Connect with us

Банки

Именувани се нови членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје

Објавено

на

Именувани се нови членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

„Врз основа на Решение на Владата на Република Северна Македонија за изменување на членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија oд 22 јули 2025 година, а согласно решенијата на Извршниот одбор на Народна банка на Северна Македонија од 10 октомври 2025 година, за членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за период од 4 (четири години) сметано од 14 октомври 2025 година се именувани: Тања Михајловска Димитриевска, Андриана Матлиоска, Христина Келеман и – Александар Горѓиевски“, стои во соопштението. 

Со овие назначувања, Развојна банка ја засилува својата управувачка структура со стручност, искуство и посветеност кон долгорочниот финансиски развој на земјата, со цел поддршка на економскиот раст и развој на инвестициите во јавниот и приватниот сектор.

Мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор заврши со приемот на решенијата за новите членови на 14 октомври 2025 година, отворајќи ново поглавје во стратегиското управување и развој на Банката.

Банки

НЛБ Банка: Лизингот на возила сè попопуларен избор за граѓаните и бизнисите

Објавено

на

Лизингот на возила станува сè почест избор кај физичките и правните лица кои сакаат брзо и флексибилно решение за набавка на ново или користено возило. Овој финансиски модел нуди едноставен процес, прилагодени услови и разновидни опции за финансирање.

Од НЛБ посочуваат дека постапката за одобрување е брза и едноставна – клиентите избираат возило, поднесуваат барање и добиваат понуда во краток рок. Во понудата се вклучени различни типови возила, од патнички автомобили до комерцијални возила, камиони, автобуси и трактори.

Лизингот нуди можност за избор помеѓу финансиски и оперативен модел. Кај финансискиот лизинг, корисникот по истекот на договорот може да стане сопственик на возилото, додека кај оперативниот лизинг возилото се користи за одреден период, по што се враќа на давателот.

Флексибилноста на месечните рати и можноста за прилагодување според финансиските можности го прават овој модел атрактивен и за поединци и за компании. Дополнително, ваквиот начин на финансирање им овозможува на бизнисите полесно да го обноват својот возен парк без големи почетни инвестиции.

Со ваквите поволности, лизингот се позиционира како практично решение за оние кои сакаат пристап до возило со помал финансиски товар и поголема флексибилност.

Продолжи со читање

Банки

Нова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје заедно со НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана извршија докапитализација на основната главнина на друштвото НЛБ Леасе & Го Скопје.

Според информациите, НЛБ Банка АД Скопје поседува 49 проценти од вкупниот основачки капитал на друштвото.

Компанијата нуди услуги на финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, при што понудата опфаќа финансирање на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, како и земјоделска и градежна механизација, но и друга опрема и машини.

Оперативниот модел на друштвото е насочен кон развој на иновативни и едноставни решенија со цел обезбедување подобро корисничко искуство и дигитализација на процесите. Активностите на компанијата опфаќаат широк спектар на лизинг решенија, како и дополнителни услуги поврзани со користењето на возилата и опремата кои се предмет на финансиски лизинг или закуп.

Продолжи со читање

Business Woman

Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.

Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.

„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.

Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange