизнис започнува со јасна визија и внимателно планирање. Финансиската стабилност, контролата на трошоците, планирањето на готовинскиот тек и обезбедувањето ликвидност се клучни фактори за сигурно и одржливо работење. Истовремено, инвестициите во нови производи и услуги, модерни технологии, маркетинг и развој на тимот овозможуваат подобра конкурентност на пазарот.

Жените претприемачи често истовремено ги извршуваат улогите на лидери, менаџери и носители на деловни одлуки, но и важни улоги во семејството. Поради тоа, од големо значење се финансиските решенија кои нудат флексибилност и се прилагодени на динамиката на нивниот бизнис. Флексибилните рокови и услови на отплата можат значително да помогнат во подобро управување со деловните активности и обврски.

Штедилница Можности нуди кредитни решенија со конкурентни услови и индивидуален пристап, со цел да им помогне на жените претприемачи полесно да инвестираат во развојот на своите бизниси и земјоделски активности.

Во рамки на одбележувањето на месецот на жената, институцијата нуди и поволност за аплицирање за кредит со попуст на каматата, при што заинтересираните можат да ја започнат апликацијата и онлајн.

Од Штедилница Можности велат дека нивната цел е да обезбедат стабилна финансиска поддршка и партнерство за сите жени кои сакаат да ги реализираат своите деловни идеи и да создадат одржлив и успешен бизнис.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange