Бизнис
Исплатата на К-15 се одвива забрзано: Работодавачите досега исплатиле над 3,7 милијарди денари
На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законски утврдената обврска за исплата на регрес за годишен одмор (К-15), податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека фирмите веќе исплатиле над 3,7 милијарди денари во бруто-износ, при што се уплатени и 372 милиони денари данок на личен доход.
Според анализата на УЈП, просечниот исплатен износ годинава изнесува 24.290 денари, што е значително над минимално пропишаната сума од 18.141 денари. Дел од работодавачите исплаќаат повисоки износи, што ја зголемува просечната вредност на регресот.
Досега, обврската ја исполниле 11.046 работодавачи, кои исплатиле К-15 на вкупно 137.840 работници, што претставува нешто повеќе од една четвртина од вкупниот број компании кои минатата година ја извршија исплатата , а тој број изнесувал над 40.000 работодавачи.
Регресот за годишен одмор се исплаќа во периодот од 1 јули до 31 декември, а неговата минимална сума изнесува 40% од просечната тримесечна нето-плата во државата.
Овие податоци укажуваат на стабилен динамички почеток на исплатите, со очекување интензитетот значително да се зголеми во последниот квартал, кога традиционално најголем број компании ја исполнуваат оваа законска обврска.
Бизнис
Повторно активирана изградбата на далекуводот од Северна Македонија кон Албанија
Државната компанија за пренос на електрична енергија МЕПСО соопшти дека повторно ја активирала изградбата на 400-киловолтен далекувод кон Албанија, по претходните одложувања и спроведувањето на нов тендер за избор на изведувач.
Проектот беше ставен во мирување поради одредени доцнења, по што беше покрената нова постапка за избор на компанија која ќе ги продолжи градежните работи.
Со реализацијата на далекуводот од 400 kV се очекува да се подобри прекуграничната енергетска поврзаност и да се зајакне стабилноста на електроенергетскиот систем во регионот.
Бизнис
САД доделија договор на „Колт“ за производство на оружје за Северна Македонија и БиХ
САД доделија договор на американскиот производител на оружје Colt’s Manufacturing Company за производство на карабини од типот М4/М4А1, наменети за странски партнери, меѓу кои се и Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Според информациите, договорот е доделен од Министерство за војна на Соединетите Американски Држави и има максимална вредност до 40,86 милиони долари (околу 35,4 милиони евра). Тој предвидува производство на стандардните воени карабини М4 и М4А1, кои се широко користени во рамки на вооружените сили и безбедносните структури на повеќе земји.
Договорот е дел од пошироката соработка на САД со партнерски држави во областа на одбраната и безбедноста, при што се обезбедува модернизација и опремување на нивните вооружени сили со современо оружје.
Деталите за количините и временската рамка на испораките не се објавени, а информациите се дел од ограничен извештај достапен преку платформа со претплата.
Бизнис
Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
Flex Group ја започна Flex Group Leadership Academy – долгорочна развојна иницијатива на Секторот за човечки ресурси, насочена кон системско јакнење на лидерските и менаџерските капацитети во рамки на целата Групација.
Академијата претставува сеопфатна платформа за развој на менаџери, која ќе се реализира преку повеќе програми и активности во времетраење од 8 месеци, со цел воспоставување на јасни и заеднички стандарди на водење, одговорност и менаџерско однесување.
Flex Group Leadership Academy оди чекор подалеку од класичните обуки, позиционирајќи се како референтна точка за лидерството во организацијата. Преку неа, се дефинира што значи да се биде менаџер, како се носат квалитетни одлуки, како ефективно се водат тимови и како се гради култура ориентирана кон одговорност и резултати.
Иницијативата се реализира во соработка со Prudens – организациски развој и лидерство, како и со врвни меѓународни експерти за продажба и сертифицирани професионалци за лидерски коучинг, со цел обезбедување висококвалитетен и сеопфатен развоен пристап.
Со оваа иницијатива, Flex Group воспоставува заеднички лидерски пристап и унифициран менаџерски јазик на сите организациски нивоа, испраќајќи јасна порака дека лидерството не е само позиција, туку вештина што континуирано се учи, развива и применува во секојдневното работење.
Иницијативата се реализира во соработка со експерти за организациски развој, а повеќе информации за применетите пристапи и методологии за лидерски развој се достапни на Prudens – организациски развој и лидерство. дали да додадеме и врвни екперти за продажба од странство и екперти за лидерски коучинг.
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
-
Берзапред 2 месециНеколку акции ја носат ликвидноста: кој доминираше на Македонската берза во јануари 2026-1?
-
Бизниспред 2 месециПлатите во јавната администрација наскоро повисоки – Владата го прифати барањето на УПОЗ!
-
Банкипред 2 месециТаткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
-
Анализипред 1 месецПросечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво
-
Интервјуапред 1 месецПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 1 месецКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Бизниспред 2 месециМакедонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма


